За жал има и такви.. И мене ми е несфатливо ама ете ги има. Најчесто жените се растени во таков брак каде мајката платата земање на куп кај мажот. И во поширока фамилија имам пример таков. Тоа е.
Не мора да спиеш со него во ист кревет. Можеш да си тераш цимерски живот, колку за децата да комуницирате и за домашни обврски. Ако веќе немаш друга опција, ќе се навикнеш. Многу жени вака функционираат, дури не го ни сметаат за сопруг, туку за цимер/другар.
Различни карактери, различни менталитети, различни сфаќања на животот.. Мене еден бивши најде за сходно да ми кажува дека многу сум трошела на маникир.. Го прашав твои пари трошам? Не. После пак коментар за друго. Сега е бивши. Ако во врска ми јаде трици за тоа каде трошам пари кои јас ги заработувам, што остана во брак?
Колку е тоа така во пракса? Ај да речеме ќе простиш еднаш? Ама таквите особи ретко кога остануваат на еднаш, особено па ако им простиш. И ти нема да реагираш никако, а? Па за тоа треба да си камен ладна, или и ти да имаш на страна нешто, а тоа на што личи? Амбалажа на совршено семејство од надвор, а внатре труло. И мислите децата не приметуваат?
Pa pak se vrtime vo krug znachi. Kako sho kazhav da pravish deca, a da nemash srkshen denar ne e razumno. Teshko na decata sho zhiveat so roditeli takvi-cimeri.
Бизнис бракови. Најчесто ако имаат бизнис заеднички, или ете од инает не си одат.. А бе све има. Еден пар што ги знам а бе луѓе, слика и прилика брак од бајките. За после случајно да го видам него со друга, и кога го соочив дека знам ми вика а бе види ние со .... одамна немаме брак брак, туку само на папир сме. Она има друг јас си имам други ама ете што да се разведуваме.
Jas na primer pak znam eden par od mojot grad kade sto mazot posle 20god brak si faka svalerka , zena mu doznava i se razveduva od nego, no namesto taa da si odi od kukata so svoeto maloletno dete ,toj odlucuva taa da ostane vo negovata kuka ,a toj da zivee pod kirija vo stan.Plus kukata ja deli taa so negovite roditeli ,taa na eden sprat, tie na drug i ete den denea ziveat taka. Ne mora sekogas zenata da si odi od domot,neka zamine govedoto ako e maz neka bide maz do kraj!
Не знам зашто мислиш дека јас имам потреба од некој вид на аргумент и дека сум го снемала па затоа велам не ме разбираш. Мојот став е мој. Твојот е твој . Не мора да се сложуваме, пред се, ти ме цитираше прва. Одговорив на се што праша. @Cosmi на страна вербата во љубов, јас сум истрауматизирана повеќе. овде што зборам е од се што гледам околу мене. што на раб што по пријатели, што по роднини... Фала ти на добрата мисла, искрено и јас се надевам дека еден ден ќе можам повторно да верувам некому иако знам дека нема да е целосно. Али тоа е што е.
Не е толку за никаде, колку што им е срам да одат до социјално да прашат кои им се опциите. Постојат програми за домување, за помош, за обуки, ама никој нема да дојде дома да ти ги понуди, и во социјалното не читаат мисли.
Факт е дека платите се мали. Смешно мали. Факт е дека институции не работат ко што треба. Поддршката е многу важна, ако твоите не те поддржуваат, плата немаш или имаш многу мала, кај ќе одиш со деца. Кога ќе ти бараат јадење или имаат само патики, а надвор снег врне, ќе си речеш нека фаќа 5 швалерки ако сака. Не плаќаат алиментација или плаќаат многу мала. Работат на црно, и на фирмата и одговара не плаќа даноци, и на овој му одговара не плаќа алиментација. Примери еден куп околу мене. Да сум на нивно место и јас може ќе ќутам. Но, не знам јас друго решение освен да се бориш. Тоа е тоа, ќе се бориш, дали за ова, дали за друг проблем во животот. Така сме воспитувани, менталитетот ни е таков, ама баш затоа треба една - две генерации да издржиме и да сме жилави малце. Во спротивно и плати ќе земаат помали жените за исто работно место со маж, и куќите ќе им ги препишуваат на братот, и ќе биде осудена ако се разведе, и така натака. Ништо не е поважно од среќата на детето и од удобноста на детето и се што може да ја загрози таа среќа и удобност може да те одврати од секоја помисла за развод. Ама па мило ми е што се менуваат работите, млади девојки се гневни на вакви работи, нејќат да трпат, нејќат да се прилагодуваат. На моменти изгледа - "ај не збори штом не си во брак" и да, држи место дека ако немаш деца тешко е да се внесеш целосно во улогата на мајка, во она што го осеќа мајката, ама од друга страна, некогаш глупости си рационализираме, седиме во комфор зона и некој што е баш помлад или без деца ќе ти даде подобра перспектива одколку да прашаш некоја која има ист проблем ко твојот, ама и таа веројатно си рационализира исто. Државата ни е крш, најбитно е ако можеш на некого да му помогнеш, жени и деца се втора класа во државава така што ако имате можност да помогнете некогаш со нешто, помагајте зошто многу веројатно дека само вие сте помогнале. И во обратна ситуација, не плашете се да побарате помош, на сите некогаш ни треба. Или па да се собереме од фемина и да создадеме некоја организација, некоја фондација, да едуцираме, да собираме донации, не има од повеќе држави, оваа енергија може да се искористи за нешто продуктивно
Сѐ ќе се вртите во круг додека не сфатите дека многу луѓе немаат друга опција. Се случуваат непредвидливи работи, отказ, болест, сѐ и сешто. Колку пари можеш да имаш тргнато настрана да ти се доволни за почеток?
Самопочит и храброст ни грам.Битно им е што ќе кажат роднините и комшиите. Чувствата и страдањата на децата додека растат во токсична средина-небитни.
Немаат муда бе.По тастатура сите јаки.У реал лајф ќе ќути ќе трпи пошо ѝ е страв за 15,000 да работи, ко да не се пари 15,000 Дадов пример за социјално, алиментација, мислам има и за самохран родител некој додаток, помош од дома/роднини/пријатели.Абе кој сака нешо да напраи, ќе го направи.Јас ако запнам за нешто, пешки до Австралија ќе одам, ама ќе се деси. Реков ќе продадам нешто ако треба, алишта, еве накит ако имам, бурмата шо нема да вреди ништо, ма и неговата ќе ја продадам.