Да додадам само. Се пишува дека си ги воспитуваат децата да бидат реални, независни и борбени. Ама, кога некоја ќе каже некако таков став тука одма „ја спуштаат на земја“ со „еее и ја така мислев на времето“. И стварно ова го мислам, не размислуваат и не дејствуваат луѓе родени во времето на владеење на Тито и луѓето после тоа.
Многу е лесно да се дава совет на друг. Особено им е лесно на тие што не се во брак, ниту пак живеат долго време во вонбрачна заедница... Најлесно е да се каже на некоја - аууу што си ширела нозе на 20год? Ете сакала, завршила средно, немала желба да студира и ширела нозе.. Боже изразов ми е глупо и да го напишам И што? Сите ли мора да бркаат кариери? Кој тогаш на вас кариеристките ќе ви чисти дома, кој ќе го произведува она што го јадете? Кој ќе продава во маркет? Едноставно не можат сите да бркаат кариера во животот. И да.. во МК ќе земаат 18000 плата и тоа е тоа.. Треба да се самоубијат? Срам стана да немаш стан од мама/тато или да не си купил пред брак.. Алоо, стан од 40м2 кошта колку 160 минимални плати од 300 евра.. ИЧ да не ги трошиш.. Симнете се малку на земја.. и помислете два пати пред да тропнете нешто.. Особено БЕЗ искуство во истото..
Од кај го извади ова сега жити се, огласи и работа да сме барале ние на форумов? Ме цитираш со нешто што врска нема со претходниот муабет.
Ај одлучи се на која страна си, собери си ги мислите, и пиши. Едно со друго врска си нема. Секогаш, ама баш секогаш има опција. Само треба да се излезе од комфортната зона.
Општо да коментирам. Тоа дека жена нема каде да оди е жално, ама не е валидна причина да остане во брак со изневерувач, исто како што не е да остане во брак со насилник.Не постојат валидни причини за ова. Не е добро за децата да растат во таква средина. Има недоверба, а можеби (ќе) има и расправии.Жената што останува во таков брак нема самопочит. Родители кои се лоши примери за децата.Можеби децата во иднина ќе ги направат истите грешки. Колку жени немале ништо, ама ги оставиле мажите и се снашле. Не е лесно, но не е невозможно.Треба упорност и труд, не седење и кукање. И зошто се мрчи против независност? Баш ради вакви ситуации е многу подобро прво да се заврши образованието и да се најде работа, па после да се влегува во брак и да се прават деца.
Не знам дали сте свесни ти и остала банда дека ве читаат од надвор жени со потешки случаеви од изнерверување без излез дека им викате НЕМАШ ИЗБОР МОРА ДА ТРПИШ. Наместо да им викате ИМАШ ИЗБОР! Мислам уопште не сте свесни. Ајт
Ама овде не станува збор за кафе, за 300 евра заштедени, дури ни за 3000 евра. Мислам се праеше муабет за развод после неверство, а тоа не бира колкаво ќе ти биде детето/ децата. Ботом лајн- без сопствен стан и/ или плата над просек- женска самостојност , тешко. Значи, мора да бидеш шеф или слично. Ај да видам до кај сте го отерале муабетот, уште 100 страни после тебе
На прашање не се одговара со прашање. Затоа не се прави јака на форум кога не си во состојба да одговориш на прашање. Можеш до сабајле да верглаш, завршив јас со вас. Се ни е јасно.
Со која страст мразите жени, мизерно е. Лажна буржоазија цвета. Делите совети за развод без ден во брак, совети за деца без родено едно дете. Жени борци се борат и за кариера и дома, ама имаат правилни приоритети подоцна во животот. На работа ќе те заменат за дел од секунда, за дете се бориш цел живот. Магистри и докторанди си земаат година плус од работа за да си ги подигнат децата, пошо ги прават со партнер кој е способен да издржува фамилија сам една година. Ама не и на фемина, тука сите се CEO и Entrepreneurs
Ај не пишувај невистини во мое име и ако ти треба занимација барај си ја на друго место, не на форум каде жени имаат страшни проблеми. Гледам целта ти е да контрираш на се напишано, без никаква поента и образложение. Кога ќе имаш нешто паметно да кажеш, слободно. До тогаш те молам немој да солиш памет како со 15 000 плата се живее под кирија, се плаќа градинка, трошоци и се гледаат 3 деца. Уште 100 пати да те прашам нема да образложиш бидејќи и самата не знаеш. А како би знаела кога поим немаш колку кошта една градинка, едно АД млеко, памперс, или било која друга потреба на бебе. Така да, покажете малку разбирање и не трчајте одма да осудите некого. Ако имате решение понудете, ако не, нема потреба да им фрлате сол на рана.
Колку го извртувате муабетот. Никој не кажа дека сите треба да бидат доктори или менаџери или ИТ. Ама бракот не е шала. Ако се во толку хармоничен брак, мислам дека сопругот ќе ги разбере дека сакаат да имаат сигурност, и нема да ги тера заштедените пари(па макар биле и 300евра) да ги вложи во спратот на мајка му и татко му. Напротив, се наоѓа решение. Или ќе земат кредит за заеднички стан, на име на двајцата, или спратот во којшто вложуваат заедно, ќе биде ЗАЕДНИЧКИ. Никој никого не тера да има монополи од имоти и пари, ама да се оставиш на дереџе да останеш дома со маж кој те вара не те почитува и слично, зошто немаш каде да одиш, а притоа си здрава, права, работоспособна е за мене срамота и неспособност. Ако е заеднички станот е одма друг муабет. Нашите родители милионери не биле, па пак ни овозможиле добри услови. Колку само деца живееле подобро(и покомптно) со самохран родител, одколку некои деца со двајца родители. Ама треба да се сака, а можности има.
Ај поназад кажав што кажав за доброто на децата при развод ама еден друг момент приметив Многу пати сум слушнала демек ќе рмбаш за свој имот. Не знам зашо мислите дека барем кај нас тешкотијата на работата е пропорционална со платата. Луѓе во конфекции, фабрики кај што рмбаат од утро до вечер. земаат минимална, програмери зимаат високи плати. Јас со мојава струка која не е физичка ама за учење е тешка, овде можам да зимам до кај 30000 максимум, што се распрашав. Или сите треба да се програмери, уставни судии, политичари во фотелји или хирурзи во Систина за да може да имаат свое? Да, сосем ми е јасен моментот на - не чекај на друг, работи, самата сакам да се водам по тоа во животот, ама дека само со просечна плата може да купиш стан по неколку години, тешко.
Си стојам на тоа дека тие што не искусиле финансиска мака на своја кожа додека се комплетно и безизлезно сами без мамичка и татичко имаат најмал кредибилитет врз своите "совети". Со петнаесет илјади едвај сам ќе се издржуваш а не + 3 други човечки битија со потреби. Да, подобро нешто доколку ништо, ама една личност со толку многу обврски и деца за одржување, неможе сам да го постигне, нереалистично е. Со нашиве мотивејшнл говори тука гз може да се брише.
Ако читаше ко шо треба ќе прочиташе дека уште во претходното мислење пишав дека нема што да бараме огласи на некој што не го побарал тоа од нас. Затоа не пишувајте глупости што врска немаат и цитирај ме со мислења што имаат поента а не колку да се исконтрира со нешто.
Морам да се надоврзам, на минатите страни напишав пример, од жена што лично ја познавам, прочитај го, и после кажи ми дека не е возможно. Инаку, моментално жената бара понуди од агенции за патување за празнициве. Самата со двете дечиња. А ниту е милионерка, ниту има станови од нејзините што сте де запнале од прееска, ниту е шефица. И самата вика, да знаев колку сила имам и колку ми е поубаво во мир, уште одма ќе се разведев. Се е избор. А избор секогаш има.
само што ја кажа главната причина зошто сите бегаат од земјава. има струки кај нас што воопшто не се платени. ако сон ми е да шијам а да не сум ИТ значи не заслужувам достоен живот испаѓа..
Џабе пример, јас личен пример кажав ама увек има кој да прокења дека швалер или моите ми дале пари пошто форумџиите ми се у џебот и знаат кој шо ми дал Моето дете одмор немаше видено дур бев со татко му. Едно зимување кое нормално јас го платив (на страна муабет у брак се е заедничко). Еве годинава за турција планираме да идеме И не, немам спонзор, ниту пак мајка ми ми плаќа. Напротив, јас плаќам сметки за сите, данок на куќа и се околу тоа. Мајка ми платата си ја троши на што неа ќе и посака душа.
Ајде бе.. Кои се тие свекор и свекрва што пола од спратот ќе го препишат на снаата?! Ако има такви одма да им станам снаа Најчесто го препишуваат на синот со тоа што утре ако се разведат пак жената тешко ќе земе дел од таму.. Што е неспособност? Да си здрава и права и со 300 евра да плаќаш 3 градинки, кирија, храна и сметки? Магионичар да не си ти? Па од некоја капа уште 600 евра да вадиш.. Ист си е муабетот.. Ако е заеднични станот а мажот ја изневери жената, жената не може да го избрка мажот од станот.. Ниту пак обратно.. Стварно некогаш треба да си го одмерувате кажаното, набивате комплекси на жени кои се во безизлезна состојба
Да де, истото го мислев. Пред некое време се зачудив кога видов оглас за една сендвичара кога видов плата 23000. Никогаш не потценувам ниедна професија, јас сум и за таа во конфекција, и шоферот во ЈСП, и касиерката да може да имаат нормален живот без да мислат од месец за месец. Ама на едно место и за мојава струка нуделе 23000, што малце е... Или памтам еднаш гледам оглас за матичен лекар, беше некои смешни 15000, ова пред некои 2-3 години. Смешки