По трет пат ќе го пишам ова на темава, знам дека пак ќе ме изигнорирате ама ајде И во брак сум, и со деца сум, и немам стан кај да одам моментално, ама не постои сценарио каде јас ќе спијам во ист кревет со оној кој се пробал кај сестра ми додека е во брак со мене. Може нема во моментот да се спакувам, ама од вчера го мислам ова и секогаш се згрозувам. Алал ви вера на вас кои ќе најдете сила да глумите пред децата, јас не би го можела тоа, посебно па и цела фамилија замешана. Дали ќе преживувам со една плата?! Има да си плаќа и да си ги гледа децата, или сѐ живо ќе му запалам! Да не ќе продолжам да го перам, пеглам и ќе му готвам?! Нема грешка
Епа ќе се потрудам да не почуствуваат и да не патат. Ќерка ми ќе си се води според ситуација и според чувствата,моја поддршка ќе има за сите одлуки.
https://www.mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-detski-dodatok.nspx хахаха ме ребраш ти мене нешто или како?
Леле леле ова право занимливо. И ја вака се ставам на мисла да се разведам. Уште да видиме кај да најдеме пари за курсевите и чао сиромаштијо.
Ова е само ако му е одземено родителско право. А тоа ретко се случува. Ама што знаат правници овде што истото ти го кажаа, кога ти си "експерт" за се
Реалноста е дека со три деца, две плати стигаат, ама со јака организација и со тоа што родителите си ускратуваат маникири и масажи.
Како бе од каде пари,па курс за програмер е 2000 евра,сакаш да ми кажеш дека си се мажила без настрана да имаш 2000 евра? Засрами се.
Значи ако зема мајката минимална плата ништо од додатокот. Батали ова, не дај боже да дојде момент да чекаш нешто од државата. Боље кифли за викенд да меси.
Да две плати, тоа го пишав и јас претходно. Видете потрошувачка кошница, што опфаќа основни продукти. А ако само мајката работи 2 работи, кој ќе ги гледа тие три деца се мислам...
Да се засрамите и двете. Треба да им се восхитувате на овие жени, а не со ваков цинизам да коментирате нечии борби за живот. Сигурно децата посреќни ќе беа со татко пијаница, и расплачена мајка. Не се сите паразити, па на туѓ грб да јадат, пијат и спијат. Срам да ви е. Толку имам.
Како и да вртиме газот ни е позади- метафорично кажано. Стигнеме ли до оваа тема... што и да одлучи човек, скршен е ебаго. Скршен си! Дали ќе останеш или не, скршен си. Тоа е единствената вистина.
Ни сега не го перам,ни му готвам,нит го пеглам,сам си прави се,бааги зафатен е,е ако најде време и за нешто настрана да брцне алал нека му е.
Не сфаќам како има да плаќа?Едноставно не сака.На јатрва ми 4 год не и дал 50 ден млеко да им купи.Го гони кривично,еве пет месеци судот абер нема за судење.Неможеле да го најдат.Дали мислиш дека овие 4 год децата не јадат,не пијат,не одат на училиште?Не им требаат патики?Еве дај ни совет како да му земе пари.Секој ден му одеше на работа,и викаше еве денес после пет ќе ти дадам,па ајде утре,па за недела дена.Пари неможе да му земе. А околу другиот дел незнам што да ти одговорам,секакви луѓе,секакви карактери.Нивен проблем како можат да лежат до таков човек.Јасно ти е дека некој може,некој не.
Остај тоа, мож ќе даат сеа некој линк дека на 18.000 мкд, можеш у минус 2000 еура да отидеш. Ова му доаѓа сите сме на земјава, ама секој у свој свет живее. Реалноста е една и додека не те спука факт е дека никој од нас не знае што би напраил. И имаш хипотетичка реалност за која сите хипотетички се знаеме што ќе напраиме.
Со адвокат и да се активира јавно обвинителство. Колешка го имаше овој проблем. Три год немаше дадено денар за децата. Откако активираше адвокат брзо стигнаа до суд, во пресудата стоеше износот кој и го должи плус на судот да плати, плус адвокатот да го плати. И за се имаше рок до кога да биде исплатено. Ова со сигурност го тврдам зашо пресудата ја прочитав лично. А претходно се жалеше она на социјалните служби, џабе.
Комшии роднини и пријатели. И ручек ке пратат понекогаш. Точно. Ама кога си на таква позиција гледаш децата дали ке се среќни и како ке се посреќни. Дали ако живеат во мувлосан стан под кирија и не ја гледаат мајката затоа што ринта да им обезбеди основни работи, или ако живеат дома и родителите немаат секс.
Не, туку ти се ребриш сама Право на детски додаток може да оствари еден од родителите на детето, старателот или лицето на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа детето му е доверено на чување и воспитание под услови утврдени со овој закон. Ова значи дека на едниот родител му е одземено родителското право, па следува детски додаток на другиот. А на тие што имаат заедничко старателство им следува од трите ПОДОЛГОТО. А да не зборам за овој дел од законот... Право на детски додаток не може да се оствари за дете ако домаќинството поседува: 4. Заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари Вие две па се мачите да објаснувате ... Зелено е не е розево.. не бе розево е.. не бе зелено е