Кате, вакви коментари имаше и тука сега баш, не знам дали ги фати дали е читано тоа. Не е ни битно. И баш ми е криво што така со потсмев се гледа не девојки кои имаат имот од родителите. И ова е напредок, родители да препишувааат на женски деца. Ама, не знам зошто е смешно уште тоа. Се надевам и јас дека ќе дојде ден кога нема да зависи жена од никој. И тоа мислам во смисла не тајно да крие денар за децата, пошто за децата двајцата родители треба да штедат. Туку сама за себе, за вакви испади да нема. Оти човек без пари од мака на се ќе се согласи. Зборот ми е, јас сум за развод кога жената ќе осеќа дека треба развод. Ги има такви и што не ги погаѓа баш тоа што се изневерени, добро. Не можеш со инка да и ставиш чувство на себесакање. Има црвени линии и во брак и во врска кои не треба да се пречекорат за мене лично. Мене изневерување ми е знак на страшен дебелизам и дека партнерот не те цени. Си има и отворени бракови, полигамни, ама тоа не е тема... Секоја жена си има право дали ќе остане дома ако сака или ако има потреба или ќе оди на работа. Ама, ако дојде до степен сама свесно да не сака да оди на работа, а маж и ја изневери јас не знам што да кажам. За мене тоа лично би ми бил жив пекол да му ја гледам фацата секојдневно, а притоа немам излез пошто немам скапан денар. Тоа после си носи и подлабоки ментални проблеми. Може не одма, ама после години години ќе се јави некое делче што ќе те копка.
Па јас убаво ти кажав дека ако не сака да даде ќе те зеза.Еве ќе си лежи пари нема да видиме,зошто толку пари нема да даде.Те прашав на кој начин да му се земат пари викаш пријави ја фирмата.Ок нека се изговори.Да не дојдеш во позиција таткото на сопствените деца да го бркаш за пари. Инаку не ми е сестра ама ај и тоа небитно
Си измислувате глупости, затвор не се лежи за паричен долг, тоа не е кривично дело. Само наплата преку извршител е решение.
Ако добро ве следам зборувате ако не плаќа некој алиментација дали може да лежи во затвор? Јас познавам човек што лежеше скоро 6 месеци во затвор поради неплаќање.
Што зборуваш бе девојче?Кривично се гони за не плаќање алиментација.Извршител што да му наплати,нема ништо на негово име,живее под кирија,на туѓ мебел спие.Што да му земе? Единствено има забрана да излегува од државата за да не избега.
најјака си! Не е смешно ич. Тажно ми е ептен, да не си во кожа на жените со мака. Туку, знаете што ми е потажно? Како ја наредија животта овде на форумов, за заработувачка. Човече, депресија ме фати само што читам. На што ќе личи таа жена, кога ќе папса еден ден од работа. Жално за силењево на форумов, што сѐ не им се понуди како опција за да опстанат жените во невоља (ако сакаат)!
@GirlRose Оти го извртуваш муабетот дека со потсмев се гледа на наследен имот од родители алудирајќи дека се поддржува само машките да добиваат наследство? Стварно не сфати дека се укажуваше на различните околности со кои се соочува една жена ако треба да мисли 10 000од 15 000 да даде за кирија а сосема подругите ако има добиено наследство и е поштедена од екстра трошокот.
Грешка си слушнал Едноставно нема таков закон. А со оглед на задолженоста на народот, ќе немаше места по затворите.
Ако на тебе ти свиѓа, не мора да значи дека и на друг ќе му се свиѓа. А и не можеме сите да се знаеме, па затоа осет малку да се има не е лошо. Јас родив на скоро 36. Имам стан, солидна заштеда, родители кои никогаш нема да ме остават на цедило додека се живи, странско државјанство со кое ако тука не ми чини утре можам да заминам, струка која надвор е дефицитарна и многу повеќе платена... И пак бре не можам да се чукам во гради како многумина овде. Пак се плашам за иднината на своето дете и сакам бракот да ми опстане. Може имам комплекс на нижа вредност или овие другите имаат комплекс на виша вредност.. Трето нема. Или сум се соочила со некои работи и знам како е да си високо горе и оп, утре си долу од нигде никаде. Па стравот постои. Јас знам дека во животот ништо не е со гаранција, но како изгледа се лажам. Ама кога се зборува на памет, безстрашноста е неминлива, па и невозможното станува возможно.
Блиска личност од фамилијата ми е, со години не плаќаше алиментација на ќерка шо не ја признава, му дојдоја дома полиција и го собраа да лежи неколку месеци, шест беше.
Пих на Udemy за 15-20 евра курсеви за што ти душа сака. И тоа колку се детални, има сѐ да научиш. После малце ќе се доусовршиш, па овде сертификат онде сертификат, ќе баталиш и нокти и кифли. Дур го чува комшивката детето, пошто ќе ти ѕвони над глава, а тебе ќе ти треба концентрација. Програмер да будем!
Ние двајца го имаме следното мислење: Развод треба само ако партнерот станува крајно неспособен и неодговорен спрема брачните обврски: - Одбива да мисли како да заработи повеќе - Не се грижи за сопственото здравје(стекнува пороци) - Незаинтересираност за никаков напредок и слично кукавичко однесување - Глумење лудило и лигавење омаловажувајќи се себе и семејствотото само за да најде швалер/ка и да се крие по коли у темници... А чист секс од физиолошки, биолошки и хедонистички причини со друг партнер, никогаш нема да го гледаме како проблем ниту изневерување.
Nikoj ne zboruva na pamet. Tuku treba da imash pochit i ljubov lon sebe si. Ne sfakjam kako ne mozhete da razberete koe ponizhuvanje e da ve izneveri partnerot i da ostanete so nego. Ne sfakjam kolku treba da ne se sakash i cenish sebe si za toa. Ednostavo nema dobra prichina za da se prodolzhi brakot posle neverstvo. Ni edna prichina ne e dovolna za toa.
Toa taka vie ste se dogovorile. I zhenata da ide so drug da ima seks i mazhot, nema da vi e problem. Tuka stanuva zbor za pravenje zad grb na partnerot.
Разведена си или изневерена? Нека е ова последно од мене на темава оти очигледно не сме на иста бранова должина Прво, не испревртувам. Зборот ми беше, а и не можеш да негираш дека беше пристапено со потсмев на членките кои имале наследство од родителите. Баш беше невкусно. Не знам зошто се потсмеваа за тоа, не мислев дека е причина да е на машкото. Не знам која беше причината, ваљда да се долови некоја нивна поента. Второ, спомнав дека е напредок во смисла на мал чекор што веќе се заборавува тоа наследството да е САМО на машкото. А, не дека сте кажале дека не е на машкото и затоа било смешно дека е на женското. И последно, буквално ако ме читаше и претходно реков, дека немам ни јас наследство и тие што немаат подобро е да заработат некој денар пред така да се впуштаат во брак.
Не може да ми се свиѓа жена која на 40 и кусур практично се сити на жени кои родиле млади и не знаат што да прават. Не добиле сите вредни совети како неа. Мене ми кажа дури дека сум му учинила на маж ми, дека тој не сакал да стави кондом па останав бремена. Ни ме знае ни познава. Кој се насмеа на имот наследен? Се коментира дека некоја со наследен имот не може да се сили дека е независна. Не само тоа. И за животот пред брак се збореше. Независност, работа од 16 години, се може ако се сака ама мама и тато да мислат на сметки.
Постои закон за неплаќање алиментација https://jorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/03/законик-пречистен-текст.pdf