Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Поклон до земја. И после ова што и да кажете друго, ви паѓа во вода. Еве ви два примера, ама нели најлесно е од дома квакнати пред телевизор да кукате како мажот ве вара. И еве ви жена со искуство, и со дете. Дека ние девојчињата денар што не сме заработиле, поима немаме.
     
    На Feminka22, buba4e89, Tanjitka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Зарем кажав нешто што не е вистина? Така е Анора, ние ги израснавме нашите внуци со епруветка.Ништо не знаеме.
    Морееее…

    Зарем ако е понудиш работа и стан е глупост.
    Божеее ви се крстам на паметот.

    Толку. Не ме цитирајте повеќе.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    21.381
    Еве јас познавам жена што се развела по некои 10 години брак и едно дете. Ама ова во време кога нејзин родител со минимална плата успеал да и изгради куќа. Значи минимална, работел занает, плус и хонорарно нешто, без кредит.
    Башка женава има професија со која зима плата лагодно да живеат двајца. И без разлика на сево ова, пак и се дивам оти заминала на време. Не ја сметам за "мрза" оти не си заработила сама. Пошто ако го немала тоа, макар и од родител дадено, последиците ќе биле лоши, и за неа и за детето.
     
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Свекорот и свекрвата на синот ќе си го препишат, а синот ако си ја сака и цени сопругата која вложува во неговиот спрат, ќе ја стави и сопругата на имотен лист. Ако веќе спрат е единствениот избор.
    Неспособност е да не мрднеш со газот, а ти врие под нозе. Жени по три работи работат. Стигаат до 45000. Со толку некои семејства со двајца родители не живеат.
    Ниту пак обратно е клучниот збор. Прво, ако мажот е добар татко ќе и го отстапи станот за живеење на жена му и децата. Во друг случај, станот може да се продаде и парите по пола. Ќе си купи гарсоњера и ете ти. Не ми кажувај дека е исто да живееш во заеднички стан и во стан на маж ти или на мајка му. Скроооз е различно.
     
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. UnaLuna

    UnaLuna Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Иднината никој не ја знаеме.
    И јас учев, работев уште како студент, завршив факултет, по факултет не работев за минимална... Не се омажив на 20г, не родив 3 деца на 20г...Имам средства на страна... А никогаш не се надевав дека мене тоа ќе ми се случе
    Така да, никогаш не викајте никогаш
     
    На jacqueline.s, Annath, Maca Macka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.177
    Допаѓања:
    88.660
    Пол:
    Женски
    И добро,не си ширела нозе побрзо да родиш дете,имаш добра работа,зошто не си независна денес ?
    туку живееш со мама уште на 43 години во родителски стан?
    Еве,во што си поуспешна од овие погоре кои ги навреди?
    Јас сум ти врсничка,имам 43 и деца од 19 и 16,поминавме многу,децата ми се големи,а сме во средни години во кои уште може да створиме.
    реално многу фрустрирано делуваш кога коментираш,ако ти е тешко што не си се остварила ко сопруга и мајка не можеш да реагираш вака да советуваш разводи кога во заедница не си живеела ниту имаш дете па знаеш какви емоции с евклучени.
    Баланс е секогаш потребен и памет.
    Не избрзување и фантазирање со паметот дека може да живее жена и да гледа деца со 15000 -20000.
    А ако не може,веднаш кој и е крив што ширела нозе.
    Алиментацијата е смешна сума,а често и не ја исплаќаат.
    Да бидеш самохран родител во Мк е тешко.
    Ете затоа не се советува веднаш развод.
     
    На Oneo, Anaroz1, H.VAGA и 40 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Знаете што?
    Темава иако забега, може многу да се научи од неа.
    Бидејќи сме све жени овде, кои помлади кои повозрасни, кои мажени кои не, кои со деца кои без... една работа мислам дека ако не сте ја знаеле еве сега имате шанса да ја научите.
    Никогаш не знаеш бракот дали ќе трае и дали на некој може после деценија брак да му текне дека онаа 25годишната со јак газ повеќе му го дига и сака да си живее со неа. Затоа, мислете на себе и на своите деца. Ако веќе сте решиле да не работите дур сте во брак, тргајте на страна пари од домашните, зашто во фустани и во штикли нема да ви живеат утре децата. ...
     
    На kikkki, senjorita-v, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Кажи ми како продавачка ќе работи 80 часа неделно за да стигне до тие толку посакувани 600 евра? Кои што патем не се доволни за сите трошоци на 3 деца..
    И која е таа втора фирма што ќе те вработи со оглед на тоа што во МК не можеш 80 часа неделно да работиш?
    Дури и да работиш, кој ќе ти ги чува тие 3 деца по 16 часа дневно?

    Знаеш што е неспособност?
    Да лежиш и да чекаш..
    Не е неспособност неможноста да работиш 16 саати на ден со 3 деца.
    Или па ајде во дом поарно нека си ги даде..што ќе и се?

    Зошто да го отстапи? Заеднички е.
    Нема и он кај да оди и што сега? При ЗАЕДНИЧКИ стан на улица ли ќе остане?

    Додека се продаде и купи стан кај ќе живеат?
    Мислиш ти така се купува и продава денес..
    Исто е каде живееш.

    Различно е КАКО живееш.

    И во едниот и во другиот животот може да ти биде пекол ;)
     
    На Oneo, H.VAGA, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Значи имаш се, имаш избор, само не сакаш. Тоа го зборам страници наназад. Не викам дека си во лесна ситуација, ама ти си одлучуваш што ти е полесно за трпење. Мене ме нервираат овие што тврдат дека се нема избор. Има избор, само треба да изберете.
    Воопшто не те осудувам, ако можеш и си спремна да живееш со тој факт, која сум јас да ти судам? И најнајдобронамерен совет, отвори 4 очи во иднина ќерките кога ќе ти пораснат. Искрена среќа ти посакувам, дајбоже да пребродите.
     
    На cresa-jagoda, Mikha4 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.676
    Допаѓања:
    39.637
    Пол:
    Женски
    Па со глупостиве што ми ги пишуваш не ни знам што да те цитирам. Туку ти што не и понудиш стан?
     
    На Emy867 и Annora им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.549
    Допаѓања:
    115.335
    Пол:
    Женски
    Е да ти се позлати тастатурата!! Тоа го трубиме цело време ама ајде иди разбери се. @Cosmi не можеш подолу да паднеш и да сакаш некогаш.. И кај бре се најде ти повикана во мојот пост. Работиш? Да. Стоиш на свои нозе. Да. Кај се најде во мојот пост.
     
    На senjorita-v, Mikha4 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Работи во администрација, за 18000денари. Дома прави нокти после работа, и за викенд меси кифлички и други пецива и ги продава онлајн.
    Затоа што е он причината за разводот. Он го пикал кај што не треба. Зборам, ако е добар татко де. Не секој е, не секој би отстапил.
    И да треба да живеат во заедница некој период, се издржува обично тоа. Ама на крај исходот е тој-чиста работа, заеднички стан-по пола парите.
    Пекол може да ти биде и во едниот и во другиот да, ама едниот пекол е полесно да го надминеш, нема да треба 3 работи да работиш, и да останеш на улица ако му текне така на мажот.
     
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    21.381
    Типичниот македонски менталитет дека МОРА секогаш да работиш и никогаш не смееш да имаш право на одмор за да живееш нормално.
    Под тоа секогаш мислам од 24 саати, 16 да си зафатен со работа.

    Дури и да нема некоја 3 деца, дури и за сам човек да збориме, не треба да си принуден да работиш од утро до сутра за да живееш.
     
    Последна измена: 3 април 2022
    На Emy867, IRBBB, BezglasnaBukva и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Значи треба и на курс за нокти да ја пратиме..

    Маж си ти или жена? Маж ќе да си..
    Знаеш ли колку време треба за да направиш денес 10 кила кифли? За 1000ден ќар?

    Тоа што го пикал кај стигнел не го прави помалку сопственик на станот ;)

    Ниеден пекол не можеш полесно да го надминеш СО 3 ДЕЦА. Сама жена око нема да и трепне, макар немала ни 18000 плата
    И стан да има на нејзино име, џабе е. Сметките за еден месец ми се 6500 денари.
    Со 12000 не се живее ни во свој стан..


    Еве вака многу ме интересира..
    Кога мислите вие таа жена да си ги гледа децата со 2-3 работи?
    И кој мислите дека ќе и ги чува? Дури и да има нејзин стан и да работи во администрација за 18000 а после тоа да меси кифли
     
    На Oneo, Macito007, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Ако е одмор да живееш со маж кој те вара, пијаница, ти се гади од него што повеќе да кажам? Па пре би да работам 3 работи одколку да живеам со човек што не го поднесувам. Внатрешниот мир е најскап. Ама како што реков, пак доаѓаме на моето, избор има, само треба да се избере.
     
    На Feminka22 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.676
    Допаѓања:
    39.637
    Пол:
    Женски
    И со тоа стига до 45000? Нешо грешка да не си?

    И ја познавам ваква личност колешка на мајка ми, самохрана мајка, нема алиментација па мора да работи плус после работа и пред работа за да може да обезбеди за едно дете кое е поголемо.
    А иако основната плата ѝ е многу повеќе од 18000 пак во наши услови не е доволно за да имаш нормален живот (значи не зборам за апла преживување туку со по некој комфорт од време на време) па мора да доработува.

    Е сеа замисли за три деца колку треба.

    И да, женава дома не се прибира ама сѐ тоа си зема данок и не го може секој, особено што огромен број луѓе се со здравствени проблеми.

    Кој безобразлук е да ѝ кажуваш на членкава - ти можеш, ама не сакаш. Дај бе имајте осет.
     
    На supergirlmb, Oneo, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.568
    Допаѓања:
    252.004
    Темата не знам и во што се не премина.
    Само посакувам некогаш да се сменат работите, државата да нуди поголема заштита на мајките и жените, да престане стигматизацијата, да се поработи на надминување на одредени стереотипи и дури тогаш може да дебатираме на ниво како денешната дискусија.
    Се до тогаш, грото жени кај нас се принудени да трпаат, да чекаат прилика, да пораснат децата
    Не оти се глупи или ради ноктите, туку заради несигурноста која следува после разводот.

    Примери од типот едно дете, вработена, се вратила кај нејзините не се ни вредни да се споменат и споредбат со одредени случаи.
    Да не се пронаоѓате, јас бев истата. Едно дете, мама и тато зад мене, нормално ќе се спакувам и не ја мислам.
     
    На senjorita-v, Oneo, H.VAGA и 18 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.456
    Мислам дека немаш претстава во каква состојба се наоѓа жената.
    Мене пола од муабетите ми беа далеку од сеир, безобразни и болни повеќе.
     
    На senjorita-v, Oneo, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Ама го прави помалку сопруг и татко, и ако сака да си го поправи статусот, ќе даде се од себе децата да не страдаат многу поради неговите постапки.
    Како и да е, џабе зборам, нема да се разбереме очигледно.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    21.381
    И колку време ќе работиш 3 работи? Цел живот?
    Оти цел живот ќе треба. Децата само пред спиење ќе ја гледаат мајка им

    Еве женава што ја спомнав погоре има 40000 плата. Ама работата и бара одговорност, избрала таква професија. Ама не сите ја имаат таа професија или поскапо платени
     
    На Biljarkata, nevermet18, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.