Немаат, да. Некои мислат дека заслужуваат повеќе права, отколку другите. Шо ти е гајле. ти мојш да бидиш со кој сакаш и да си имаш и смејство и деца и сите да се радуваат со тебе. Другите ако не можат, оти не се вклопуваат во хетеронормативната заедница... кој ги тркала.
Ова се твои зборови, не мои. Кој што сака може да прави,а јас не сум таа што суди. Само се ставам на местото на девојката и сопругот. Битни се чувствата на мајката. А на детето не се? Оф, заборавив јас дека во ова општество децата се најмалку битни
Значи ако сопругот ве изневери со маж немојте да бидете изненадени, бидете онолку изненадени само колку што би биле кога би ве изневерил со жена - изненадувањето смее да се однесува само на изневерувањето, а не на фактот што после 13 години дознавате дека е геј или бисексуалец. Секое изненадување на темата сексуална ориентација ве прави хомофоб. Добро разбрав? Зошто да нема право членот да биде изненаден што го изневерила со жена ако никогаш досега не му кажала дека е геј или би?
Аман људи, нека не иде под клуч темава, само што ја исчистија. Спојлер На една друга платформа, ме закачи еден мизогин и модераторот не банира на 3 дена поради офтопик и 2та оти е мшко нели и оти мојот офтопик како резултат на одговор на лично вознемирување е со иста тежина како неговото вознемирување, што уствари се рачуна исто како офтопик. Затоа живела Фемина, не простува мизогинија. Полна месечина и сите некако сме чувствителни. Што се однесува до ЛГБТ, поарно да не се кријат, одошто таа потиснатост да резултира со девијантни појави. Нема да има ни тресење ама како, кога зошто да му се каже на детето, оти веќе ќе има свест за хетерогеноста на општеството од коешто е дел. Иако искрено сум против инволвирање и запознавање на деца со партнери освен ако не е сериозно, пред венчавка и сл. Нема потреба да се шокира детето.
Не. Изеверувањето е проблем, оти со тоа го повредуваш партнерот. Дали било со маж, или со жена, ич не прај разлика.
Не сум дасе каже на детето. Не поради тоа што е во врска со сти пол туку поради тоа што мислам дека не требада се кажува за секој партнер на родителот а уште помалку да се запознава, ако е нешто сериозно као жувеење заедно,венчавка во ред. Вака нема смисла само лошо за детето
Случката ќе биде сигурно шокантна за дете на осетливи години,детето не треба да знае. Треба заеднички да го поштедат од шокови,допрва во животот разноразни удари следуваат. Хомофоб, познатата етикета на геј лобито се употребува и кај треба и кај не треба. Повеќето луѓе немаат фобии и стравови од геј луѓето, не ги перципираат,сеедно им е за вниманието кое го бараат.
Прај разлика пошто не само што го лажела дека го сака него како личност, го лажела за сексуална ориентација, па целиот брак ти изгледа ко фарса, се прашуваш дали те лажел и за други битни работи штом можел да скрие такво нешто, се прашуваш дали воопшто го познаваш човекот со кој си живеел 13 години. Пробуваш да пикнеш хомофобија кај што не постои. Човекот дојде да се пожали за изневерувањето, не дојде да му бараме хинтови во зборчињата што укажуваат дека е потајно хомофоб.
Е па видиш мене и на другите тука ни е дополнителна болка да дознаеме дека мажот кај што ме вара уште е и геј и тоа го крие.
Па то е оти сакаш само ти да имаш права, а оние кои не ти се допаѓаат, да немаат. Одличен примерок за себичност и немање чувство за зедница.
Абе ако за тебе е нормално маж ти да те изневери со маж, за мене не е. За некој му е нормално и мажот со бабата да изневери, па за некој не е. Така што, тоа што тебе ти е нормално, нас не ни и тоа не не прави нас себични, туку тебе. Ако си опен мајдед за се, биди и за ова. Ако мажот што се пожали дека жена му се ебе со некоја теткица, з тебе не чини, и ти не чиниш за некој. Премногу си про, уствсри не знаеш ни кај си. Премногу си лост ин Спејс и тресеш за права. На 50 години не се познаваш, и ти најде мене или кон и да е друг да го едуцираш. Олади, светот не е Википедија и Нетфликс.
Мене не ми е во ред воопшто да ме изневери. Дали било со маж, или со жена, не ми прај разлика. Едноставно, ќе ја изгубам довербата во него, поради лагата која е со огромни последици.
Е сега замисли да те лаже цела година дека не те изневерува и замисли да те лаже 20 години во брак за тоа што вистински е. Лагата е поголема
Точно Во лажењето е проблемот. Се' што знаеш ќе испадне лага. Не во самата пенетрација. Било каква лага, боли.