Да, ама ете и да се обрати тука... ние не сме стручни лица, и не разбираме колкава штета можеме да направиме ако им плескаме во фаца на луѓето со проблеми. И да, никоја во момент на болка не сака да слушне дека сама си го бара, дека таа е крива, и дека животот и е заебан заради погрешна одлука во минатото. Не зборам за овај пример, туку општо. Како така си земата за право сурово да им закачувате во фаца, притоа незнаејќи ја личноста и нивната психичка состојба. Што стана со човечкото однесување, поттик, разбирање, поддршка, искуство, охрабрување.
Тука е. Кај некои. Ама не кај сите. Оти човечката состојба 'дозволува', да имаме и бескрупулозни макијавелисти. Спектар.
Не треба ама еве, не се оди, а многу луѓе може да се спасат. Јас давам подршка ама и ќе бидам искрена, не можам да ја тапшам по рамо и да и ко кажувам она што сака да го слушне, зошто реално тоа нема да го реши проблемот. Ќе појдам со пример од другарка. Втор пат ја прави истата грешка. Првиот пат ептен заглави, сличен пример како членкава, остана бремена, ја зеде поради бебето иако знаеше за каков човек се работи. Бракот ниту една година не и траеше, заврши на антидепресиви. Сега иста приказна, со друг, ќе и дадам совет, она си тера по свое. Секој втор ден плаче од типот а бара совети. Ќе држи лутина еден ден утре пак исто. Јас сум покрај нејзе, ама џабе ќе и помогнам кога сама на себе не сака да си помогне. Овде на членката и се кажа дека човекот ќе си остане ист, нема да се промени. Таа доколку решила да остане со него и ја посакувам целата среќа на овој свет, таа веќе донела одлука, толку.
Зошто е толку тешко повеќе љубов да имаме кон себе, отколку кон некој што не не сака? Малку повеќе да се сакаме нема да останаме ниту минута таму каде што не сме сакани и почитувани, неразбрани, понижени, навредени, некаде и физички/психички нападнати. Зошто за брак се зборува како за нешто што не може да има крај и мора да се трпат сите околности? Дали на овој свет сте дојдени за најголемо достигнување да ви биде трпењето на вашиот партнер? Знаете дека не сте должни да трпите никого нели? Зошто вашата љубов ја правите толку евтина, а вашето срце достапно за секого? Како покрај тоа што ве изневерил, ве удрил, маж бил, гаѓите му тежеле, не помага низ дома, робинка сам твоја и 100 други работи, наоѓате сила да побарате "Поддршка" за да го спасите семејниот круг кој постои само во вашата глава? Животот не застанува во моментот кога ќе прекинете брак/врска во која сте третирани како се, само не како човек. Животот застанува тогаш кога ќе одлучите да останите и да тоните под крилото на човекот поради кој патите и сте несреќни.
Нормално е, во човечката психа, ако осети разочарување и ако му се рушат соништата да биде во состојба на порекнување (denial што би рекле енглезите). Таа состојба треба да се надмине... сите што се разведиле колку што знам вака лично, им требало доста време да се соземат, да застанат психички и физички на нозе, им се срушил светот, мислат дека животот кој го замислиле ќе го нема, значи се ќе биде црно. Нормално е да сакаат да веруваат дека се ќе се оправи, иако потсвесно знаат дека нема, ама пуста надеж. Не е тоа инает, така функционира мозокот... кај некои повеќе, кај некои помалку, некои се поцрвсти, некои се послаби. @bicycle кај другарка ти бетер. Втор пат, втора надеж да ти се руши, уште поголемо психичко растројство, веруваш дека одиш на втора среќа, бетер да испадне. Ќе се обвинуваш себе си, ќе речеш, може до мене е, јас грешам.... ама знам не е рационално тоа, знаеме сите, ама во такви тешки моменти, мозокот размислува поинаку, демони се тоа во главата. Грешки ќе се прават, не можеме да очекуваме дека нема никој да направи избрзани одлуки, се дешава, тоа е, човек... блиска моја е во таква ситуација сега во бракот... еден ден е со еден памет, друг ден е со друг., еден ден спремна е да бега, друг ден вика ќе седам, ама нема да му готвам да му перам, ништо, трет ден вели арен е денес, може ќе се оправи.. ја разбирам, не ја напаѓам, ја оставам да се искажи, ја советувам, ама не напнувам. Да, сама си е крива, вистина е така, оти години трпи, ама не и кажувам во фаца, тука сум што и треба ќе и помогнам, и за совет, и за поддршка... не ми дава душата на таа болка да и тријам сол на раната, греота е. Пробувам низ муабет, ако останеш што ќе биде, ако заминеш што ќе биде... и викам да стави на кантар, да види самата..., и кажувам примери од жени што ги знам со слична ситуација... и викам знам дека ти е тешко, со тебе сум што треба. Не можам да и речам кој ти е крив што го земаше, кој ти е крив дете шо му роди, кој ти е крив второ што му носиш в стомак, кој ти е крив што не си работеше за свој денар в џеб. Сега ја советувам како на таму, внимателно, без да и дојде премногу, без да се обесхрабри, па што ќе биде ќе видиме.
@jacqueline.s ја бев пресреќна кога таа најде нов партнер, кога почна да ми ги кажува проблемите со него решив да бидам искрена. Типот се коцка, љубоморен до коска, да не кажам како ја нарекува... Да додадам на тоа и дека пие. Како би ја тапшала по рамо после тоа? Не можам, се уништува, ќе и ги истрпам плачењата и се..Ама не можам да ја охрабрам да си игра со оган. Ем има дете, ем да заглави со уште еден таков. Сега е исплашена тој ќе нашол друга, па биди среќна што нема да сте заедно, ем заради детето ем заради себе. За нејзе јас сум тука, без разлика што и да одлучи, но го дадов максимумот. Биди покрај неа, само тоа останува.
Според мене темава воопшто не треба ни да постои. Правилниот одговор е еден, и тука нема простор за дискусија. Доаѓаат и бараат совети, а очекуваат тапшање по рамо. Не знам каков совет да дадеме, надевај се дека ќе се смени? На крај краева, колку и да му збориш на некој, се е џабе ако сами не се свесни, и ќе си бараат оправдувања што не постојат. Се нервирам кога пишувам на темава .
Ама сега признајте дека претеравте со осудите, ја нападневте како хиени, обидувајќи се преку нејзе да си ги излечите сопствените комплекси и фрустрации, епа тоа друштво така не оди. Жената само побара совет, подобро да не побараше. Се служувам со погоре членката, и јас исто имам пријателка која минуваше и сеуште минува низ истото и никогаш не сум и делела совети од типот вака требаше да постапиш, ти си крива и слично, само ќе ја ислушам и ќе дадам совет, ама да и ставам сол на раната греота е, затоа што никој од нас не знае што во животот не чека, па сега ќе се правиме паметни и безгрешни.
Најмногу се согласувам. Браво за коментаров. Нит емпатија нит човечност, нит малку чувство. Мене ми се напорни премногу луѓе кои ете така ќе ми плеснат во фаца, као демек ти го реков, отворена сум. Не си отворена, некултурна си.
Од ситуацијата, еден е излезот- развод. Се друго е тапкање во место и трошење на животот на личности што не заслужуваат ни мрсул да им фрлиш. Секоја од нас може да биде изневерена, ама не и понижена. За тоа конците се во наши раце, како ние ќе изреагираме во ситуацијата. Еве според тебе, што треба да им кажеме, за проблем што crystal clear, a истовремено да се осетат разбрани?
Епа ајде, тапшај по рамо, охрабри да остане со несериозен човек и утре ќе ги читаме у темите за развод. Не е нечовечност или некултура, не се расфрлајте со зборови. Реалноста е дека со човекот нема да има убава иднина, колку побрзо го сфати тоа, толку подобро за неа и детето. Не е лесно да си самохран родител, ама не е лесно ниту да си во лош брак, уште немам сопруг и дете ама знам каков брак не сакам да имам. Зошто ја земал човекот, не е битно, таа најпрвин му раскинала, сигурно има и за тоа причина. Кој како се изразил со нејзе исто така не е first world problem, туку тоа како таа ќе истрпи со таков човек да биде во брак. Фактот дека е осетлива, пречуствителна личност исто така треба да се земе у предвид да, да и се каже на подобар начин, за да не страда утре и да знае како да се снајде. Тука и ја кажаа вистината, некој можеби на лош начин што воопшто не е океј, но тоа не е толку голем проблем како што проблемот на членката што понатаму.
Не да ја охрабриш да остане во брак.... туку начинот на кој ќе ја охрабриш да се разведи да биде човечен.
Сигурна сум дека не се одлучила веќе, туку се бори со своите внатрешни демони. Да не и си во кожа Се надевам ќе ја најде силата во себе и ќе ја донесе правилната одлука. На почеток ќе и е тешко може, ќе се премислува, ќе се измачува, ама сите што се разведиле, кога ќе се соземат по некое време си го благословуваат моментот кога решиле да се тргнат од таков брак. Само треба да сила да се прерипа тој праг.
Се сметам за силна и самостојна жена. Сепак развод или таква криза како на членката, мислам дека би ме извал од колосек, особено што имаме деца. Некогаш ќе направиме некој превид кај партнерот, некогаш ќе замижеме на мааните, а некогаш може да се случи и ние самите да се смениме и да сфатиме дека сакаме нешто друго од партнерот и бракот. И сѐ е тоа за луѓе. Како и да е, место да бидеме "брутално искрени", може да бидеме искрени, солидарни и емпатични. @Simona 90 Претпоставувам колку ти е тешко и дека ќе треба време сето ова да го процесираш. Дајте си време двајцата, да видите што сакате и што барате од бракот. Пробај ако имаш можност замини си кај твоите со детето и види дали можеби ситуацијата ќе се промени на подобро. Ако да, супер. Ако не, имаш две опции: да почнеш нов почеток сама со детето, или свесно да продолжиш да живееш со сите проблеми и предизвици кои допрва ќе доаѓаат. Ние не го знаеме човекот и не знаеме дали ќе се смени или не, може само да претпоставуваме. Ама ти си таа која што ќе живее или не со него. Што и да одлучиш, ти посакувам среќа.
А како да не се изнервираш? Брачни неверства е темава и пишуваат се сомневам или имам докази дека ме изневерил сопругот или сопругата што да правам? Мислам очигледно е што треба да се направи. Ама има личности во брак на кои неверството изгледа им е најмал проблем и тие и самите се свесни за тоа. И ајде сега да бидеме политички коректни сите со нив и да им пишеме ама можеби ти се причинува дека те изневерил или па и да те изневрил прости му ќе се смени, му тежеле гаќите ли по ново тоа се вика? Конкретно на членкава и се дадоа преубави совети, да се вработи, да работи на себе ако не успева сама преку посета на психолог или психијатар, ама ете ја најопасната препорака или совет, најголемото табу. Џабе ќе им се нервираме и советуваме, кога тие самите не се нервираат толку што делат живот со такова личност. Како да оправдам сопруг кој со другари се допишува која женска е материјал за плаескање, а не се подзавртел да види што треба за детето, за жената што го родила и расте очигледно препуштена сама на себе тоа дете. Арно пиша некоја на вакви мрсул да не фрлиш е работава.
Е како д аја тапшам по рамо јас кога она за мажот ништо убаво нњ пиша него нафрли 100 црвени знамиња, притоа акцент даде само на тие совети што нејзе и се допаѓаа пошто д ане се лажеме жената веќе имаше зацртано во главата што сака а со останатите со нена или кој и да беше се караше? Јас ако не сум спремна да ја слушнам вистината нема ни да барам совет, ако веќе барам совет ќе се задоволам со тој што ќе го добијам. Сакала кругот да го спаси потенцира дека е од патријахално семејство. Што значи тоа дека овие што се развеле се од улица или дома им е циркус. Не сваќам. Јас не знам да тапшам по рамо и да тешам не знам ама стварно. Мајка ми и ден денес се чуди на кого сум се истерала таква. А сметам и дека работата не е за тапшање по рамо посебно кај што има и мало бебенце.
Оти бе викате 'тапшање по рамо'? Да бидеш човечен спрема луѓето, не значи дека ги воспеваш. Култура се вика.