Па очигледно ти е. Друго објаснување немам. Дали ќе им се смеат на децата од надвор дека патики нови немале, или живееле во 30 квадрати. Не знам како очекувате мажот да ве почутува, кога самите себе се рамните со земја. Ако цел живот си сирота, жртва, така и ќе те третираат. Со сожалување, и без почит. Дај дигнете ја малце главата, малце гордост, самопочит.. ама џабе зборам..
Се трудам. Зашто сакам да сум самостална. Да можам утре на дотичниот да му затворам врата без да се секирам. Ни розево гледам на брак, туку многу трезвено.. Особено што пред некое време во инбокс на фб имав муабет со еден, и одма го прашав дали е женет, вика да, ти смета? Викам не ( да видам до кај ќе иде). Вика жена ми во дневна пишува домашна со децата, сакаш да се договориме на кафе? - Викам ај важи. Ми кажува каде во колку.. Вањда отиде не знам, јас не отидов, го блокирав.
Мене ме интересира колкави ви се платите што се силите дека можете сами. Дали една од вас пробала сама да живее со 15-18000? Кога ке пробате тогаш вратете се и кажете дека се се може ако се сака. Силење јас можам јас вака ке направам така онака е само на форум. Убаво зборите, се согласувам дека во теорија се е како што велите. Ама кога реалноста ке ве удри, кога трошоците ке се направат и ке имате планина да плаќате, кога ке се задолжите каде ке стигнете, ке ве помагаат некое време ама ке заврши и тоа затоа што никој нема вишок, ке разберете зошто некои велат не се разведувај веднаш.
И откако ќе ги потрошиш тие 500-600 евра од бурмите за 2 месеци кирија и сметки? Правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон. Значи ништо за разведените
Јас пре би го оставила како една членка во друга тема,детето горело од температура,тој играл кантер и рекол ќе дојдам да доиграм,дошол за 2 саати,таа плус бремена,тогаш можам да го задавам и ако е тоа пракса ќе се разведам одма,или ако е насилник,од овој аспект,од овој живот што го имам,посветен татко и добар сопруг нз дали би растурила семејство заради неверство и тоа заради ќерка ми,да немав дете би размислила. Чисто да ви кажам дека во мојте 20ти вака ревносна бев ко вас.
Znachi zhenata treba da trpi se za decata?! Kaj e tatkoto vo prikaznata?! On mozhe da go stava vo drugi. Ako tatkoto ne se zamara za decata, ne deli obvrski so soprugata i sl. e spermodonor, ne tatko.
Ako sakash da se razvedesh zaradi neverstvo na soprugot, ne rasturash semejstvo, ON GO RASTURIL. Posle neverstvo semejstvoto ne e semejstvo, SPORED MENE.
Какви програми, ништо не те следува. Жртвите на семејно насилство не се заштитени како прво. Социјалното во Мк не си ја врши работата. Психичко насилство не признаваат, даваат деца на насилници. На форумот се убаво ќе прочиташ, во реалноста е сосема поинаку. Терминот самохран се однесува доколку едниот родител е починат. Изгубена доверба тешко се враќа. Верба во љубовта, во партнерот, после се што ќе претрпеш и видеш низ разводот, тешко. Јас не верувам во маж целосно, кредити ако зимам да купам кола, колата е на мое име. И слични работи кои мене ме штитаат како жена во иднина. Работа обавезно. Ама додека да дојдеш до тој степен... Инаку многу се изневерува, како епидемија е, ама има и се уште верни партнери кои си ја гледаат фамилијата и се почитуваат. Има. И јас еден период мислев нема, ама ете, зависи што сакаш да видеш и во кој момент гледаш.
Значи според некои, мажот може да прави се што сака, жената ќе ги трпи неговите неверства заради децата.
Кај ќе одиш во тој случај одма кога ќе се разведеш? Или за тогаш магично ќе најдеш пари а во случај неверство- невозможно. Сериозна си дека би останала со маж што и се пуштал на сестра ти, тоа е добар сопруг?
Не е тоа размислување, инстинкт е. Така ти доаѓа механички, на било кој проблем, пречка, тешкотија одма ја ставаш маската пред детето за да не осети ништо. Не мислам конкретно на неверство или насилство, зборам општо за било каков проблем дома. Затоа жените кои немаат излез, немаат кај да одат, не работат, попрво ќе трпат и ќе простат отколку на улица да останат со децата. Нема гордост и его кога животот на децата е во прашање, тоа е мајчинството затоа се вели најголема жртва, безусловна љубов. Зошто не е така со татковците (или е ултра ретко) не знам, не ме прашувајте.
Види вака, може тој да се плетка со колку сака, ама ако е тука за децата кога и да им треба и финансиски и емоционално и физички, сепак е татко. За мене искрено неверството нема голема вредност. Повеќе ќе ме боли да ме шамара, да ме навредува, да ги тепа децата, а ако излезе со некоја друга, веќе не го сметам за партнер туку за цимер и татко на децата.