Сеа ако и кажам на ќерка ми дека имам девојка, замарање е за детето. На мајка ми немам што да и кажувам, не и се менува животот од мојот секс, ама на детето му се руши семејството. И да имам девојка, мајка ми последна ќе дознае, оти нема потреба да знае, моја работа е тоа
Е па што брзаше да го направиш? Извини вака брзате да родите одма првата година ( или затруднувате да ве земе да се уозбили нели, да се смени) и после кога ќе се покажат роговите а дете или две веќе сте склепале нема лесно. Е нема. Сега имаш две опции 1. да го оставиш и пут под ноге 2. да мижиш на едно око дека он си лајкува сликици ( ако стане само на тоа што чисто сумњам) и да си глумиш хепи фемили пред сите .
Да, затоа што прво нормално чекавме, потоа при првиот поголем проблем што се случи по одредено време, јас решив да се чувам, но има и исклучоци на успешност на заштита 10-15% па ќе речам и Господ чувал додека да разберам што и како. И да имав дете, ќе ми беше уште повеќе страв да останам и да му давам лош пример на детето како една заедница треба да изгледа. И никогаш и никако не се оставив без работа, макар и хонорарна. Макар и минимално платена. Не е лесно да спремаш испити, да работиш на компјутер и да одржуваш куќа самцат, да вариш не во филџани, во гезвиња кафе за да издржиш сѐ, ама слободата е скапа, наши претци и крв пролеале за неа, за вложување труд и помали жртви не станува збор. Со искинат ранец магистрира, одев на одбрана на труд во истиот фустан од регистрација, цената ден денес му ја памтам, 750денари, надвор кафе пиење што е заборавив неколку години, ама успеав. И со дете да бев, со Божја помош, ќе успеев. Меѓу невестински дворења и борба за независност го избрав второто. Немам ниту еден помпезен мемори, но имам живот кадешто кормилото е прво во Божји, потоа во мои раце. Еден куп пријатели имам разведени со деца. Не е невозможно и страшно како што се прави тука. Комплицирано е, стресно секако, но тој стрес при развод е подобра жртва за детето отколку да му даваш лош пример за идна заедница како треба да изгледа.
Е ова ми е допаѓа. Најлесно е седни и кукај и барај совети на форуми. Ќе се сменел во брак. Нема да се смени ни во брак ни надвор од брак. Простак си е простак!
Детето треба да биде поттик за поубав живот да му обезбедиш. Од една моја блиска која се сеќираше за децата 20г заглави во брак со еден идиот кој од 15гбрак тој 10 беше во затвор а во меѓувреме и склепа 3 деца, и накалеми триста вируси и бактерии вагинални, на крај ја донесе дома швалерката ја легна у кревет дур децата спиеа во другата соба а мојава беше 3та смена. Сега се разведува а он по 4 пат е у затвор.
А бре ајде јас ќе му правам сендвичи за на плажа, он ќе лајка цицки у песок, и ќе правам дете со него зашто тоа ќе го смени! Аха , тилот кога ќе си го видам! Машко било! Па и јас сум женско па ајде пениси да лајкувам!
Off topic - вие жените не гледате ли слики од згодни мажи? Па и од машки полови органи,што да не... Кога ќе видам јака женска му ја покажувам на сопругот, нека поужива во убавините на човечкиот род. Тоа не значи дека не ме сака или дека ќе ме изневери! Исто како и јас што загледувам убави мажи едино не ги лајкнувам на фб
А бе ние гледаме ама членкава ако лајкне некој батка или прати на другарка слика со коментар - е ова е маж леле што би му правела- гарантирам ќе добие ќотек од маминото и ќе биде ставена за пример пред свекрвата.
Да, и јас дури и му кажувам на маж, сврти се на таа и таа страна, или му праќам слики, видеа, заедно коментираме, ама истото го правиме и за мажи, и не коментираме дека он е машко, јас сум женско, тоа е нешто како да речеме на зезање, ама муабетот дека има материјал за плескање ич не е забавен. Во исто време он скроз е оддалечен од неа, не ја ферма 2%. Инаку машки полови органи како и женски полови органи да гледам не ми е предизвик, желба и нормална работа.
Не може он да си ужива со швалерката, а да очекува јас да не си бркам работа настрана. Немало да се реши проблем ако и вие изневерувате аха. Па седете си дома и решете си го проблемот додека он/она го доживува третиот оргазам.
@Cka Имав дома една што цел живот плачеше за он да си го прибере во гаќи. Замисли кој терор е тоа за децата што она бараше сама решение додека он си уживаше.Не го најде она решението ама си се оболе и себе си и децата. Другата страна ако не е заинтересирана за решавање на проблем јас па ич нема да бидам заинтересирана.
Ако тој ужива со швалерката и има таков ментален склоп да го прави тоа и при тоа да ужива во тоа додека си ја повредува сопругата, не значи дека и сопругата има таков ментален склоп и и прави задоволство да изневерува. Нема што и таа реципроцитетно да изневерува ако не сака, ако тоа не ја задоволува, туку само од инат на сопругот така да прави. Во оваа ситуација решението се знае, за да не се оболува самата и децата како што си напишала подолу. Е сега спомнав во моето претходно мислење има и вакви бракови тој изневерува, таа изневерува ама се прават дека не приметуваат. Ама кога ќе дојде швалерката со голем мев или со бебе во рака настанува големата како можел тој да ја изневерува сопругата.
Инат, не инат што сака нека е причината. Епа истото го пиша како мене, прочитај погоре што пишав јас. Има бракови каде што и тој и таа вараат, ама кога швалерката ќе се појави бремена или со бебе настанува кавгата како тој ја варал или решението се знае што е ако неа не и се вара откако го фатила мажот во неверство и не и се кинат нерви во брак со таков.
Таков беше пред да се земете со него? Или сега стана мамин син? Ова со "дете од фамилија" не ти го сваќам баш зошто го потенцираш.
Коментарот ми беше саркастичен и баш не беше во таа конотација во која го имаш сфатено, ама ете среќа па те изнасмеав Кога има секс сцена на филм, дали на мажите им ги покривате очињата или менувате канал