Не, туку луѓе со малку повеќе привилегии и можности од други луѓе не треба да гледаат од свој агол туку од аголот на тој кому му се обраќаат и го советуваат.
Е нели е маабетот сами да си обезбедиме бре. Нели за тоа само трубете? Едно е тате и мама да рмбат за да ти остават на готово, друго е ти да си испотеш газо. Ама вие сте јаки со становите од тато и мама.
Па сами сме го обезбедиле. Мајка ми и татко ми ми го обезбедиле, не сум отишла да се правам домаќинка под туѓ покрив. Не градам спратови на туѓа куќа.. Што не е тука јасно? Не ширев нозе да се омажам поврзо, туку гледав да се вработам, па после да правам што ќе правам. Зашро сум свесна дека со дете вработување д потешко.
Па јас не знам дали некој на 25 си купил сопствен стан и затоа прашав. Нјнормални ако имат нејзините ќе и купат. Ако немат нема. Тоа е. Само не е фер да се чукат во гради дека имат сопствено живеалиште на 25 и дека може секој да си го дозволи тоа, а станот да е од мама и тато
Се сложувам. Ќе обезбедиш дел, ќе вложиш во заеднички стан, куќа, ќе кренеш заеднички кредит со сопругот. Дознаваш дека те изневерува, и ? И јас би си заминала, ама имам каде. А тие што немаат? Немаше да биде исто нели? Ќе работеше и ќе заработуваше, ама не за цел стан на твое име од каде утре ќе можеш да го избркаш сопругот ако те изневерува.
А зашто ниедна не и` прати оглас за работа? не и` даде некој предлог? абе 100 пати прашав како мислат жените ( не конкретно Уна) да најдат пари, да останат во брак, а да не идат на работа? а шо сум ја крива шо они можеле да си го дозволат тоа бе? затоа реков дека избегавам да зборам за финансии.Јас лично им реков дека е непотребен.Они ми рекоа за тебе е. И шо да му кажам? абе тато фала, ама не го сакам, на Фемина гомна ќе ми јадат пошто немаат сите среќа ко мојата?
На темава пишуваат, а и читаат, жени на кои штотуку им се сменил животот за 180 степени. Стварно нема потреба од вакви коментари.
Па глуп ти е муабетот Шо и да кажам плукате само. Ама ме напнуваат.Затоа ќутам претежно, а они почнуваат со муабетот за мојот живот и финансиите на моите. Ја на ниедна овде не ѝ го берам гајлето
Кажа членката немала од мама и тато и? @Angie1432 ти од кој агол гледаш? Не ти не си привилигирана нешто ама коментираш… Смешна си како ги вадиш работите од контекст. Ај земи понуди им работа и стан кога веќе си тука и да завршиме со муабетов. Очигледно е дека многу сме ви трн у очи, не сме ви ние криви ништо. За самите себе сте сами криви.
Нека читаат ама нека читаат и невестите што ги заглавуваат мама и тато за свадби во кредити, што градат спратови на туѓи имотни листови, дека животот се носи, и нека не сањаат розево. Сака да живее со неговите, бујрум друже ти среди, од мене подвижни ствари, ако не заедно дигаме кредит, купуваме стан макар 30 квадрати ама наш, па ако киксне се продава се враќа кредит адио.
Јас не знам како не ви е срам на вакви теми, во вакви ситуации, во земја со утепани плати и никакви организации за поддршка на жени во неволја и социјален систем кој којзнае дали функционира да ги вежбате вашите говори за women power и независнот и слични срања. За се си има време и место и теми. Се подучуваат млади девојки и жени што уште се образуваат и не се во брак, немаат деца, или се на почеток... Жена 20 години во брак со три деца и минимална плата и они мотивациски говори ќе држат за независност и учење вештини за унапредување мислиш во земја со 3 посто невработеност е па со еден курс ќе седне во канцеларија со двојно или тројно поголема плата. Ок, знаеме дека сте многу модерни и напредни, дај продолжете со фалење, многу инспиративно делува на темата. Свашта.
@Bridget тие таквите не пишуваат сестро на форуми. Не се секирај. А и гледам по тоа колку се згнале за одмори уште од сега колку се нема пари. Тој што нема не кука на форуми, без гајле.
Децата се веќе тука, реални и постојат. Многу повеќе од ширење нозе за брак. Само поради тоа што имале поинакви одлуки и избори не значи дека нашите се вистинските а нивните погрешни.
@Feminka22 нема шо да му се правдаш. Ќе споделиш нешто и одма било чукање по гради. Тебе ти се нафрлија, а пола живеат во куќа од свекор и свекрва направена или стан од нив купен. Ама полесно е кога се хејта, а не се гледа во својот двор. Да беше се розово како на форумов, ама во Мк живееме.
Па тоа и ги боли бе душо, 90% вложуваат свои пари заработени во непто што не е е ни пола нивно на хартија, и за кое немаат право во случај на развод. Ама ете во случајов на женава што реши да не се разведува бар ќе имаат три соби да се кријат кога ќе се расправаат мама и тато. Комоцијата е битна.