Ама она си има адвокат,си беше на суд даде изјава дека сака кривично,дека несака опомена.Предметот си стои во суд,и рекоа на ред е он да се појави на суд и после пресудата има рок од 4 или 6 месеци да исплати,ако не затвор.Него ниту го викнале на суд,а камо ли пресуда или одреден временски период да дадат.
Ич не ми е срам.. Зошто да ми е? Па вие рековте дека може жената да работи 3 работи и да чува деца. Вие засрамете се, јас само кажав како би постигнала се наеднаш
Па се подразбира дека развод е подобра опција од лош брак кај што децава секој ден слушаат омраза и кавги. Никој не го спори тоа. Децата чувствувале. No shit, секако дека знаат што се случува околу нив. Ама меѓу црно и бело ваљда има и сиви ситуации. Туку го тупите со тоа самопочит, борби, не знам шо, демек знаете за 1/5/10/20 години како точно ке изреагирате во одредена ситуација. Јас искрено појма немам. Вие ако сте толку сигурни значи печени сте за брак, сѐ сте си сфатиле, точни проценки правите без грешка и нема шанси да налетате на некое теле од маж, а ако се деси тоа точно знаете и детето кој ќе ви го чува додека работите три работи.
Ти ја сфаќам поентата. Сепак секој брак е приказна за себе. Секој ЧОВЕК е приказна за себе, не па брак. Кај нас не успеа таквиот другарски однос ... да идеше, уште ќе бев во таков брак. Среќа не идеше па најдов начин. Немојте да мислите само дека јас на готовс дојдов. Не. Изодев гаден и трнлив пат со ич пари во џеб. Олеснителни околности имав од типот- подршка од моите, сестра ми инвертер ми купи, татко ми фрижидер. Толку. А рачунај дека секаде е гипс картон ставено. Ќумбе купував. Болер и горе и во вц .. До чешма бе, што повеќе да кажам. До чешма. Секој почеток е тежок. И се трпи и се осеќаат последици. Ама пак ќе речам, друга беше причината
Два пати ако не се појави, третиот пат со полиција го зимаат или донесуваат пресуда без негово присуство ако не е тука. Така нешто беше, адвокатот подобро знае од мене. У превод- врски на суд да си најде.
Така си е, се си знаеме. Уште факултет да завршам и да си обезбедам иднина и топ е. За да не работам три работи де, и да не мора да ме сожалуваат на форуми. Ај мислам доста е.
Те разбирам и јас тебе, ама кажи дали имаш плата од 15-18000? Проблем е кога некој без деца, без работа и без да полни фрижидер и да плаќа сметки соли памет дека развод треба веднаш. И како физичко неверство да е најголем проблем. А не студ, глад, немање алишта. Плус ти си пробала.
Знаеме затоа што нè воспитале да имаме самопочит и почит кон други. И добри и лоши примери имам во околина. Така што, знам како ќе реагирам.
Тоа значи судење ќе закажуваат на месец дена два,тоа отишле шест,седум месеци.Па онда кога ќе се појави уште 6 месеци ќе чекаме дали ќе најде пари,оп поминала уште една год. Вкупно пет
Немам 15-18 плата. Ама 20 ми остануваат за сметки, облека, храна... за се буквално. Во превод 2000 повеќе имам
Нема да најде пари ќе лежи.Ќар нема да види од него.Сите се надеваме барем дека ќе се откаже од нив,па раат да може да си излезе од државава,ич за ништо да не го бара.И он ќе се спаси од обврска давање алиментација,и она ќе се раатиса.
Да, точно е ова се. Многу пелин има на темава, ама барем сум задоволна што не е типична фб група каде се правда мажот оти маж бил, туку едноставно сета дискусија е околу финансии. Мило ми е што се повеќе и повеќе се освестуваат жените и не ги правдаат мажите дека ради неверство брак не се растура. Мило ми е што више на сите ни е одвратно. Затоа што одвратно е луѓе. Одвратно. И не е фер. Ни кон сопругата, ни кон семејството. И тоа е добро, кога се само финансии во прашање а не менталитет. Пошто нови генерации идат, жените се се посамостојни, работат во моќни сектори, времињата се менуваат. Ќе дојде време кога нема да постои таа финансиска зависност. Може не одма, ама ќе дојде. Затоа голем, огромен дел од мажите се плашат од самостојни жени, од феминизам, од независност. Пошто голем дел си се научени дека жената е замена за мајка му, ќе му слугува на царот а овој ќе прави што сака. Секоја чест на исклучоци. Апсолутно не се сите вакви и ме радува што времињата пак ќе кажам се менуваат. А за членката пак ќе повторам, дојде да си ја каже маката, не и се сипајте. Жено, мислам дека треба да не баталиш тука, не сме ти од корист, само ќе се нервираш ако не читаш. Ти ја посакувам сета среќа на светов, и ти посакувам да најдеш нешто што ќе ти носи серотонин во животот, нешто да те радува. Другиве вистина припазувајте, се работи за проблем на човек кој е од крв и месо, а не обична тема кај што си разменуваме мислења.
Ако нема пари, нека лежи. Секој нека си ги сноси последиците. Таа веќе сносува последици поради грешка. Нека сноси и тој .
Има многу жени и мажи кои се во брак а буквално работат по две работи или по 12-14 часа на ден. Скоро сите занаетчии работат од сабајле до вечер, истото важи и за ИТ сектор, мајстори, фризерки итн. Зошто упорно се вергла дека жените тоа не го можат сами? Не е до него дали ќе сака. Затоа постојат извршители, сестра ти нема што да чека на судот, решението под рака и налог за кинење од плата му стига за една недела Браво така како од ракав си тумачите закони, каде тоа пишува дека тоа значи?
Како успеваш со таа плата? Кога велишти остануваат, значи и други трошоци имаш. Не сакам да ти го разглабам животот, си правиме муабет.
Не е ова секогаш точно. Пример ќе дадам близок член од фамилија, золва ми работи од сам почеток со плата над 500 еу, сега после некоја година има плата 800 еу. Не е од богата фамилија со врски на сите страни, свекор ми и свекрва ми се стари луѓе со основно образование. Аплицираше секаде, се трудеше и успеа. Ама има знаење. Не е дефицитарна струка, ама работи во добра фирма. Ако утре ден се разведе со маж и ќе може сама детето да си го гледа. Не сите се на грб на мама и тато, и мама и тато да им нашле работа, или мажот да им дава пари за се, некој со свој труд и знаење спечалува се.
Каков налог,какви бакрачи.Вработен е а не е пријавен.Во суд е точно посочено каде е вработен,а ништо не се превзема.
А добро океј тогаш ако си воспитана со самопочит, не знаев. Друго е вака. Значи за џабе се секирам јас, штом ми е одма обезбедена иднината после дипломирање, топ.