Како бе Кате ќе нема финансиска зависност жена од маж? Ете скоро секој втор пост тука е „летате со паметот“. Значи сите на крај истото не чека, цело време тоа јас го читам од жени во брак и со деца. Дека и да си амбициозна или снаодлива џабе ти е, леташ со паметот, врска немаш. Ќе те видам кога ќе си со маж и се едно исто. Ова е тажно, претажно...
Судот не е надлежен за тоа https://dit.gov.mk/?page_id=202 Еве линк за анонимно пријавување на фирмата дека има непријавени работници. Во инспекторат стига налог и инспектор мора да се пријави на терен, обично ги опоменуваат прво, па да видиш како веднаш се пријавени после тоа.
Пишав во претходните мислења, самопочит во смисла жената да не седи во ист дом со мажот кој ја изневерува.Да не ќути и да не трпи.Да замине. Таа што ќути и трпи нема самопочит.
Па ни јас не сакам многу да зборам за моите лични примања и трошоци, ама бидејќи може на некоја ќе и се најде, пишувам. Кај мене се е добра организација. Ко што реков претходно, на мајка ми не и дозволувам сметки да плаќа. Фала и што ми плаќала до 18 год, нема потреба понатаму. Ако некогаш ми загусти, знам нема да ме остави на цедило. Облека... секое дете расте. Среќа па, тоа што го носи на пролет му е точно на есен. Ама пример не правам шопинг кога почнува сезона, туку коа е крај на сезона. И место 500 за панталони ќе платам 300. За детето зборам . Храна...колку едно дете може да изеде... Но никогаш ништо не фалело. Јес да, да е жив и здрав месар е ама пак, не е тинејџер, сепак е дете од пет год. Сметките ко сметки. 10 000 одат на тоа. Плус гориво. Како собирам за регистрација, данок, одмор? Од проекти на раб. Порано повеќе зимав, сега многу послабо, ама пак, капнува. Сега и факсот кога ќе го префрлам на вонредно ќе биде интересно ама како што сама можеш да приметиш..се отвараат врати. Велат среќата ги следи упорните...
Инспекторатот е над судот?Ако е,да и предложам,зошто судот знае каде работи и дека е непријавен. Меѓу другото судот не го интересира дали он е вработен или не,он мора да плаќа. Е сега што се толку споро оди е кривица само на судот.
Не ти е, сама треба да ја обезбедиш. Да најдеш стабилна работа, да имаш визија и цел. Не е само факултет да завршиш. И тоа било кој. Треба да имаш план, со туризам завршен без туристичка агенција на твоите, или врски во некоја, ќе работиш за 18000. Со медицина, на пример, нема.
не знам зашо плачеш, пошо јас сум многу среќна.... барем околу ова. абре луѓе... јас бев во брак коа јадев во петок на пладне и следно јадење ми беше во понеделник сабајлето не секогаш значи ако си во брак се ќе е лесно. затоа реков секоја приказна е различна. мојава ете има среќен крај
Не е инспекторатот над судот, различни институции се. Судот нема таква функција. Треба некој од вас да ја пријави фирмата. Сестра ти секако треба да го носи решението на извршител, а овој кога ќе биде бившиот пријавен, АВРМ го известува каде е вработен и му се пушта налог за наплата.
Извини, не сфатив, киријата е вклучена или само сметките без кирија се толку. Не е злонамерно прашањето, не мораш ни да одговориш, само поради претставата за трошкови и животен стандард со една плата.
не сум под кирија Дани. спомнав поназад ама изгледа не си видела. кај што живеев порано, куќата има нов дел и стар дел. јас стариот го реновирав и таму живееме со син ми.
За алишта истото го правам. Не дека не купувам и без попуст, ама тоа ке се една две блузи. За пролет му купив во зима кога беа три блузи 400 денари. Нема причина да плаќам повеќе за нешто што ке го носи две сезони. Патики купувам кога се на попуст, боја небитна. Значи ти имаш знаење и можеш сама. И алал да ти е за тоа. Верувам си пресметала што е подобро. Е сега, да се три изводливо ли ке е?
Знам дека не се иста институција и затоа скроз ја побркавме работата.Он е вработен а не пријавен.Ние ќе пријавиме,еве и ќе ја казнат фирмата и ќе го избркаат.Ама ние немаме корист од тоа,сфаќаш?Ние неможеме да ги земеме парите што он треба да ги даде.А он ако не работи таму,ќе работи на друго место непријавен,бар тоа е лесно.
Не знам. Не верувам. Како што гледаш ако виде поназад, воопшто не ставив во уста пример од овде и да произнесам мислење. Зборам за себе лично и за блиски примери. За животи од форум не ..
Не бе Рози, не е верувај. Не си свесна какви мислења имаше кога се зачленив, мажи ко мажи, изневерил па што ако, ги бранеа како да ги амнестираат од изневерување, не си свесна какви гадни коментари имаше. Имаше коментари што ги осудуваа жените што сакаа да си идат од такви, демек будали, за неверство маж не се оставал. Овде грото сите го осудивме неверството, дискусијата е како да се продолжи после тоа од финансиска гледна точка. Верувај тоа е огромен напредок. Baby steps се подобри од no steps. Оти ти викам, ќе дојде време жена да не зависи финансиски од никој. Многу родители играат паметно и решаваат стамбено прашање на децата, без разлика на полот. Е кога имаш стан зад себе, други песни се пеат. Се макнавме од тоа 'маж е, го личи', што верувај за држава како нашава е огромен чекор.
Па ни јас не зборам. Ама многу овде зборат. Без ден улично искуство. Без челичење. Само теорија вака така. Развод. Развод. Развод. Емпатија не, крива е што ширела нозе на 20. Ке меси кифли викендашки ама ке се разведе. Деца ке чуваат комшии а роднини ручек ке пуштат. Децата чувствуваат емоции ама глад, да одат голи и боси не.
За ширење нозе, Нена се извини. Нејзе и е речникот малце заебан да речам Не знам колку ја знаеш, јас редовно ја имам читано низ годиниве, ама е репер за јака жена. Затоа е малце крута. И јас не сум баш пуфлеста пудлица искрена да бидам само еве учам повеќе да објаснувам За другото немам коментар. Се со годините си иде.
не е од тага, или од жалење, ме допре некако.. чим си ти среќна, заеби ме мене шо си цмиздрам вака.Емотивец сум
Немам видено. Ама толку пати го повтори тоа, а е толку небитно. И на 20 и на 40 мора да се рашириш и за правење и за раѓање. Проблем е обидот да се понижат младите кои поради икс фактори родиле и се во незавидна ситуација. Плус во независна ситуација може да се најдеш и по 10-15 години брак. Не ја знам патем.
Веќе ти пишав дека обично прво ги опоменуваат фирмите, а вака секако пак немате ќар кога не можете да му наплатите. Ако го избркаат ќе најде друга работа, па има фирми кои не сакаат да држат работници на црно. Како не се изморувате од толку изговори, а ви е тешко да се изборите за она што припаѓа на вашите деца.