аха... Сакаш да кажиш, дека мајка ти не знае за ниеден твој дечко, па ни за маж ти? Оти не е нејзина работа 'твојот секс'?
А зашто 13 годишно девојче да замараат сега дали мама или дечко или девојка. Детето уште од разводот се адаптира дека не живее со татко му сега и ова да и се кажува. Аман полека со твоите револуции на темава. И јас не би ја замарала ќерка ми или син ми со мојот живот после развод без разлика дали е маж или жена. Не е битно. Детето не мора сега да знае ни дека мама или тато имаат некој друг во животот.
Тешко на девојчето шо во периодот кога е најкревка и и треба најголема поддршка и љубов, таа треба да поминува ем низ разводот на родителите, ем да го свари фактот што мајка и е лезбејка. И според мене, ако можи да се избегни детето да не дознае за мајка и, ќе е многу подобро.
За маж ми знае, беше на венчавка се друго е моја работа. Додека бев под нејзин покрив и ме ранеше, до 18 год, знаеше. Ама возрасна и самостојна жена не одговара на никој, освен на маж и дете, оти и се семејство.
Епа исто е и за врска со жена. Оти да знае за дечко, ама не за девојка? Не ти е тебе за 'приватноста', туку си хомофоб. *Чеј ми текна.. По твојава логика, ако кажеш дека си бремена/родиш/имаш дете, тогаш пред сите го презентираш својот хетеросексуален секс. Треба да ги криете децата. Оти сите знајме како се прат деца. Хететосескуално... де Евенчли, ќе дознае. Не мора сега да и' кажат... Може уште долго да кријат. Траума ќе и' биде кога и да дознае, ако е израстена во хомофобна средина. Ако е информирана и знае дека сексуалноста е спектар, а не бинарна состојба, тогаш, нема да и' биде траума
А со маж ти имаш секс? Оти го овековечи со стапување во брак? Не ти е срам да кажуваш на цел свет за твојот 'секс'? Плус то, со секс го доби детето, не со инвитро, или инсеминација
А по што заклучи дека детето е растена во хомофобна средина? Ајде те молам, ако тебе ти е ок да ти дојде маж ти да ти каже умам дечко, искрено, најотворено си кажувам дека јас да имам маж и после години заедно делење кревет, деца, и се да ми каже дека има дечко ќе бидам и шокирана и повредена и изиграна. Со кого сум делела кревет? Кој е тој? Одеднаш сосема непозната личност ќе стои пред мене. И да со време ќе ми легне ама тоа време може да е една, пет или 10 години. И ако тоа по твоја дефиниција ме прави хомофоб, тогаш да, сум хомофоб. И на членов може му била таква реакцијата.
Е ај и да немаш секс и да не ти е детето зачнато со секс. Сакаш да кажеш дека сите кои имаат деца зачнати со секс, треба да ги кријат, исто како и нивните хетеросексуални врски? Зошто постојат свадбите? За славење нечиј 'секс'? Според тоа што кажа таткото.
Јас не го сфатив така туку дека се уште се труди да ја прифари ситуацијата дека жената со која 13 години и плус делел кревет и живот криела огромна тајна од него, и со тоа извршила најголемо неверство.
Самиот рече дека го шокирало оти е со жена. Јас го прашав. Пребарај. Знам дека не сте сите ко мене... за жал...
Ете нас простите и неинформираните ќе нѐ погоде ако еден од родителот ни стане геј после толку години. Или пак брачниот другар. Немат сите иста перцепција за семејство,нели?