Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Многу точно! Совет до @Simona 90 вклучи го повеќе во обврски и активности со бебето, нека ти помага по дома да исчисти, кога ќе дојде од работа дај му го бебето него го игра, анимира, шета...Немој да го штедиш на ниедно поле кога сте во прашање ти и бебе или домот. Нека се активира повеќе а не се на готово да чека и да се однесува како да е сингл. Пробај, види колку и дали ќе сака да се вклучи во се ова. Тогаш и многу работи ќе ти станат појасни па или полесно ќе донесеш одлука да си заминеш или ќе му кликне нешто во главата па нешто ќе се промени. Во секој случај пробај па ако не оди на крај излезот е развод, но пред тоа пробај дали може нешто да се промени. И секако ти вработи се, да излезеш од дома, да се осамостоиш, да се дотераш, да си кренеш самодоверба, па да видиш како поинаку ќе биде се. Договори се излези со другарки, остави му го бебето нека го чува. Па нека те мисли он дали ти вечерта си видела материјал за плескање или не. Мочкото те има сфатено здраво за готово, знае дека си му сигурна дома, детето му го гледаш и он пушти бригу на весељу....ухх ми се повраќа од такви "мажи". Секое добро ти посакувам.
     
    На Палчовка, M.B., Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Simona 90

    Simona 90 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски

    So svekor I svekrva ziveeme, a ona e takva sto maskoto Nisto ne pravi taka da go imam I toa probano ama na kraj ide I Vika ete ja majkati ja mrzi tesko I e I tebe sto te cuva :)
     
    На Cecko85 и Milkiway им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    И што ако рекла така? За неа живееш?
    Ќе и кажеш да ме мрзи понекогаш и тешко ми е. Затоа што и ние треба да се штедиме а не се да прајме.
    Значи ова со разговор не го средуваш одма да ти кажам, ни со закани. Може само да те замачка дека се средил , а зад грб да си тера.
    Прво да си се вработиш и да направиш план за да се мавнеш од кај свекрва ти. Затоа што они не се должни да ве чувааѕ сите таму. Значи најпрво работа и дете во градинка полека.
    Второ ќе си почнеш да излегуваш колку што и он и детето ќе си го чувате наизменично.
    Обврските ќе ги делите а не машкото ништо не прави.
    Малце по малце...
    Иако искрена да бидам со таков не би се ни трудела да опраам нешто.
    Тој не се оправа...Залепен за цицката на мама, напрајл дете, земал жена да му изиграва домаќинка.
    Од тебе зависи како планираш животот да си го живееш
     
    На Bezimenka90, sikica7, KuklickaSk и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Епа се ти е јасно тогаш, за жал;( Така растел, така го учеле, така и ќе биде засекогаш! За него жената е потчинета, затоа не те почитува и никогаш и нема. Мисли ти роб си ќе му робуваш и деца ќе му чуваш а он "мажот" ќе брка и гледа пичиња. Кај си налетала на ваков шапшал заглавен во 18век! И не дека е незрел, за него неговото однесување е нормално он незнае поинаку, така е растен, а ниту некогаш ќе се промени. Имав таков избегав подалеку, ваквите неможеш да ги промениш тоа им е вкоренето длабоко во нив!
    Девојче млада си не си го упропастувај животот. Ако мислиш дека има шанси нешто да смениш и спасиш ок, ако не остави го и ќе си ја најдеш среќата. Понатаму со него само полошо ќе станува додека целосно не те затупи во нивниот примитивен свет, па ќе почне со други жени да се гледа( пошо нели "машко е") и така...другото веќе го знаеш.
     
    На Bezimenka90, Duxovit, nevermet18 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Е ова е најголемата грешка на еден куп жени...

    Нека знат тие шо не се во брак и немаат деца, дека:
    Нема да се смени!

    Или ќе се навикниш, или ќе го остајш, или ќе пукниш.
    Тие ти се опциите
     
    На Milobebence, Bezimenka90, S.W.A.G и 37 други им се допаѓа ова.
  6. TinaPi

    TinaPi Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ако претходно бев прочитала добро, рече дека потполно се променил ( во смисла на полошо, после детето)
    Сега читам друго. Велиш дека човекот си бил таков секогаш

    Не сакам да те осудувам.
    Ама еден дел од вината, па дури можеби и поголем дел е кај тебе.

    Добро бе, при толку нормални мажи, вие одите и се земате со такви.
    А не е, дека си немала прилика, да најдеш некој нормален. Можеби и си оставила некој таков, за да се земеш со ваков.

    Неодамна зборував со едно машко кое веќе е во позрели години.

    цитирам "Вика останав неженет, иако со девојќите со кои одел ги гледал како злато. А човекот што се не правeл, бидејќи сметал дека жената не е таа што треба да готви, пере и мие садови сама. Помагал и во куќа и на работа. Културен со карактер.
    И така ќе оди некој месец со некоја, ќе го остави и вика ја гледам после 3 месеци, си отишла кај друг. И веќе има стомаче."


    E таму Овој одма ја напумпал,
    ама таму ќе слуша. И ќе пере и ќе готви и ќе чисти, а мажот ќе продолжи да си биде истиот.

    Чист пример е ова како некои жени од нормални мажи, одите кај плескачи. И знаете дека се такви.
    И нормално е да си бидете потчинети.

    Но те оправдувам, но да не делувам песимистично.

    Сеуште може да ги исправиш работите, па така најди си работа и оди си.
    Сега детето треба да ти биде најбитно и ти.

    Ако сега уште го молиш, излез за тебе се помалку ќе има.
    И не се обидувај да им објаснуваш на неговите и него. Сепак тие се тројца и сигурно нема да те разберат.
     
    Последна измена: 11 јуни 2022
    На Zumbulche, cresa-jagoda, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    39.530
    Овие изразите "напумпал" , " и се качил" сериозно ги користите? И за себе?
    Или само за некоја ете не толку интелигентна која не го сакала твојот позрел маж во години.
    Плус не можеш да знаеш зошто повеќе пати му се случила слична приказна.
    Ај еднаш, два пати, ама да не има и тој некој проблем?
    Плус не е супер лесно ниту да се отселиш сосе маминиот син, ниту пак некоја што вели сакам да го гледам детето , да најде работа. Ако бебето се разболи, и ако нема кој да го негува, пак таа ќе биде виновна во очите на "мужов". А ако не оди на работа на секое разболување, тогаш работодавецот ќе мрчи. Затоа пола се тепаат за на државно, таму е лесно боледување и неработење.
    Ко лубеници партнер да се одбира , луп-луп, зрел е овој/оваа:)
     
    На Lanna89, Bezimenka90, S.W.A.G и 20 други им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    За болдот кој нема врска со темава и сум оф топик ама морам. До кога со “ѝ се качил”? Таа не се качува, не ужива во сексот, не испробува порно фори само мажот го прави тоа? Овај твојов познаник не им се качувал на девојките? Немал секс со ниедна? Од толку што е совршен ниедна не го сака за маж?
    До кога со вакви сфаќања? До кога “само јас чинам, другите не”?
    Сите некогаш сме имале или имаме лош избор на партнер, но тоа не значи дека сите се исти. И сме се качувале и ни се качувале како што твојот познаник би рекол, но тоа не нѐ прави помалку вредни. Баш напротив. Таквите како него треба да се запрашаат зошто се сами и покрај сите предности кои ги нудат во споредба со “плескачите”.
     
    На mira.mira, JuLleE, kalinaka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    @TinaPi аман од тип на мажи тој е само гуд гај, ама сите девојки му избегале|(
    Не паѓај на вакви патетични приказни на машки во позрели години тој само те обработува како што можеби мажов ја обработувал членкава кога му била девојка.
    Ете го фатила дека лајкува може и ветил дека ќе се смени била наивна му поверувала и во брак тој си тера со истото. Пишав јас, таа може да го притисне малку повеќе и сега, а тој да и вети дека нема да лајкува и пишува се и сешто по другари, ама на раб. во фиока ќе си има др. моб. до која таа нема пристап и ќе си тера така како што е научен и му се може.
    Друго мажов ти кажувал кога го напуштале ги гледал со стомаче за три месеци и ти пишуваш вакво нешто
    кое откако го читам сфаќам дека жената ја третираш како да нема грам мозок и знаење како да се заштити од непосакувана бременост. Тоа што некоја останала бремена не е заслуга само на машкото само да те потсетам.

    За членкава преубави совети и беа дадени, да се вработи и осамостои, да не зависи финансиски од него. Јас ја запрашав и дали има каде да оди и дали има финансии, ама со оглед дека одмина да одг. јасно е се. Таа зависи од него и со тоа самата си се ставила во подредена положба, што тој е никаков и мизаерија од маж, тоа е, таков е. Таа не видела со време дека ја мачка на лепче, ниту ќе се сменел за неа, ниту за било која друга.
    Решение има, работата е што неа и одговара да прави, за да си помогне на себе и детето, веќе не станува збор само за нејзиниот живот во инднина каков ќе и биде туку и на тоа мало детенце.
     
    На zalosna, Осе, Simona 90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TinaPi

    TinaPi Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Лошо беше сфатено. Не го реков јас за членката @Simona 90 , туку за една од девојките на пријателот.
    Тоа со пумпањето се однесуваше на бившата девојка на пријателот.
    Точно е дека и ние девојките уживаме во сексот, ама има граници нели. Јас барем не сакам да сум потчинета. Мојот таков си беше и пред да имаме секс и од кога имавме.


    Симона го знаела подолго време нејзиниот, и делот од текстот за пумпањето и три месеци не се однесуваше воопшто на неа. Ако сте го виделе цитатот кај започнува и кај завршува ќе ви беше јасно.

    Но сеуште стојам на тоа дека членката треба да си најде работа и да си замине.
    Искрено, се надевам дека е потполно здрава и може да извршува работни обврски.
    Ако е така, нека најде работа, нека го земе детето и нека си оди.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.514
    Пол:
    Женски
    Нема врска на кој се однесува, туку проблемот е со термините. Тоа сакаа да ти посочат членките.

    После толку време на форумов и прочитани секакви приказни, мојот единствен "совет" е ко тој на Џои од "Friends" :tmi:
    IMG_20220611_153317.jpg
     
    На Bezimenka90, S.W.A.G, Ygritte и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Deni_srce

    Deni_srce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    123
    Може пластична филозофија да бистри со него до безкрај.
    Само вистинска акција, може да даде права реакција.
     
    На Simona 90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TinaPi

    TinaPi Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски

    Девојката која одеше сега е пред развод. А сеуште не го родила детето. Кај ќе оди со веќе 5 месеци бебе. Многу и е потешка на неа ситуацијата, отколку на Симона.

    За ова болдираното мислам дека не си во право. Зашто не е лесно да се отселиш?

    Ајде кое е решението, ако не е тоа? Да разговара со него и да му вика " Te молам мажу смени се"
    Исто и со неговите родители. Ве молам сменете се.
    И тие од утре ќе се сменат и се ќе биде идеално нели.(facepalm)
    Такво нешто нема да се случи!

    Не ја знаеме никој работата до крај, но пак ќе кажам ако жената и детето се здрави, и ако е стварно таква ситуацијата јас би се отселила.
    Нормално треба да си разговара претходно и да му каже на мажот дека повеќе неможе вака да функционира, не се осеќа пријатно и дека сака да работи и да си оди.
    Незнам дали ќе наиде на разбирање, но секогаш е добро да се разговара

    Во оваа фаза мажот Треба да биде информиран. Ако не го разбере проблемот на Симона 90, тогаш натаму нема што да ја обвинува за разболување на дете. Нема да му должам никакво објаснување.
    И како што велиш ти, баш ќе ми биде ако во неговите очи бидам обвинувана. Сум го информирала претходно дека ќе си одам, не го интересирало и после нема што да се замарам јас, како ќе изгледам во неговите очи.

    Мене многу ме интересира дали членката @Simona 90 е од Скопје или друг град?
    И Ако е од Скопје дали е од градскиве населби или од предградието? Се разбира не мора точна населба туку онака површно да одговори

    Тоа може да има важна улога во случајов. Бидејќи не е исто да заминеш од Пехчево или од Капиштец на пример.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    @Simona 90 по мое видување, има неколку работи што не ми се во ред.
    Прво, кога маж се изразува со зборови "материјал за плескање", "пичкици" пример и други грди понизни изрази, зборува како тој гледа општо на целиот женски пол. Тој воопшто нема почит кон жените и за мене одма оди во категорија "Ѓубре". Извини, ама така е и знај дека тешко ќе го промени гледиштето. Едноставно жените ги гледа како месо. Тоа му е школото од неговите можеби, од друштвото, и тоа едвај се променува.
    Маж ми има еден другар во Италија. Секогаш кога доаѓаше на одмор овде, носеше по некое друштвенце од таму или девојка. Иако се претставуваше како тип заинтересиран за врска, не беше таков. Еднаш му рече на маж ми "идам брат, носам една цуцла" Ете каков поглед кон жените, колку понижувачки и манипулативно. И сѐ уште е сам.

    Искрено, таков е и твојот. Твојот да беше маж на место, ќе си ја гледаше фамилијата. Што има да коментира за други жени, тој покрај себе има жена. Нов живот има нова етапа, треба да созреал досега. Срамота за бебето, срамота за тебе.
    Маж кој не научил уште порано да ги почитува жените, нема ни подоцна ни својата, и тој така се лечи, преку такви грди епитети.

    Мојот маж никогаш не искоментирал за некоја со таков израз, ниту кон мене.

    Друго. Нема грижа кон детето и кон тебе. Која сака ноншалантен маж? Никоја. Нека си седи со мајка му бе, што бара да се жени.
    Трето. Односот на неговите исто така ми е на ниско ниво, според исказот. Ама дека него го нема да се покаже баш машки, остава како да е неговите да се понашаат.

    Еве ти пример од кај мене.
    Маж ми секогаш е покрај мене, одлучуваме заедно, се почитуваме и покрај кавгите понекогаш.
    Детето кога се роди, се грижеше и тој, стануваше, се радуваше. Сега пазари, плаќа сметки, прави јадење, чисти, детево го игра, совесен е. Такво нешто досега за исмејување жени не сум сретнала, не е таков калибар. И телефон оставал пред мене, и сум посегнувала да чачкам, фб профилот му е зачувам на компјутер и немам досега сомнеж да се грижам. Ниту преку постапки директни или индиректни.
    Прочитај му го ова на твојот да види што е маж.
    Маж е човек кој си ја почитува својата фамилија и заедно планира иднина со неа.
     
    На Priroden, Ygritte, azelea и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Акција од типот да му го сврти паметот? Иако пак не откри како:D
    Убави совети и се дадоа, никаде немаше каква филозофија пластична?:rofl:
    Ако читаш убаво и јас ја посоветував ако не успеваат самостојно да си ја подобрат комуникацијата да се обратат на стручно лице, ниту излез од заедница нема да и помогне ниту ништо ако пред се не научат да комуницираат. А за вработување сите и пишавме за да има отворена опција да си замине кога ќе има свои пари и може да застане на свои нозе, вака очигледно е дека финансиски и на други начини зависи од него и тој тоа го знае затоа не ја ферма, а таа нажалост му преминува преку се.
     
  16. Trixon

    Trixon Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Како новајлија во групата БРАК/Неверста. Имам ситуација каде после 13 брак, сопругата преку ноќ ме замени со постара жена. Нема ни трошка извини, ни зошто, ни затоа. Едноставно како пепељара од кола истресен и толку, 44 год ќе ги полни, детето ни е 13, крие уште од малата, си тера втор живот. Последици за детето, око не и трепнува.Сега на суд, и борбата е околу детето.
     
  17. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Сопругот мој исто така никогаш нема користено такви зборови за други женски. Одвратно и многу просто делува, не знам што си видела во ваков за да мислиш дека ќе се смени.

    Мажот твој ми делува несозреан. Тешко дека некогаш ќе го смениш на 30 години.
     
    На mssuniquee, Simona 90, Ouravanture и 3 други им се допаѓа ова.
  18. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    26.297
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека жена ти е лезбејка после толку години во брак ?
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trixon

    Trixon Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Да, ги фатив на месенџер
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.420
    Пол:
    Женски
    Dali si siguren?
    Ponekogash lugjeto pogreshno tolkuvaat sho ke vidat ili prochitaat.
     
    На ALISA0000, Just.do.it, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.