епа иако не сум мажена,јас ќе тикажам што мислам,па ти како сакаш. мислам дека штом се уште многу ја сакаш и сакаш да останете заедно,не се карајте уште повеќе да ја присилуваш да ти признае и слично.тоа време што би ви поминало така во карање искористи го да си го поправите односот,за да не се повтори истото од ничија страна.еве викаш не си и посветувал доволно внимание.почни веднаш да работиш на тоа,излегувајте на прошетки и сл,да не набројувам ти најубаво знаеш што и годи и како сакаш да ви поминува времето,битно,секој ден одвојувај барем малку време за вас,смејте се и уживајте.мислам дека би било многу глупаво да ја тераш сега да ти признае,кога тоа повлекува уште толку расправии кои и децата треба да ги гледаат и уште повеќе да ви се нарушува односот.си дознал,добро,признала колку признала,добро.оди понатаму,не се враќај назад. и патем речено,еден си од ретките што вака размислуваат кога жената ги изневерува и навистина си за пофалба,а таа треба да се научи тоа да го цени и никогаш повеќе да не и се повтори.поздрав и среќно
Мој совет не измачувај се со минатото,било поминало на сите од нас може да се случи паднеш во искушение незадоволство од дома,деца немање пари и ред други проблеми и единствено бегство од реалноста е тоа монотонијата ја заменуваш со криење лажење,а сето тоа е и интересно но до одредено време.Едноставно летнеш и сакаш промени.Ако продолжиш секој ден да ја испитуваш и да ја тераш да ти признае само ке ја одалечиш од тебе уште повеке ке и омрзнеш.Ај трпи денес ради децата ,ај утре ради децата ама и на неа ке и пукне филмот и чао.После ке ти биде потешко.Прекини со таа тема понесувај се нормалмо и разговарајте за сосема нешто друго.Ако почне во моментот тоа да те мачи а таа тука присутна зимај палтото излегувај прошетај два три круга, така ке избегнеш кавга а и ти ке подразмислиш.Не се јади од внатре ке ти помине гледај на работите дека во денешно време е се нормално.Можеби после неколку години и тебе ке ти се случи некој флерт незнаеш животот што носи.Од срце ви посакувам срекна иднина и на двајцата да бидете заедно.Поздрав :wink:
Мој совет ако можеш да живееш со фактот дека те изневерила тогаш не се карајте. Но да знаеш тука нема љубов.Нека не те залажува со тоа ако ти вели монотоно ми беше со тебе или не ми посветуваш повеќе внимание.Мислиш тој другиот повеќе внимание и посветил.Го правела тоа свесно. Или разведетесе или прифати го минатото.Доколку го прифатиш тоа нека престанат вашите кавги за доброто на вашите деца.
Ова би го дефинирала како глуп проблем. На жалост во денешницата кога не газат обврските, времето, парите се занемаруваме самите себе си и нашите партнери. Несвесно влегуваме во интригите на неверството. Во овој случај сте криви и дваицата, извини постар си ама така си е. На жената не и е давано одредено внимание и ете ти беља. Недоволната комуникација меѓу двата партнери прави хаос во бракот. Да, точно е дека ти си повреден ама можеш ли да живееш со тој факт до крајот на животот без да и некогаш префрлиш муабет за тоа. Знам, понекогаш машката суета е појака од се, ама тоа е што е. А, зошто се плашиш да ја притиснеш за да ти признае се??? Се плашиш дека ке ја изгубиш?? Ти можда веќе и малку си ја изгубил... Како дваица возрасни ке седнете и ке разговарате, без уцени и ословувања. Ако постои љубов сеуште помеѓу вас дваица можда и преминете преку ова заеднички ама ако нема љубов тогаш мислам дека нема потреба да се мачите зашто кога тогаш пак ке се направи некој испад. Значи, дали сакате и дваицата да преминете преку тоа и дали вреди??? Мислам дека вреди, забога имате деца кои секогаш го тегнат подебелиот крај.
три години да си се гледа со друг ,да те лаже, изневерува , да те прае будала????? ма дај молим те јас да сум ке ја избркам од дома!! Mногу паметна! Mаж и деца дома а она ке се ку**а со друг!! Dа те сакаше тебе немаше да го прави тоа! незнам каква мајка е! хаос Dецата си се деца тие ке си пораснат ке си имат свој живот. тебе ке те гризе совеста и ако те изневерувала 3 години е па ке те изневерува и понатаму.... Tоа е мое мислење(без лутење) искрено!!!
Loso e neverstvoto...Nebitno dali e vo brak ili vrska.Ama ima i takvi raboti vo zivotot.Nekoj ke prosti,a nekoj ne.
Поздрав голем до тебе и секоја чест на искреноста! Народот рекол-Невољата недоаѓа сама сами си ја правиме и небарај и ја трагата на мечката затоа што незнаеш колкава е и што ќе ти направи!Доста си ги анализирал работите но одговорот лежи онаму каде што и почнал-во вас двајцата.Ако внимателно си не читал тогаш лесно си ја забележал нашата болка-запоставеноста.Кога и самиот си свесен дека на сопругата и е потребно внимание,прегратка,нежен збор толку ли е тешко тоа да и го дадеш.Жената е посамоуверена и посреќна кога слушне дека сопругот ја сака,внимава на неа,разбира и ја заштитува.Зошто не си се променил кога ова си го знаел,мислеше дека нема да се случи тоа што се случи од камен ли е таа?Јас претходно напишав-поголемо неверство е кога не ти помага,не те почитува и постојано те запоставува.Можебо мојот сопруг е верен во телесна смисла ама што од тоа кога разбирањето негово е нула и од седум дена пет сме на спротивниот крај од креветот и не сака да дискутира за ништо!И ти ли замижуваше пред проблемите и потребите нејзини? Дека не спиеле тоа е лага но не е тоа дискутабилно повеќе треба да те плаши што таа чуствува кон него?Колку е поврзана?Колку ти си ја втурнал во прегратките негови.Велиш повреден си не е ли таа повредена,прашај се зошто една сопруга и мајка го направила тоа?Сега е најтешкото-многу е тешко да се составува нешто него наново да се гради.Но би рекла имате олеснување,вашите деца.Ако се одлучите за понатаму тогаш ти не смееш никогашповеќе да и префрлиш за она што го направила,и мораш твоето неверство да го исправиш,твоето невнимание кон неа.Ако се разделите мислам дека ќе направите поголема грешка и за децата и и за вас.Се може да се реши ако се сака.Голем поздрав до тебе,ти посакувам побезболно решение,мислете на вашите деца и знај најголемата болка на сопругата е невниманието од сопругот.Се најдобро и пријатен ден на сите!
Секоја чест на одговорите. Ви благодарам на сите и на оние понеискусните. Весна имаш право кога велиш дека сексот се случил. Фала богу не сум глуп да верувам во спротивното, но точно е и тоа дека многу е поважно колку јас сум ја втурнал во неговите прегратки. Сепак ја знам жена ми 15 години ама не можам да сфатам зошто таа не сака да ми признае, а ми го призна пострашното - блискост, разговор во секое време за сите можни теми, разбирање, физички контакт, тајни средби... Мислам дека нема ништо да добијам со тоа ако ја условувам да ми признае, само може да ја изгубам. Само ќе и дадам на знаење дека не ме убедила во тоа. Како што рече фемина времето ќе го потрошам на попаметни работи кои ќе не направат среќни сите четворица. Како вели Сонце “од кај знаеш може и тебе утре ќе ти се случи некој флерт“? Сега откога ми се случи ова во животот сватив една многу важна работа. Ако на жената не и даваш доволно внимание и љубов и ако и ја нудиш само својата верност и фамилијарните обврски, тогаш можеш да бидеш сигурен дека таа жена ќе ја изгубиш. А таа прави СЕ за тебе и твоите деца, па уште ако живееш во заедница да не правиме муабет повеќе. Сепак мислам дека јас сум среќен што жена ми воопшто сето ова го издржала и ова што ми се случи ќе го сватам како последен и најпредупредувачки аларм за нашиот брак. Уште еднаш Ви благодарам на сите.
Знаеш како викаат, "нивата која ти не ја гледаш, не ја пазиш, не ја одгледуваш и не ја копаш, ќе се најде друг кој сето тоа ќе го стори" . Памет во глава за друг пат. Факт е дека многу често мажите забораваат на своите обврски во брак, се надевам дека многу мажи ќе ги прочитат последните две страни и ќе извлечат голема поука, која многу ќе им користи во животот.
Добро утро на сите а посебно на тебе! Уште еднаш секоја чест на искреноста но и на твоето размислување и реалност!Многу ми е мило што носиш ваква одлука во името на сетоваше семејство.Поправете го разрушеното бидејќи столбовите се тука!Ништодруго не би додала освен да ви посакам многу сонца во животот,многу среќни фамилијарни денови и чувај го она штого сакаш
Повреден, Можеби не сака да ти признае зашто не сака повќе да ти задава болка, може и таа се плаши да не те изуби. Кога мене ми се случи да ме изневери, и јас инсистирав да ми признае колку пати, колку често се гледале. Ама никако да признае, еве и уште не признава, а за пеколот да не зборам, ужас. Сепак, мене повеке би ме болело кога би знаела дека уште се слушаат. Треба да видиш колку тие двајца се блиски. Ако се многу блиски, се доверуваат, му верува, мислам дека имаш сериозен проблем. А ако откако си дознал ги прекинала сите контакти со тој човек заради децата и тебе, можеби вреди да пробате зашто сепак ја сакаш. Исто, мислам дека можеби и премногу се обвинуваш дека не и си посветувал внимание. Како да бараш изговор за нејзината постапка. Таа најдобро ја знае причината зошто направила така. И таа треба да ја каже. Влеис дека таа прави СЕ за семејството. Е па тогаш, направете СЕ, продолжте без обвинувања кој е крив. Второ нема.
Другар, еве ти одговор од машко. И мене ми се има случено тоа девојката да ме изневери, а сме се сакале, имале односи секојдневно, верувале во себе, и сум ја гледал како краљица . Е кога насетив нешто и јас се изнамачив да ја натерам но на крајот ми призна. Е кога ми призна, виде дека јас ќе си одам од нејзиниот живот и цела недела ми беше како сенка. Не ме оставаше да дишам, ме молеше да останам ама бев решен... Ок, ај да не тупам многу со тоа како било со мене. Да ја расчистиме ситуацијава со тебе. На форумов од девојките нема да слушнеш муабет дека она е крива никогаш Некои одма ќе кажат дека е така но според мене девојките имаат потреба да се впуштат во непознатото. Да го имаат забранетото. Точно е дека има и многу машки кои изневеруваат ама девојки, слушнете: КОГА МАШКО ЉУБИ НИКОГАШ НЕМА ДА ИЗНЕВЕРИ !!! Ако и двајцата сте со силен карактер ќе се разделите, во спротивно ќе бидете заедно во брак и секоја најмала ситница ќе те подсеќа на тоа што се случило а бракот ќе ви мине како пекол. Не сум во брак со деца и да ти кажам што би направил јас затоа што децата се она за кое сите живееме и родителски е да не ги напуштиш или пак дозволиш да живеат со еден родител. Навистина жално е тоа. Останува да најдете сили и да бидете заедно. Ти ќе мора да се научиш да го забораваш она што се случило. Времето лечи се!
eve odgovor i od mene : iskreno se cudam kako za period od 3 godini ne si prepoznal nesto "cudno" kaj zena ti.a jas da sum na tvoe mesto ne bi ja trpel ni 3 minuti veke so neme, zosto zivotot ni nosi iskusenija no zosto da gi prifatime istite ako imame nekoj do nas.i jas sum imala teski momenti i 'nekoj' sto ke se ponudel da mi pomogne da izlezam od situacija dali finansiski ili bilo na koj nacin,ama jas imam maz do mene koj ima celosna doverba vo mene i na nitu eden nacin ne sum se osmelila da pomislam na takvo nesto a ne pa da go napravam.a za toa deka nemale sex neka odi neka kazuva na nekoj od predskolska vozrast oti sega se se sveduva na toa.a za razgovor na telefon nikoj ne e budala da se zamara so nea i da go gubi vremeto so nea ako nema nekoja 'korist" od toa.a za decata ako e problem oni ke se snajdat ne se ni prvi ni posledni deca na razvedeni roditeli.i ako se smiris so nejze kako ke legnes so nea koga znaes deka drug brcal tamu dodeka bila tvoja.
Амема, благодарам на твоето искрено мислење. Сакаш да кажеш дека ти секогаш си одолеала на твоите искушенија во животот и дека секогаш си го одбрала она вистинското? Сигурна си дека ова не може да ти се случи тебе или на твојот сопруг? Сакам да те прашам дали имаш деца, дали имаш представа каков шок е тоа за нив и дали си сигурна дека твојот маж 100% е верен? А знаеш кои мажи се најчесто изневерени? Јас ќе ти одговорам: тие што се 100% сигурни во своите “верни “ жени. Колку години сте во брак? Очигледно дека никогаш не си осетила како боли да бидеш изневерена од човек кој што ти значи многу и многу го сакаш и ти посакувам никогаш во животот да не ти се случи тоа. Не мислиш дека повеќе боли брцањето (од страна на друг човек) во душата на твојата сакана особа или брцањето во сексот? А да знаеш пак колку жена ми ме пали во сексот и колку ми е сега подобар од пред да дознаам за неверството, ќе ти се заврти во главата. Немој да ми се лутиш те молам, јас не сакам да те навредам само немој да судиш за нешто што не си го осетила. Јас СУМ СИГУРЕН дека и најсреќниот нормален пар на светот не се случило да не помисли на друга особа. Се надевам дека си способна да одговориш на сите овие прашања, ама ИСКРЕНО!
Артемис, мислам дека жена ми му верува на тој човек и е блиска со него што е голем проблем, но знам дека нејзиниот мобилен пред да дознаам со кого зборува, нон стоп ѕвонеше, а сега скоро како да го нема. Тоа ми дава надеж дека ќе успееме. Свесен сум дека во кафез не можам да ја ставам и дека ако наумила пак ќе му се врати, ама тоа ќе биде дефинитивно КРАЈ. фала ти што го подели твоето искуство. И таа не сака да признае се и мислам дека никогаш нема се да ми признае. А дека е пекол, пекол е У П...У МАТЕРИНУ. Ако откријам дека се уште контактираат мислам дека ќе се шекнам, ќе дознае и жена му, и мајка и на жена ми и сите на светов божји, таков рогоња нема да види! Кажи ми ти беше во брак со деца кога ти се случи ова? Имаш право дека премногу се обвинувам дека не сум и пружил внимание. Она е свесна колку погрешила барем така вели дека ненормално многу се кае ама ќе видиме, времето ќе покаже дали е тоа вистина или не. Женските солзи се многу дискутабилна тема.
Антониј, да си жив и здрав и уште еднаш да им повториме на сите жени што учевствуваат во форумов: КОГА МАШКО ЉУБИ НЕМА НИКОГАШ ДА ИЗНЕВЕРИ.
Добар ви неделен ден на сите а посебно тебе! Уште еднаш секоја чест на искреното но храбро излагање и во потполност се согласувам со тебе.Само би поставила едно хипотетичко прашање до сите "храбри,непокорливи,судии" -Дали брцањето се важи само пред бракот или после него а во бракот НЕ?Затоа што ако девојката имала неколку интимни партнери пред сопругот сите брцале така?Исто ти се фаќа некој веќе влегол пред сопругот или ако момчето имал интимен контакт со други и тој пробал друга пи....И сега?Некој веќе брцал,брцнато е пред или после за мене е исто!Идеално е да се први еден на друг и последни ама нема таков случај и кој бара идеално тој е ЛУД!Наместо да подржите еден брак да се сочува вие давате догми,кој е сигурен дека нема нешто да му се случи во животот и дека истото нема да го направи!НЕМОЈТЕ ДА ТВРДИТЕ НИКОГАШ ТАКВО НЕШТО ЗАТОА ШТО НЕЗНАЕТЕ ОД КОЈА СТРАНА ЌЕ ВЕ УДРИ ЖИВОТОТ!Секој може да погреши само проблемот е друго-секој неможе да се покае. Јас сум потполно на страната на повреден,знам дека е повреден и да не си му на местото но ова е едно искушение што може да се помине.А точно е тоа дека секогаш не мислиме на своите партнери,во една прилика прашав и напишав?Не е ли неверство кога спиеш само со твојот сопруг или тој со тебе а се мисли на друго лице?Физички верност а психички?Што фајде ако кога сме заедно наместо мене замислува друга ама верност?Има една поговорка:Мажот и жената и кога спијаат немислат и несонуваат исто!Животот е огромна мудрост и тешкотија но треба да се изнајде начин да се живее.Само едно се прашувам,личностите кои се многу негативно настроени кон неверството дали и небиле изневерени?Дали не можат таа фрустрација да ја скријаат? Секој се плаши да биде изневерен но пак ќе спомнам грешката е од двајцата само треба да се анализираат работите.Мислам дека правилно си одлучил повреден и не само поради децата него и поради тебе.Само ова би го додала од искуство-еден мој пријател дозна и ја фати на дело што би се рекло и експрес развод!Е сега е заебанцијата таа си ги зеде децата,беше и сеуште е мајка за пример а тој?тој лебди во воздухот и сето тоа затоа што не и даде шанса да каже зошто односно несакаше да си признае дека виновникот беше тој и неговата безмилосна тортура! Секој случај е засебен,секој си знае за себе,па затоа НЕ СУДЕТЕ!
Прекрасно кажанао Весне, браво... Јас не сум била изневерена од сопругот, и тоа што на 20 години сум мислела дека нема да простам неверство, е минато мислење. Еднаш би му простила, да. Но повеќе пати не....И треба да се најде причината зошто е тоа така. Ако тој ме изневери, може јас ќе бидам причината, може јас директно ќе го втурнала во прегратките на друга жена, со моето однесување - игнорирање, немање односи подолго време, запоставување во изгледот, преголема посветеност на децата. Треба да се разговара за се во бракот, но едноставно некои партнери не можат и не знаат директно во лице да кажат што чувствуваат, но сигурно ќе ви сигнализираат на некој начин. Сепак, потрудете се да бидете отворено, дискутирајте за се, можеби е напорно, но со тек на време ќе ви стане навика. Повреден, те поддржувам во одлуката та и дадеш втора шанса, не и инсистирај за сексот, не е битно дали се десил или не....Сети се како сте биле заљубени на почеток и што сте правеле тогаш, што ја правело среќна, обиди се да ја усреќиш...И нејзе можеби и значи што ти си се "разбудил"...
Повреден... после овој настан засекогаш ќе си останеш повреден,засекогаш ќе се сомнеавш, засекогаш ќе те измачува помислата дека пробала да те замени со друг! Јас те подржувам за дадената втора шанса но искрено се сомневам дека работите ќе профункционираат на подобар начин! Штом постоело неверство во едена врска или брак, тоа исто неверство ќе предизвика уште 100 расправии и нерешливи ситуации! На темава се имам изјаснето многу пати, сеуште го имам истиот став- за неверството нема оправдување! Зошто наоѓаш вина во себе? Зарем убавината во бракот зависи само од тебе? Била запоставена од твоја страна? Не си ја љубел доволно? Тогаш зошто жена ти не презела нешто конкретно за да ја придобие твојата љубов и внимание? Зошто одбрала полесен (всушност потежок) начин за да ги одбегне проблемите? Знаеш зошто...затоа што сакала да ја разбие монотонијата во својот живот,не монотонијата во вашиот брак! Таа се гледала само себе, размислувала само за својот живот а не за повреденото семејство (ти и децата)! Се‘ работела со план, значи свесно, значи не станува збор за грешка туку за планирано и скриено неверство! Велиш дека те лажела дека измислуваат муабет демек се гледа со колегата...знаеш зошто ти го кажа тоа нели? За да се заштити, за да никогаш не поверуваш во тоа! Знаеш зошто ова траело подолго време? Затоа што не се покајала, затоа што свесно те изневерувала и уживала во тоа! Знаеш ли зошто не сака да ти призне дека имало и секс? за да е мора да се правда, за да не мора да измислува причини кои ќе го оправдат сексот со колегата, за да не мора да ти каже дека го правеле секогаш кога имале време и простор, за да не мора да ти признае дека уживала во тој чин и да не мора да каже дека не се случил еднаш туку многупати! И даваш втора шанса? Не, таа самата си дава втора шанса за да провери дали може да опстане во бракот! Таа самата сака да провери дали може да ги поправи односите со тебе, ако не успее... ќе ги отвори картите и ќе ти каже дека се што мислевте дека ќе го смените во бракот, се било само неуспешен обид! Јас сепак те подржувам во овој обид за да се спаси бракот...но не заради децата, туку заради вас! млади сте и сеуште заслужувате добар секс, романтична љубов и совесен човек до себе! колку е совесна и правлен избор твојата жена ние можеме само да нагаѓаме а ти можеш да ја процениш ако убави си ги активираш сите сетила! Поздрав!