Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Е ова пак, ич не го разбирам.
    Ако не знаеш да тешиш, шо бараш на темава?
    Само за да ги изнавредиш?

    *Сеирџии
     
    На ALISA0000, tambelina, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    За мене не е човечно да и речам не се секирај ќе се смени. А нема да се смени и сите го знаеме тоа.

    Што ја навредив јас? Вистината што и ја кажав без црвени панделки? И воопшто не фаќам сеир.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2022
    На tessie и Directioner005 им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    А кој и' го рече то?
    Никој.

    Сите исто зборуваме, само начинот на кој се изразуваме е различен.
     
    На buba4e89 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Па затоа и не сме исти нели?
    Јас сум можда уствари без можда, посурова у исразување ама верувај дека без никаква лоша намера, затоа што у мојата пракса на тешање се покажало дека кога пеобувам да тешам доуплескувам работа. Такада веќе не ни пробувам. Жената треба посекако да се разведе и да се спаси и себе и тоа дете дали јас ќе кружам као киша око крагуевац или ќе пишам директно исходот е ист.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ама не е убо така.

    Идиш ти со мака, бараш совет и да ти се пуштат 10тина во чопор со муабети: “Сама си крива“, “Глупа си“
    Како ќе ти поможи то?
    Уште толку ќе те издепримира.

    *Патот до Пеколот, е поплочен со најдобри намери
     
    На Konfetka, senjorita-v, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Никој не и рече дека е глупа или не сум прочитала.
    Ако јас барам совет на форум јавен кај што има 1000 различни луѓе треба да сум свесна дека од некого ќе добијам разбирање, од некого критика, од некого ова се глупости од некого трескање поише од мене од земја.
    Жената дојде да си се искаже и да добие валидација да остане у таков брак. Јас затоа што и мислам добро неможам да го оправдам тоа посебно не затоа што има и трето невино суштество во приказната.
     
    На Directioner005 и Dentina им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.523
    Некој има време да теши некого и да му изиграва психолог со саати.
    Некој нема.
    Трет е што на уму, то на друму.
    Најголемите сеирџии им велат на зајците дека имаат големи уши. За да се утешат дека нивниот живот може па и не е толку промашен.
    Сите прашувачи не се спремни да ја чујат вистината. И психолог добар не дава конкретни совети за животните проблеми, туку насоки како да ја смениме тријадата мисли- емоции- постапки. Ама самите. Не рајко петко да каже : развод. Оти ако сам не си во таа фаза, сите што го кажуваат очигледното ги гледаш како непријатели. Па се риташ во спротивна насока. На крај се ќе си дојде на место. Само не за сите.
     
    На IRBBB, flower30, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.152
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1655541336255.jpg
     
    На Just.do.it, referentka, DoubleK и 11 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Толку ли е тешко да се биде учтив?
    И ако останатите не се, не мора и вие да го следите тој пример.
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    На крај краишта не знаете/знаеме дали човекот после одредена постапка би се сменил. Као буквално не можеш да знаеш. Како 100% тврдите нешто за некој кој не сте го запознале?

    Посекако она е свесна за опцијата развод, но делува како сè уште да бара идеја како би можела да постапи за да продре до маж и'.
     
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Сериозно мислиш дека некој што додека има жена и дете пишува со другарите : оваа е материјал за плескање, и на тоа се правда: машко сум тоа ми е во природата, ќе се смени?
    Ај ако не уште едно нека му роди, може ќе проработи…(facepalm)
    И ќе дојде и ќе ги прочита коментариве кај што и давате лажна надеж(а тоа и го бара) , и сите среќни и задоволни:party:
     
    На Demi_, nena2010, Lady D ❤️ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.523
    Можеби таа за која пишува е навистина 'материјал за плескање" мада мене ова изразов со 'материјал' ми е гадничок, плескање мање више сите различно ги нарекуваме сексуалните односи .
    Јас го замишљам како загорено човече што ако 'материјалот' му намигне, тој ќе одлепрша да ја 'плесне'.
    Нема да се мисли многу дали тоа ќе ја повреди жена му. Или дали ќе има последици за детето.
    Сите познаваме вакви луге .
    Смена : хмммммммм.....сомнително.
    Не знам што се очекува да и се каже на членката, или што самата таа сака да чуе, ама овде се пишува врз база на сопствен светоглед, и моментално расположение.
     
    На senjorita-v, СуперДевојка, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Секој што се отворил на овој форум и очекува некакво мислење, нека биде спремен за секакви различни мислења, погледи и дејствија.

    Во ваква ситуација, со ваков тип за маж, кој ниту еднаш не се свртил или помислил дека има жена и дете, кој совет да се даде?

    Дека да трпи, додека тој бара материјал за плескање?

    Тоа ли сака да слушне членката, а да не се осети навредена?
    Е па добро седи и трпи додека тој плеска настрана!
     
    На senjorita-v, GirlRose, Demi_ и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Кога сум била во тежок период, мајка ми а и другарките секогаш ми ја кажувале вистината и искреноста на остар начин.
    И знаете што? Благодарна сум им за тоа што не го кажувале она што јас сакам да го слушам, и поради тоа јас денес сум посилна личност, знам да прифатам критика, и да донесам одлука.
     
    На Mantub, christinnn, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
    Ама настрана вокабуларот, ваљда сите знаеме со кого стапуваме во брак, сами сме го избрале. Ниту вокабуларот ниту погледот на свет, му се смениле на тој човек во рок од година, три, пет, значи таков бил и било прифатливо.
    Ако разбрав убаво уствари овде се праи муабет безвезе, никакво брачно неверство нема, си разменувал дечкото сликички :tmi:. Дали и колку е тоа некому прифатливо не знам, ама пак ќе кажам, оф топик е муабетот. Дали и кога би скокнал по ,,материјалот, , исто не знаеме. А дали и колку му се битни жената и детето, нека си процени членката сама.
     
    На senjorita-v и Dentina им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Луѓе се мењаат, ако имаат капацитет за еволуирање. А маж и' не го знаеме лично, тоа е сè што велам. Тука некои тврдат дека дефинитивно нема шанси да се смени, некои тврдат дека поради бременоста се оженил со неа, а некои дури алудираат дека штом дава такви коментари и лајкува тогаш веројатно и ја вара. Сè видовити. Каша-попара оговарувачки муабет.
    И како тоа е лажна надеж ако кажеш "пробај вака и вака, можеби ќе ти помогне со проблемот"?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Варање е релативна ствар. За мене дефинитивно е ако маж ми ги гледа жените како материјал за плескање.
    Каков капацитет за еволуирање може да има човек што мисли дека само затоа што е маж, во природата му е да ги смета жените за предмети( повторувам-материјал) за плескање?
    Што конкретно ја советуваш во оваа ситуација? Зарем има друг начин освен разделба?:o
     
    На CoverGirl10, baby-star, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.008
    Не знам каков му е капацитетот, не го познавам. Само она може да се обиде со разговор, договор и преиспитување на заедничките желби и перцепции да види дали ќе се промени или не.
    Мора да и' дадам конретен совет на членката за да дадам мислења за туѓите мислења у темава?
     
  19. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Па некои за брачно неверство го сметаат и допишувањето, лајкувањето, па и споделување коментари кои укажуваат какви нагони будат тие кај него. Мн. гадничко ми е тоа што пишал на другар му, ама ете таков му е мајндсетот и вокабуларот. Или ако не е сметано за брачно неверство укажува дека има големи можности кога би му се пружило прилика да си ги задоволи нагоните.
    Е сега да, точно е дека 100% не може да знаеме дали ќе му скокне на материјалот за кхм...:puke:
    Ама па при жена и мало дете, да не се обрнува внимание ниту на неа, ниту на малото и да се трескаат вакви глупости по коментарите со другар му мене ми укажува дека тој нема грам почит кон тие што треба да му се највредни во животот, а можда и тој така не ги доживува.
    Е сега одиме на следно членката сама да процени, да, треба сама да си процени или по консултација со психолог, ама одење на стручно лице за некои е рамно на апокалипса, готово крај на светот ќе дојде ако се обрати таму. Ама за да по негативна проценка постапи исправно и си замине од таму треба да е финансиски стабилна. Убаво и се пиша да најде раб. да работи на себеси, членка и предлози и даде каде да бара раб. Ама очигледно полесно или поточно поприфатливо и е нешто др.
    Како и да е жално за детенцето што се трпи покрај вакви недозреани родители за улогата родители.
     
    На nevermet18, Directioner005, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ова маживе се страшна работа. Смајли што се крсти,толку.
     
    На Unread, nena2010, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.