Ќе се обидам најкултурно да кажам. Од тоа што го пиша членката со конкретниот проблем се заклучи дека: 1) Мажот го интересираат други жени според делот „материјал за плескање“ 2) Сопругата е растена во строго патријахално семејство каде мажот мора да се почитува. 3) Колку и убаво и слаткоречиво да го пишеме сепак е факт дека таа му раскинала од иста причина кога биле во врска и кога дознала дека е бремена повторно се вратиле. Со самото ова, самата таа кажува дека се вратиле ради тоа што била бремена. Де факто мажот е типичен балкански, сељо маж. Не мора да живееш со нив за да го согледаш тоа, доволни се само две реченици. Побогу македонски менталитет е, не дека се од Занзибар. Ми е жал за членката, таа си знае најдобро. Прочитав дека му спомнала нешто, но тој нетокму ја направил. Дали е изневерување тоа што тој гледа во други жени? Не. Ама па дека удари на психа и самодоверба, удира. Дали е решение развод или не, тие си знаат. Ако може да издржи и да го преброди тоа, арно. На крај на денот не ми менува мене ништо лично во мојот живот дали таа ќе е во брак или не. Ах и да, не треба никого да го интересира дали сум во брак или со дете па за да ми кажува дали смеам или не смеам да коментирам по темите. Некултурно е
Сите можеме тоа да го направиме. Не е ништо посебно некому да се „плесне вистината“, не е тоа некоја специјална особина, тоа е само незамарање за чувствата на другите кога ние би кажале само така, без да размислиме. А тоа, реков, сите го можеме. Мислам дека сите веќе и рекоа тешко дека ќе се смени, ама тоа што ја зел ради бебето или не ја зел, нема никаква улога во нејзиното барање на мислење. Само е сурово и ништо повеќе. Веројатно само и треба време да се помири со ситуацијата, дека дошло до ова што дошло, да ја прифати реалноста прво. Па, ќе наоѓа решенија после, какви и да се, она ќе живее со тоа.
Иако јас не го спомнав тоа, демек за бебето ја земал, се прашувам: што има сурово во фактот дека направиле свадба или влегле во брак дека била трудна? Ако било така. Еве јас направив свадба дека бев трудна. Да не бев СИГУРНО немаше БАШ тогаш да направиме. Бременоста не исфорсира. Јас го сакав маж ми и бременоста беше неочекувана, оти мислев не можам да забременам. Ама кога се деси тоа, испаничив , плачев , и секако не сакав да абортирам оти го сакав и сакав да е татко на мое дете. Ама вистината е : направивме свадба зашто бев бремена. Кој сака нека се вреѓа. За мене не е ниту срамно ниту навредливо ниту сурово. Ако сакав да абортирам, ќе абортирав. Ако тој не сакаше да стапи во брак со мене, немаше. Амаа....јас го познавав човекот. И членкава го познавала својот. Не знам зошто од вистина се вреѓа некој. Ај можеби тие не се зеле ради бременост. Јас се зедов. Можеби иначе немаше ни свадба воопшто некогаш да правиме . Ќе живеевме заедно. Со овој ум не би ни се бафтала со свадба. Папир само за полесна емиграција. Нежни души заглавуваат во неволји зашто вистината некако ги плаши. Дел од нив, се разбира. Признавање на сам себе е прв чекор за добра релација со себе. Искреност, вистина. Твоја , моја , негова, сите делуваат различно. Ама факти се факти и од нив нема успешно бегање
Зборуваме за конкретниов случај, не за сите што некогаш се зеле оти останале бремени. Еве што има пишано членката. Навредливо е да се каже дека ОН ја зел ради бебето, инаку ништо, би ја шутнал, ама ете, ја земал ОН ради бебето, а пишала и дека она му раскинала. И сега ние тука ќе пишуваме како ОН ја земал заради бебето и тоа е тоа, требало да си мисли. Ќе и ја плеснеме вистината во фаца зашто не знаеме поинаку.
Да , во право си за ова. Генерално е лесно од страна да се мудрува. Кога некој ќе ми рече нешто што не ми одговара, порано ќе скокнев, ќе се карав, ќе го мразев. Сега прво се прашувам " колку има вистина во ова?" . Ако има ( бидувајки искрена со себе колку се може) пробувам да сфатам како сознанието може да ми помогне и што можам да променам за да си помогнам. Ако сметам дека нема, припишувам на злоба или незнаење, или неинформираност или чак глупост и терам понатаму. Ама секако бар неколку минути ќе размислам со најладен мозок што во моментот можам да го 'оладам' фигуративно кажано. Од хистерија никој ќар не видел. Јас барем не.
Има разлика од кажување мислење до кажување мислење, па и да е вистина. Значи може да е квалитетно, да нуди решение или тотално бескорисно. На пример "што си мислела па ти, те земал ради бебето, што не си отворила очи кога си се мажела", се апсолутно бескорисни мислења. Никаков совет, само осуда.
А што докажува навредливо фактот дека ја зел оти била бремена? Самата си кажа дека прво му раскинала, па дознала дека е бремена и се земале поради тоа. Тоа не го менува фактот дека типот е обичен шалабајзер, далеку од замислата за маж за да бидат фамилија. Доколку членката посакува да чуе овде позитивни критики и лажна надеж за маж со кој не дели исти интереси за брак и семејство, нека не очекува дека нема да добие реални и објективни мислења, поразлични од нејзината замисла за фамилија со неандерталец.
@RainBow ај прочитај ми го постов Па после коментирај ми коментари. И да се земале дека била бррмена инаку можеби не би ни биле заедно!!!
Како и да е типот не бил спремен за брак ама ете. И тоа е легитимно. Не значи дека е он монструм во приказнава. Он си си се покажал каков е од старт. Не е дека се правел некој друг и сега се покажува кој е. Жената треба да си размисли дали може да живее со тој човек или не. А не како глина да го моделира за да прави копија од семејството во кое живеела.
секоја приказна има три страни мојата, твојата и вистината. така да... ние овде читаме само таа што вели.
Jas sum vo brak vekje 6 godini Imame dve devojcinja a na pat e i tretoto devojce Ke se trudam da bidam pokratka. Vo posledno vreme me macat kosmari za neverstvo na soprugot i ne sum raat voopsto. Mnogu pati znae da se zafrkava na taa tema a jas nekogas ke go sfatam seriozno i se ljutam. Iako znam deka me saka mnogu , da ne te saka covek nema da pokazuva, nekogas covek ke se zamisli sto ponataka ako se sluci toa a doma vekje imas oformeno semejstvo. Sto bi mozele da znacat tie sonovi ...??