I da mi gi dadesh tvoite ochi majchinski, nikogash ne bi se ponizhila da zhiveam so nekoj koj mi zabil nozh vo grb. Vtoro nikogash nema da baram izgovori da ostanam bo losh brak so izgovor deka za deteto e podobro. Ne, ne e podobro. Chuvstvuva, znae deka neshto doma ne e vo red. I zatoa shto e malo, chuvstvoto na vina ke se pojavi kaj nego, shto mozhe mnogu da vlijae na detskata psiha.
Дај Боже ни јас, ни ти, ни ниедна жена/маж на светов да не го искуси тоа. Оти на крајот на денот од сите одлуки, добри или лоши, најмногу трпат децата.
Нема потреба да одиме од една крајност во друга. Оние кои на секој проблем пишуваат коментари "oди си", "цени се повеќе" "разведи се" и сл. најчесто не се ниту во брак, ниту имаат деца и од она што го читам по темите финансиски се обезбедени и најверојатно имаат каде да одат, затоа и се расфрлаат со такви коментари. Затоа пишав и во почетокот, не зборувам конкретно за никого туку има секакви ситуации, има разлика од проблем до проблем, од брак до брак. Темата е брачни неверства, се отвори дискусија зошто кога една жена е изневерена не го напушта сопругот. Сите пишавме некоја причина или пример од околината. Неверен сопруг под дифолт не значи и насилен сопруг. Исто така не значи дека ако е неверен дека е лош родител. А што се однесува на алиментацијата колку многу ги има што не плаќаат, ниту со години плаќале алиментација. Работат приватно, немаат пари на сметка и не можеш да им земеш ништо, само да се нервираш. Многу е лошо кога двајца возрасни меѓусебе не можам да најдат заеднички јазик или разбирање, па водат инает преку децата. Пак ќе кажам, не секој има стан од родител. И не сите имаат по едно дете, па се да му припадне нему. Има луѓе со по 2,3 деца и сакаат на сите да им обезбедат исто. Ретко кој на 20-30 години успеал да си купи стан. Познавам такви кои имаат но најчесто им се наследени/купени од родителите. И пак ќе повторам, не секој го има тој луксуз. Од друга страна пак познавам жени кои и си најмала ситница си го земаат детето и назад кај мама и тато, по два дена се смируваат со мажот и ајде пак назад и така цело време во круг. Факт е дека темата е деликатна и може да се надмудруваме до утте. На крајот од денот секој си знае и одговара за себе и како мисли дека му е убаво така нека си прави. Само не осудувајте и оставете ги фалбите колку сте независни и самостојни за некој друг пат.
Јас и ти изгледа нешто или не се разбираме или не ме читаш.Поднесена е кривична пријава,делимично почнат судски процес,мајката веќе беше сослушана.Ако не сме сакале да лежи не би го гонеле судски.Нормално како и секоја мајка сака да го добие тоа што им припаѓа на децата.Оди по правен пат зошто поинаку неможе.Судот на него ќе му даде шанса да не лежи,ќе има временски рок кога ќе може да исплати,ама познавајќи го пари нема да видиме,него само ќе лежи.Ме разбра?Од судот сакаме да си ги добиеме правата што ни следуваат.
Не можев да дочитам, од шо се напнав. Еве ви една брилијатна идеја: Не се мажете и не раѓајте деца, освен, ако сами не сте способни да ги издржувате тие деца и себе си. Бракот, како општествено уредување, станува опсолитен. Тие што сме веќе во брак, ќе се снаоѓаме како знаеме и умееме. Ај сега манете едно оро, па да се потпишеме под ова сите.
Еј стварно не зезај. Среќа па што живееме во државичка кај што законот е на прво место, што ли ќе правевме ако не беше така?
Ќе си плачеме и ќе си чекаме на мажето пошто на Фемина нѝ рекле така, и нема да се потрудиме ич пошо дигаме раце лесно од сѐ
Човек неможе да ве дочита колку сте навлегле у дискусијата на кој колку има и цените. Јас до сега едно нешто имам сватено за овој форум може и грешам не викам не. Секоја една што ќе побара совет овде за толку голема одлука во животот не бара причина да го остави кретенот, бара тапшање по рамо и валидација да остане. Јас ако сакам да го оставам мажот на крај памет нема да ми падне у таа агонија од тие неколку месеци додека да видам кај дум што сум што со дете да седнам да се оправам на фемина. Може да го правам тоа откако ќе заврши се. Пред тоа тешко. Затоа џабе се и 1000 коментари. Секој ќе прави онака како што е наумен. Ќе дојде ќе покука ден-два колку е сопругот говедо, ја варал, ја малтретирал психо-физички нити ќе дојде пак нити ќе примени било што од она што ние тука ќе тупиме и ќе се докажуваме 3 дена. Дискусијата како дискусија тука и ќе заврши ниту ќе убедите некого у вашите убедувања ниту тие вас. Него убав ден ви сакам на сите до една и правете нешто што сакате денес.
Младите се со сосема поинакви размислувања и погледи отколку на пример мојата генерација. Не се толку толерантни и никој ни маж ни жена не би трпел било што и би седел во брак во кој не гледа никаква иднина. Од една страна е и добро што се така самостојни, освестени и можат сами низ животот. Ама па од друга страна таа себичност и мислење само за себе би довела само до едно. Не размислуваат воопшто за брак и многу поретко за создавање семејство и деца. На крај секој со својот памет и соништа.
Не,и јас кога бев помлада исто размислував скроз вака,очи ќе ти ископав,ама не било така. Некои работи треба да се осетат,друго е теорија,друго е пракса. Многу многу фактори се во прашање. Не може да генерализирате. @Lady D ❤️ од кај знаеш ти каква е изневерена жена?
Не е себично ако не размислуваш за брак и деца. Право на избор е. Исто како и стапувањето во брак и раѓање.
Како е тоа себично? Себично е да планираш да основаш семејство за кое не си доволно финансиски/психички/емоционално стабилен да го имаш.
Јас па мислев се подразбира тоа. Нели ви кажале на вести- децата се за богатите. Порано тоа беше случај со науката. Oh wait, тоа сеуште важи Енивеј, среќен нов 21 век и со здравје да си го живееме неолиберализмот.
Да, право на избор е. Ама сепак себичност е да мислиш само за себе и на никој друг и ништо друго да не те интересира околу.
Јас не знам зошто и неизневерени и неразведени пишите на темата. Подеднакво неискусни и нерелевантни ко немажени и немајки е. Почитувам шо прочитав од овие групи. Се друго е удирање во гради за кур*здравје.
Себично е да седиш вo брак со маж кој те вара и да ги изложуваш децата на тензии и расправии. Не е себично да гледаш да имаш образование, работа и имот пред да влезеш во брак и пред да правиш деца. Баш е паметен избор да се имаш обезбедено за во случај да завршиш во брак со погрешен маж за да се тргнеш себе и децата од токсична средина.
Најверојатно ова ќе е мојот последен коментар. Мојот став и мислење го изнесов вака,од аспект на живото што го живеам сега,односот на мм спрема мене,спрема ќерка ми,залагањето во домот и слично,се да е исто вака и да разберам дека ме изневерил 100 пати ќе размислам пред развод. Ако не ме ферма,имаме кавги,не е околу детето,не води сметка за домот е тогаш богами не би ни чекала неверство. Се надевам појасно е сега пред да верглате како ќе си го оставам детето во нездрава средина и несреќен брак.