Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Па не прочита дека сум на факултет?
    Да го продадат ако смета?
    ја ко што знам ми рекоа ,,го купивме со тие пари што сме ги заштедиле, за тебе, да имаш кај да живееш во иднина"
    ако смета ќе се продаде, или ќе го поклонам.Мене пари не ми требаат ако немам мир, здравје и спокој, налет нека се парите
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и Directioner005 им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.367
    Допаѓања:
    286.522
    Сите водат битки, само некои се поразлични од на мнозинството.
    И да, треба да се покаже разбирање за луѓе кои не ги делат истите животни околности како нашите. Убаво ако има некој каде да се врати или кај кого, ете, некој нема.

    НЕ знам што е чудно што некои треба 30г кредити да отплаќаат. еве намаливте на 20, плус и дека баш на пола, после 10г. едниот глупост направил, за да е пола отплатен. Хартијата и интернетот многу идеални ситуации трпи, ама реалноста не е така.
     
    На senjorita-v, Oneo, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Абе мене ли треба да ме прашаш дали да го продадат. Боже боже
     
    На Мамичка и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.809
    Пол:
    Женски
    Коментирав за оние кои скокаа дека со 15000 плата може се да се постигне. Да не се лажеме, НЕ, не може. Организација било? Еве нека ми објаснат како ќе се организираат без покрив над глава и со деца, баш би сакала да знам.


    Епа така кажи Феминке, дека имаш загарантирана иднина благодарение на родителите, што секако е супер, ама немој тогаш да кажуваш како сите требало да бидат независни и да си обезбедат сопствено живеалиште пред да стапат во брак и да имаат деца, кога знаеме дека во Македонија со солидна плата едвај ќе стигнеш до стан, а да не зборуваме за подпросечна.
     
    На Oneo, Annath, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  5. LollyMolly

    LollyMolly Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Да дојдам до момент развод нема да ме интересира што и каде сум вложила, животот ти се менува (на некој распаѓа) ја ќе мислам дали сум вложила или не во куќата станот. Материјалното е нешто што се менува, купува продава, чувствата, животот емоциите се предуслов за среќа
    Иначе да не ме сватите погрешно читам, сите се разведуваат за неверства. Еден секс што ќе ги смкне панталоните и ќе се испразни не е најголемиот проблем според мене, парови живеат заедно, спијат еден до друг и немаат никаква комуникација, тоа е тажното во бракот а не сексот од пола саат. И не секогаш се криви мажите што изневеруваат, имам лични примери со другари каде жените им се скроз фригидни, секс 2 пути годишно, она нема интерес ни желба а он да, тука што правиме???? Нормален исход е неверството, хормони се во прашање. Така да според мене ниеден развод не треба да е заради трета особа него заради нив двајца.
     
    На Stressed Out, mira.mira и Мамичка им се допаѓа ова.
  6. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.381
    Пол:
    Женски
    Така е во право си. Потполно се согласувам. Барем да беа луѓе каде инвестираше и велев. А, оваа свекрва и еден намќор, кога и да појдев, мораше да се качи горе да провери кој дошол... (facepalm)
     
  7. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Од родители, што те родиле, изчувале, живееле за тебе, е сосема една работа да си зависен. А од маж, или уште полошо свекор и свекрва е скроз друго. Ако така гледаме, секој родител може и децата од 5 години да си ги фрли на улица нели? Глупи споредби правите. Како ја замислувате независноста не ми е јасно? Ако е така сите сме биле зависни, не хранеле, не облакале, не учеле да збориме. Поентата е да се осамостоиш, да не живееш во собче со свекор и свркрва а притоа да раѓаш три деца и да кукаш. Помошта од родителите е и те како клучна помош. И треба да биде, родители и се, сигурно тебе нема станот да ти го остават.
     
    На Amellie13, deskarada, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ама не е мојот живот и брак у прашање, за да зборам.Цело време на форумов избегавам да зборам за пари и материјална состојба бидејќи знам дека не им цветаат на сите ружи дома и не сакам да сум безобразна. (едит: да искочам безобразна, да не се фатите и за ова, па се` наново да треба да зборам)
    И баш пошто имам нешто од нив, сакам побрзо да дипломирам за да учествувам во сметки, јадење, облека, на крај краева јас да им платам одмор на нив или што и да посакаат за да уживаат.
    Реков дека да ги немав овие услови, ќе размислував како да се снајдам побрзо.
    Знам луѓе кај што 4ца живеат дома со 1 плата, од кои 2 се деца, знам секакви луѓе, немојте да мислите дека ја спијам на милиони, дека живеам во розов свет, напротив, научена сум да ги ценам сите ко прво, ко второ да ја ценам самата вредност на парите.Ја у живот не сум барала беспотребно пари за шминка, за облека за патики.Два пати годишно си купувам нешто, шминка исто не трошам многу, за искачање исто, имам усул некако едноставно.Не дека не ми даваат моите, него сфаќам дека е непотребно да купам маица од 3000 кога има и за упола, па и 1/3 од тие пари, не зимам Кико Милано шминка, имам од Стокомак за 140 денари палети, шо е сасвим океј.
    Не мора да се распиздаваме со пари.

    башка боље моите да ми го купиле, него маж ми.Моите нема да ми речат ај иди си, или да ме вараат, маж ми може.
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    ^Зборувате како само цел живот ќе работи за 15.000 и како никад нема да успее ама индиректно подржувате да е во лош брак добро и да замижуваш на неправди.

    А не кажувате дека на почеток ќе е тешко со 15.000 денари но ќе се надогради и бори за повеќе па ќе успее во многу нешта. Сама,независна и со три деца.

    Него,реалноста е ќути и трпи.

    А ако пишеше дека ја тепа ќе беше “Бегај од него,оди кај другарка некоја,кај сестра ти,било каде само бегај”.

    Двојни арашини. :smirk:
     
    На senjorita-v, Directioner005, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    е како бе е нормален исход?
    еве немаат желба за секс, можеби хормони и на жената се во прашање.Нејзините не се битни?
    па овде колку жени пишуваат во една тема дека после пораѓај немаат секс како претходно.Океј е некогаш да немаш желба за секс, не е океј партнерот да не го разбере тоа, или уште полошо да шврља на страна.
    Ај на секое искушение да подлегнуваме?
     
    На flower30 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не се џабе сите ваши замисли, баш напротив многу ме радува тоа што генерациите, особено жените во Македонија почнуваат да сфаќаат колку е битно да можеш сам да се издржуваш финансиски. Не е лесно, патот е долг дури стигнеш во позиција кариерна што тоа ќе ти го овозможи, ама сѐ се исплати. Тоа што некој има поинакви цели и замисли во животот, не значи дека е во право. Реално ако гледаме, најголем дел од браковите се прикрпуваат од финансиски причини или "детето трауми ќе има". Цел живот не можеш да глумиш хармонија ако ја нема. А во Македонија голем дел од браковите опстануваат не заради тоа што проблемите се надминале, туку заради трети причини, неповрзани со нив. Финансии, срам, страв од непознато. Така што секој еден човек идеално прво треба да си изгради свој живот, барем колку да може сам да егзистира, па да мисли на семејство. Може тука да дискутираме до утре сабајле, ама факт е дека немаш иста слобода кога си и не си финанскиски зависен од некој друг.

    И исто, децата се обврска на двајцата родители и разводот не значи дека едниот родител на улица ќе ги остави, ама затоа ваљда гледаш со кого се мажиш, пошто тие што би си го оставиле сопственото дете да не го видат или да помагаат финансиски, се тотални лудаци. Проблем е што сме утепано општество па правниот систем не функционира, инаку исти должности имаат родителите кон детето.

    И така, да ти кажам не ти е глупо и детско размислувањето, баш напротив многу позрело од некои ликови со начукани 30 години.
     
    На Bezimenka90, Amellie13, Directioner005 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.590
    Допаѓања:
    115.570
    Пол:
    Женски
    Треба да се правда тоа што нејзините и купиле стан? Сериозни сте со ова? И мене станот ми е од моите, ама ако не ме биваше ќе го поебав овие 20 години, колку што живеам во него, а немаше да го реновирам со кредити, да го одржувам итн.. Бре што сте завидни.
     
    Последна измена: 3 април 2022
    На Amellie13, Doc, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.809
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да влегуваме во сосема друга тема. Зборувам за оние кои се чукаат во гради дека треба да обезбедат СЕ пред да стапат во брак, а обезбеденото е всушност од родителите. Некои луѓе ја немаат таа среќа.

    Да ги немаше овие услови, немаше толку да си независна во иднина од сопругот, ниту пак ќе заработеше стан, тоа е се што сакам да кажам.
     
    На Daniela93, Мамичка, Stressed Out и 3 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.590
    Допаѓања:
    115.570
    Пол:
    Женски
    Да не работеше мајка ми, која не наследила стан од нејзините, немаше да може да го остави татко ми кога бракот стана неподнослив. Немаше да си има пензија, немаше да можи да биде своја. Е од таква мајка сум јас. Работеше, имаше свои пари и не зависеше од татко ми ниту од било кој друг. А рачунајте дека граделе се сами!! Сами дошле во Скопје на студии, се вработиле овде во едно друго време кое за вас овде не е ни сфатливо.
    Едит: И секој оној кој дошол со куферче на факс, и кој сам створил он лажица до стан гледа да му створи на детето за да не се мачи како него. Дали 30кв, дали 130 кв да си има кај да си седи, да си има капитал.
     
    Последна измена: 3 април 2022
    На senjorita-v, riba79, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.809
    Пол:
    Женски
    Ама КАКО со 15 000, еве објасни? Воопшто не поддржувам да е во лош брак и велам дека треба да се бори, ама ајде како ќе почнеш од почеток со таа сума еве образложи кога си толку сигурна.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Баш. Не разбирам зошто навреди за тој што е поамбициозен. Времината се менуваат. За станот на феминка не важи исто оти не го спечалила, а членката да имаше стан од нејзините ќе речеа оди оди. Исто како мајка ми што ја направија жена што го користела татко ми. Реално смешни сте? Зошто? Оти не размислуваат сите како вас. Се претера со непотребни коментари
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.981
    Ако немаш среќа да наследиш од родителите ќе работиш, ќе обезбедиш ДЕЛ па ќе се мажиш. А, не свадба од мама и тато направена и после пак цел живот на туѓ грб.
    П.С. Немам ништо од моите наследено пред да е тоа репликата
     
    На Bezimenka90, Directioner005, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    31.327
    А на синовите куќата или станот во кои живеат со жена, деца од кого е?
    Мислам стварно некогаш не знаете што пишувате.
    Мислеле луѓето и обезбедиле иднина за утре другиден шо и да се случи да си има свој дом.
    Јас не можам да сфатам за син куќа, стан оставено, а за ќерка ништо шо нема.

    Живееме во Мк, да не си правиме филмови, дека до 30год можиш сам да си купиш куќа, стан. Не зборувам за кредит да земиш и да го плаќаш 30год.
     
    На Amellie13, Directioner005, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.930
    Допаѓања:
    272.940
    Пол:
    Женски
    На некои теми треба да има ограничување кој може да пишува во поглед на возраста а и семејниот статус.

    Вратете се ве молам после 10 ина години и препрочитајте си ги мислењата па дискутирајте.
     
    На senjorita-v, V.odolija, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Останува тоа да наѓаѓаме, дека ќе најдев одма 50,000 евра, немаше, точно, се слагам скроз.
    Зрно по зрно погача бе.Мене не ми е срам да работам и да црнчам ако треба, навистина.
    Илјадарче, илјадарче.Ќе си ги собирам
    А за независност сигурно ќе бев, пошо немаше моиве кога ќе завршам факултет да ме избркаат од дома, а ни да ми бараат пари за сметки.И да давам, не е проблем.Подобро на моите пари за сметки, и да помогнам него да се шлаам по кафичи и ресторани, они направиле се` за мене, 2-3000 ако дадам за сметки нема раката да ми се исуши