Госпоѓица Мина, предпоставувам или можеби госпоѓа ама не, се гледа дека не си мажена и не си имала вакво искуство до сега. Сето ова што ми го кажа, да ти речам благодарам, ама се ми поминало низ глава и ти ништо не ми кажа ново, значи да не речам џабе си го утепа времето. Јас веќе знам како понатаму и не знам што друго да ти кажам различно од она што и го кажав на Амема, само ќе повторам немој да бидеш сигурна, ама немој те молам никогаш да бидеш сигурна во животот ако ти се случи такво нешто нема да простиш откога се ќе ставиш на кантар. Значи некои луѓе заслужуваат да им се прости и да им се даде втора шанса, а некои не - има голема разлика. Можеби си во право дека она себе си дава втора шанса, ама јас не ја гледам разликата дали себе си дава шанса или мене. Крајниот резултат е или ќе живееме заедно или не. Не ја познаваш жена ми, не ги познаваш приликите и условите во кои живееме, не ме познаваш мене, не знаеш што се таа направила за мене, ама или ќе не биде или нема да не биде. Ако не ме сака повеќе тоа ќе го откријам многу брзо. Трето нема и подобро да живеам сам отколку со цела фамилија ама формално, тоа не е фамилија, тоа е грев и према децата. Нив не можеш да ги излажеш дека има љубов.
sekoja cest za tvoite tazmisluvanja povreden,ako e taka kako sto pisuvas ti si retka bilka,velis deka ti e mnogu vazno kolku pati te izneverila ,navistina nebitno stom go znaes covekot i mozes ponataka da prodolzis so toj fakt samo pofalbi,sepak moj sovet e da si dadete vreme i da si prostite eden na drug i vasite bracni problemi resavajte gi podaleku od ocite i usite na decata.ljubovta ako ja ima ke gi razresi site problemi .pozdrav [mod-kirilica:2so9ukas][/mod-kirilica:2so9ukas]
Хмм...не знам со што заслужив да ми возвратите со ирноија во вашиот пост...сепак не ми е дотолку важен начинот на кој ми реплицирате затоа умерената доза на подбивност ќе ја игнорирам! За моето неискуство (читај искуство) можете само да претпоставувате,но не случајно си допуштам да коментирам на проблеми од толку значајна област! Брачни неверства е темата на која докторат би можела да спремам Е тоа е мој проблем а овде е вашиот проблем јавно напишан и исто толку јавно можеме да коментираме сите кои имаме што да кажеме! Поточно кажано зборот ми беше- Таа погрешила а не ти! Направила неверство (еднаш,двапати,сто пати-ваш поблем),не ти признала а богами и нема да ти признае, а ти и понатака голтај колку можеш само пази да не биде некој преголем залак та да се удавиш! Пу Пу Пу скраја да е! Според мене треба да те засега тоа што неверството не се случило еднаш, туку пвеќепати, тоа траело...а во прашање е временски период во кој секој нормален човек би имал време да се покае,да сфати дека згрешил! Но во твојот случај сопругата си го користела времнскиот период за уживање,а не се замарала со совест и со каење! Значи било свесно, било без каење и вина, било планирано...не било само грешка туку било уживање кое ако не си го откриел најверојатно сеуште ќе траело! Ако проблемот беше ваков: ја фатив жена ми дека еднаш ме изневерила и сега се покајува,дали да и простам???? Е тогаш ќе си помислев,еднаш било,се покајала и нема да повтори! Ама случајот на жена ти траел, не станува збор само за момент! Јас дури и не ти се чудам на тоа што си и простил, туку напротив ти се дивам на тоа (најискрено), според мене ти не си слабак туку многу си храбар затоа што свесно се впушташ во градење на нешто кое некој друг го опустошил! Ако јас бидам во слична ситуација, не можам да знам пред време дали ќе простам,не знам навистина...ама не гарантирам дека нема да простам! Се чувствувам должна уште ова да ти го кажам...Ви коментирав со добронамерна цел и навистина ви се извинувам ако ве навредив! Се надевам проблемот ќе го надминете!
Добро утро на сите! Стварно ме изненади со твоето зрело размислување,реализираш ситуација а недаваш догма-вака и точка.Имате подршка од многумина на форумот само би повторила-ако веќе решиш да и опростиш тогаш опрости си и себе,и настојувај што е можно повеќе да не размислуваш на тоа.Сепак ви посакувам многу среќа и заеднички денови Поздрав до тебе и до сите вас!
"Фемина Брачен советник " Бракот личи на печурка, дали е добра или отровна ќе забележиш кога е веќе доцна . Доброит љубовник е како скап детергент ! -Дејствува брзо, - продира длабинско, -пријатно мириса, -И што е најважно не остава траги. Ако во случа ја забележите покасно трагата, за вас почнува нов почеток или крај . Сувишни се зборови ... се е кажано само да се протолкува.
КАТАСТРОФА како може вака некој да размислува. Вие кои спиете со женети мажи се ставате ли некогаш во обратна ситуација, како би ви било кога вие ќе сте сопругата која е изневерувана, или немате проблем и со тоа ?
Од кога мора да бидеш со женет човек за да се чувстуваш секси и посакувана??? А и ако си во брак зарем не може мажот ти да ти го пружи тоа? Бог да чува со вакви размислувања!! А фанцула ете чисто информативно во 21 век јас сум верна! Никогаш немам изневерно ниту еден мој дечко, а сега за мажот ми и не помислувам на вакво предавство!! Тешко на оној кој ќе се одлучи да има фамилија со тебе, со овие размислувања што ги имаш. Очигледно бракот не ти значи ништо.
Како можете да стискате палци за вакво нешто,што ако станува збор за заведување токму на вашиот маж, можноста е мала но случајности постојат,може и не се тоа случајности ?
Да го разбираа бракот сите како што го разбирате вие тогаш подобро да не се стапува во него. Туку дај сите да се вратиме во примитивното општество да почнат сите да шврљаат наоколу па и оргиите да се вратат зошто да не. Можеби тогаш ќе се почувствувате задоволни.
Povreden,покрај моите 17 години,недоволни за да ти дадам некој посебен совет,само сакам да ти го кажам моето мислење,слично на твоето решение за оваа ситуација.Мислам дека твојата одлука за втора шанса е добро решение бидејќи како што кажа и самиот има луѓе кои заслужуваат и оние кои не заслужуваат втора шанса,за било што во животот.Вербата дека ќе успеете и дечињата нека бидат причината за таа втора шанса.На твојата сопруга останува дали ќе ја прокоцка или ќе ти се придружи да се вратите во прав колосек.Децата се многу битен фактор во ваквите случаеви бидејќи има многу примери како израснале деца на разведени родители.Тоа за нив е траума.Факт.За тоа дали љубовта ти е возвратена само ти ќе можеш да осетиш и дали си згрешил за пружената можност само времето ќе покаже.Она што се случило еднаш,немора да значи дека ќе се случи и втор пат,но она што се случило два пати,сигурно ќе се случи и трет пат!Само ти ја познаваш твојата сопруга и знаеш дали таа ќе ја испочитува оваа твоја одлука,но овој пат биди повнимателен.Ако не дај Боже тоа што се случило се повтори и самиот знаеш што е следно.Тогаш мора да "падне" жртва..Јас ти посакувам се да се врати во најдобар ред и вашиот дом повторно да се исполни со хармонија и смеа.
јас пак мислам дека ваквите предизвици во животот можат да те доведат до многу комплицирана ситуација....ЗОШТООО???зарем сеуште не си сватила дека сите мажи се исти,себични .....самобендисани и арогантни.Извини што така ке ти речам,ама потполно грешиш,си имате дете...колку што прочитав не напиша да те изневерува,да те понижува..........па што сакаш?да си играш со оган???Можеш да си го уништиш семејството,ДА,само со еден обичен флерт.........и мојата другарка така прво де кафенце,де сокче,де слаткиши.........и на крај ја легна ШЕФОТсосила,па заврши и во болница и тоа мажот и спиејки дома со децата,таа демек ноќна смена........и така се се искомплицира и се разделија на крај,и потоа мн проблеми.....немоооооој,стави СТОП на таа играчка
Значи, морав да пишам едноставно не можев да издржам ,колку судите Во еден пост напишан од кој и да е не можете се да дознаете за личноста, за ситуацијата,поготово зборам за младите девојки кои уште се секираат за своите дечковци(без навреда)а коментираат за еден брак. Да се разбереме бракот е далеку покопмплицирана работа од една обична врска,не сакам никој да навредам ама мислам дека кој и да има проблем можете со убаво да му кажете и објасните, а не да судите!!!!!!!
аман па вие со тоа судење веќе преку к*р! ма ич не пишете веќе по форумот ако очекувате само да ви коментираат членови кои ќе се сложат со вашата постапка! И што толку ви се суди, судење е тоа што некој ќе отвори карти и јавно пред сите на форумот (а замисли анонимно е) ќе ви ја шлапне дека неверството е грев??? Не можете да поднесете овде на форумот непознати личности да ви судат,личности за кои вие сте само една анонимна особа со измислено име и смешна слика...а можам па да замислам колку болно ќе го поденсете тоа кога ќе ви судат вашите семсјства,кога во фаца вашето дете и маж ќе ви кажат дека им се гади од вас! Тогаш ќе биде судење, ова овде е само коментирање од членови кои ве подржуваат или не ве подржуваат!
Ние не пишуваме некој да се сложи со нашата постапка или не! И какво отварање на карти бре душо?Од еден обичен пост можеш да разбереш се?Неверството е грев да, но тој е наш грев мила!Само ова ке ти напишам зашто од твоојв пост заклуцив дека си малечка за да разбереш многу работи ( не се лути) Нека прв фрли камен тој сто не грешел
И сега немаше што друго да ми кажеш па најлесно ти беше да се оправдаш со тоа дека не сум те разбрала! Ако добро го разбра мојот коментар на твојот случај (во темата крзи во бракот) ќе сфатеше дека не зазедов ,,советодавна позиција,, туку само ти напоменеав дека неверствто комплицира а не олеснува! А тоа значи дека не сакав да солам памет таму каде што не ми е јасно колку сол да ставам! Значи кажав онолку колку што ти ни кажа нам преку твојот пост! Но знам колку груба треба да бидам спрема жените кое наместо решение во бракот тие бараат секс со друг маж! НИту ти ниту ниедна друга нема да добие коментар од типит,, леле душо тешко ти, продолжи да се еб’ш со швалерот барем тогаш си среќна,, Вистина е дека преку еден пост малку може да се сфати, но едно е јасно како ден...ти си го изневерила мажот а за тоа неверство бараш подршка (која за жал не ја добиваш)! Секој на свој начин ќе го искаже мислењето за напишаниот проблем, ако ја читаше темата ,,брачни неверства,, досега ќе знаеше дека тоа е мојот начин!
Девојко па кој ти се правда на тебе?малце фрустрациите да си ги истураш на друго место може? Не реков јас дека е во ред тоа што го правам ниту мислам на тебе да ти се правдам ниту на никој секој си решава сам за себе така да......Имам јас многу да ти кажам ама нема да разбереш а ниту сакам било кој да разбере! Мојата ситуација е таква ко шо е и да имав можност ке си се разведев а не да трпам све и свашта ама сепак не гледам што би ти објаснувала тебе ко некои работи треба да ги проживееш за да ги сватиш И NE BARAM JAS OPRADUVANJE ILI PODRSKA тука само делиме искуства!
Се согласувам со Мина. Кога ставате мислење на форум и кога го „споделувате’ вашето искуство не може да очекувате дека ќе коментираат луѓе кои лично го доживеале тоа или оние кои се согласуваат со вас. Секој има право на свое мислење и нормално од толку луѓе на форумов ќе се најде некој што не мисли како вас. А кога нема веќе со што да се противите доаѓа вашата реченица дека некој ви суди или си ги лечи фрустрациите овде. Истава работа ја имам видено на многу теми. Како прво не си компетентна да судиш за нејзината лишност и да ја навредуваш кога таа на најцивилизиран начин си го кажа своето мислење. Ама тоа е така зошто вие барате тапшање по рамо... Е нема. Си имаат сите сопствено мислење и си го искажуваат. Се извинувам за офтопикот...
Се изнервира??? Ок lorijana, не се првадаш никому, не кажуваш проблем туку само споделуваш искуства! Да, да...секако Сепак ти имаш проблем, и ти си во загрозена ситуација...а не јас! Проблемот и решението се твои... И за друг пат размисли двапати пред да споделиш проблем ...пардон...мислев искуство ...бидејќи на форумот не ти се сите истомисленички! И понатаму го имам истиот став, неверството дополнителни ги отежнува кризите во бракот, неверството не е формула по која се стигнува до спас на бракот! Не мора да се сложиш lorijana
Ајде девојки, малку смирете ги страстите. Сфаќам дека секоја има свое мислење и тоа е во ред, само немојте да се препукувате меѓусебно. И почитувајте ги мислењата на другите, ако сакате и вашето мислење да биде почитувано и прифатено, и сфатете дека сите не го делат вашиот став.