Сум искусила живеење во нефункционален брак, каде што мајка ми останала заради мене. Знаеш какви последици има тоа на мене? Еве јас сум дете од таков брак со математики, заради мене, заради родителите заради ова заради она, за на крај ЈАС да ја преколнувам да се разведе.. Ама касно. Лузните се тука. Па сега размисли зашто и како пишувам на темиве. Зашто јас сум резултат на токсичен брак. А како ми е..Да не си ми во кожа. И затоа си реков, или асолен брак или никаков. Пекол, кавги, нервози не трпам. До сега 3 пати имав шанса да се омажам. Ама кога си растен во нефункционален брак, не гледаш розево во врските. Гледаш и она што не се гледа. Бараш red flags.. Знаеш што не сакаш. Не гледаш само леле колку ме сака, леле колку е мил, туку гледаш оние ситни знаци кои го покажуваат карактерот. Несвесно го ставаш на тест. И отпосле ми се покажале правилни проценките. Тројцата се разведени..
Ти секогаш ќе имаш страв од брак, тоа е факт и да се разведеле навреме ти ќе го имаше тој страв, дали и мене ќе ми се случи истото. Дали да му верувам, ти секогаш ќе имаш недоверба. Едит: За тебе сите машки ти се исти, изневерувачи.
Таков брак може да е од милион причини. Неверство една од нив ама многу често бракот е нефункционален од други причини. Тебе не ти е ни јасно како може изневерена жена да остане во брак. Ние ти објаснуваме дека може, ке трпи за детето. Со мажот нема да се расправа, детето нема да знае. Ке премери што е најдобро за детето.
Не е точно, околу мене имам прекрасни мажи кои си ги сакаат жените. И мислиш дека децата не осеќаат дека мама и тато се ладни? сериозно? Ај со психолог направете муабет на темава. Прашав некоја која е изневерена и која останала. Не претпоставки. Не шта би било кад би било. Реални приказни сакам.
И да има такви, и да ти кажат, нема да разбереш. Се што ти набројавме ти не престана да се чудиш и да си тераш по твое со твојот став.
дали ќе разберам или не тоа си е мое. Јас што ги знам сите кои беа изневерени си отидоа од тој брак. Освен една што остана и покрај тоа што мажот и доби дете со другата и оваа плус друго му роди.
Си ја прашала таа едната,што вели? Неверство во бракот не секогаш е токсичен брак за децата,можеби вака размислувам дека ќерка ми е многу мала уште и ништо не разбира,стварно не знам,можда понатака и поинаку ќе размислувам,сега знам дека ова мало човече сакам да расте со татко и. Инаку сите,еве барем јас многу претпазливо се впуштаме во брак,ти од искуство од твоите родители,јас од минати врски,трет од друго...
Точно мила, можеби токму тоа и ми требаше тука на форумот, да си ја олеснам душичката, тапкање по рамо од непознати... Ако сум била решена ќе сум се развела уште тогаш. Од Х причини уште сум во брак.
Инаку во денешно време ако не си во тек, ова е заостанато мислење. Пошто многу сакаш да се фалиш дека си напредна. Основна психологија и човечки односи да познаваш ќе знаеш дека во 20, 30, 40 години брак многу работи се менуваат што е факинг логично, и ако сакаат двајца покрај се да останат заедно, можат со разговор и психолог се' да решат. Не значи дека чаши и тањири летаат секојдневно ако нешто не им штима во бракот. Ама, од турски серии гледање и - умирам за тебе до крај на живот и ќе убијам ако треба и ко краЉица ќе те гледам...тоа е тој тинејџерски моуд.
Ја прашав, и кога ми кажа и мене и на другарките кои и надовме најдобар адвокат, и најовме стан да се пресели и тоа да не плаќа ќирија на една од нас беше, и се спруживме за се да и помогнеме.. И рековме само, е па од сега немаш право да зборуваш и да се жалиш каков ти е бракот. Си одлучи, со среќа нека ти е. Пак ќе нагласам сакам да слушнам како поднесува да биде со маж кој ја изнверил и ја изневерува некоја која живее во таков брак. Бидејкисите велите дека треба компромис , дека ќе трпите итн, кажете еве една од вас како успевате да не се скренете? Тоа ме занима.
Темиве мислам дека треба да бидат поинаку создадени, вака очигледно води само кон безконечни расправии. Отворете тема пример за дисфункционално бракови, и ако е некој спремен и способен да си кажи од дното на душата шо му лежи како искуство, па другите да прочитаат и што можат да извлечат позитивно бујрум. И не само за оваа тема, општо за се..
Зашто бе, најлегиимно си прашав. Ми кажаа дека еве не сум мажена, кога ќе сум имала деца ќе сум простела ( а нема шанси тоа да биде), па сакам да слушнам искуство.
И таму ќе се најде дежурна сезнајка која ќе вреѓа и ќе суди кој е за у темата кој не Џабе..со жена на крај не се искача
Никогаш не вели никогаш и никој не ти рече дека ако си во брак сигурно ќе простиш,туку да пробате да ги сфатите тие што простиле и би простиле од нивни point of view. Можда не ти ама соборкиве твои се убија од вреѓање како таквите немале самопочит,уживале во комфорт зона,неспособни и што ли уште не.
А бе ги разбирам, знаеш, сакаат да задржат некое кваази семејство заради децата, ама децата осеќаат и повеќе од што можат да претпостават. Само што ако дојде мажот утре и и рече на жена му оди си јас ќе си се оженам со швалерката. Што тогаш? Еве она дала жртва ради децата и доаѓа типот сакам развод ајт со здравје. @Stressed Out и мене не ме поштедија од вреѓање и ниски удари ама тоа е.
Кај мене поинаква беше ситуацијата, мајка ми е таа шо ги напрај тие работи, ама сето е исповрзани како свински црева и не знам ни од кај да почнам, ама знам дека имав широк спектар на тешки негативни емоции, од немоќ, јад, тага, анксиозност/депресија, суицидални мисли, плачење.
И уште нешто че издвојам од сета таа мизерија шо сум ја почувствувал и искусил, едно нешто сакам во животот, а тоа е стабилен, искрен и директен партнер. Лесно можам да препознаам лажговци и манипулатори. Исто така фала богу, себе си че се издвојам со оглед на околината и ситуацијата, емпатијата сеуште преовладува во мене и сум позитивен човек.