Еве Нена, ширевме нозе, раѓавме деца пред да се вработиме, потоа и се вработивме. Имаме и маж, деца и куќа, имаме дом. Може сум се мачела, што се не поминав, ама еве среќна сум што сум мајка. И за кариера имам време. Да не ја должам, не сакам да продолжам оти не сакам да те навредам како што ти навреди еден куп жени овде кои решиле да се омажат и да раѓаат деца.
Не. Туку ми е мило што некој излегол од дупкава во која тонеме секој ден и изградил убав живот па макар и далеку од семејниот дом. Многу некако наострени и не разбирате многу
Не се изразуваш ти како што треба, до пред малку од другата страна беше и бараше од феминка доказ за имоти. Не мора да се правдаш да ти беше мило немаше да спомнеш.
Слободно бе. Кај се пронајде ти во муабетот на невработени мамички кои сакаат да седат дома ? Не се приморани, сакаат!! Ајде р'чни слободно.
Ама сте се запнале, триста опции се изнапишаа, ама вас не дека не ви се чита, туку само сакате да бидете во право. Не мора никоја да излезе веднаш на улица, туку се работи за избор и на кој што му е поподносливо и прифатливо. На некој му е полесно да живее со неверството, на некој што не му е, дали денес, дали после 3 месеци или 3 години ќе најде начин како да продолжи понатаму надвор од местото што му ствара душевна болка. Ама да тврдите овде на јавен форум дека се нема избор, мора да се живее со изневерувач, ми е поразително, баш затоа што секакви читаат. Никоја не останала на улица, е сега зависи што ти е поважно и како си растен апсолутно. Ако од дома те учеле дека како женско си одиш од куќата и друг е должен да те гледа, ќе се трпи свашта, ако не си карактер што може да премине преку сѐ ќе најдеш начин. Немаат сите проблем ако останат без маж да ги гледа, некои си ја наоѓаат слободата и мирот така.
Во земја која ти дава ебани 9 месеци породилно и си принуден да напуштиш работа за да подигнеш дете, па истата приказна со второ, трето; земја каде што ќе те принудат да напуштиш работа со мобинг како млада мајка пошо многу земаш боледување, а детето секој втор месец болно од градинка, и да се ослониш на партнерот, солите памет за women empowerment жени со највисока поддршка од дома? Имам каде да се вратам, купив 50% од заедничкото живеалиште со мои пари, евро немам добиено од дома, работам од 20год, и пак ја немам самодовербата на сингл жените со месечен "џепарлак" и имот од мама и тато. Оди купи сега стан на 23 тазе искочена од факс, кога е 1000€+ квадрат, а платата солидна е 30 000. Учество од кај ќе дадеш од што нема да пиеш кафе на факс? Пазарите ли сами некогаш да знаете дека храна за една недела е 3-4000денари? Струја е 6000+. Жалам за жените што читаат тука и мислат дека се фејл и товар на некого зашто немале малку повеќе среќа и поддршка од дома.
Не е анкета на која треба да заокружиш со да, не, можеби. Не е општа тема на која се изнесува мислење. Имаш конкретен случај, детали. Толку е тешко да се направи разлика и да се даваат мислења и совети соодветни на ситуацијата? Вина им набивате на жените кои се во неповолна ситуација и немаат лесен излез од неа, ништо друго.
Не спомнав јас, туку членката на која и реплицирав, ама го избриша тој дел. И немој молим те и со мене да се расправаш.
Не Нена, не р' чкам во теми што се лични, оти според мене имање дете и брак е лична одлука. Затоа немој ни ти. Јас гледам и мило ми е што жените полека почнуваат да се осамостојуват, да бидат свесни, да работат и да не зависат од мажите. Тоа е добро, ама овде е сосема друга ситуацијата. Мајка ти се развела со едно дете, вработена. Женава е со три мали деца, без никаква помош. Има разлика.
@Noemi иди во Америка има само 14 недели неплатено породилно. Може полесно ќе ти биде. И здравство кое се плаќа и само ако имаш пари ќе се лечиш.. @JuLleE а зашто се довела до ситуација да не работи. Еве и 10 нека има бе. Ич не е проблем. Зашто дозволуваат да не работат!! Зашто дозволуваат да зависат. Тоа ми е муабетот. Ти си родила, си се омажила, си се вработила, си вложувала во себе, се пресели за доброто на детето.. А некоја друга седи дома, не работи зашто не сака, испод части и е да работи за 18000.. И после да ја жалам?? Сериозно??
Кажи чедо божје? Овде имаме породилни какви што не можат да замислат.. Ама и тоа им е малку.. Е добто има во Скандинавија до 3 години..
Ме читаш воопшто што пишувам или колку да се искоментира? Ајде те молам цитирај ме каде кажав дека МОРА и треба да живее со изневерувач? Не знам како да образложам повеќе за да разберете поента. Барем не коментирај кога ништо не си разбрала.
Нена има три мали деца. Може се договориле со партнерот додека да потпораснат она да не работи. Може нема никаква помош од баба, па ете финансиски може да си дозволат. Може децата се болежливи. Не знаеме. Има многу причини зошто. Еве и да работи и сега да се вработи, невозможно е со една плата, да речеме 20.000 ден, да гледа 3 деца. Мора некогаш да ги разгледате сите околности. Мајка нема шанси да дозволи дете да и страда. Попрво она ќе се жртвува. Тоа и го прави членката. Немојте да мислите дека оние кои навистина немаат излез и кои остануваат во брак им е лесно. Потешко е, верувајте. Една мајка, жртва на семејно насилство, женава луѓе психички ја пораметил мажот од ќотек, реши да се разведе, ама и ги одземаа децата. Мажот осуден за семејно насилство. Не знаете низ што минуваат жените. Каде не се обрати. И вие овде ќе зборувате и ќе обвинувате. Патем жената работеше.
За конкретниот случај се дадоа мислења повеќе од потребно. Членката си одлучи да се жртвува за комфорот на децата затоа што е свесна дека не може она истото да им го пружи, и сѐ тоа е во ред. патем никаде она не спомна дека зема минимална плата, но дека останала дома поради инсистирање на сопругот. Инаку сите кои се против развод си претпоставија дека жената ако си отиде ќе стане во моментот самохрана мајка, како таткото да умрел, не знам како си замислуваат сите. Ако бил добар татко во брак не значи дека ако се разведат ќе престане да се грижи за децата. Но еве сега зборуваме општо за жени што ама баш немаат кај да одат па си живеат од било какви причини со мажите изневерувачи. Пак ќе кажам секој со својот крст, јас познавам секакви и секој си ги знае сопствените можности, но тие што сакаат излез ако го бараат ќе го најдат, колку и да изгледа безизлезна ситуацијата. Никако не ми е намера да им набивам вина туку да знаат дека имаат излез без разлика што им се случило во животот. Никоја не заслужува да живее заглавена во лош брак или не дај боже да биде приморана да ја брише родената сестра од животот затоа што му се присакало на господинот баш од неа некогаш.
@JuLleE знам низ што се минуваат немам јас розеви наочари верувај. Јака и душа како одлучува она си знае, мeне би ми се гадел.. Не дете, 10 да имам не би момела да го гледам. Ама ете она живее во куќа во заедница..