Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    26.295
    Пол:
    Женски
    Хормоните ти беснеат во бременоста
    Инаку соновите не значат ама баш ништо јас колку пати сум го давела на сон маж ми :rofl:
    Мислиш многу размислуваш умот ти е тука и затоа и на сон ти излегува
    А оформено семејство не ти е гаранција во животот дека нема да те изневери или изневериш.
    Кажи му отворено на маж ти дека ти пречи таква шала и да не ја повторува
    Никогаш не можеме да знаеме утрешниот ден што може да ти донесе
    Инаку нека ти се здрави и живи женските и со лесно бременоста
     
    На cresa-jagoda, tessie и Elena.p.gg им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека премногу се опседнуваш со тоа, можеби хормонално.

    Но, :!: мене ми е чудно тоа што маж ти толку се зафркава на тема за којашто знае колку многу ти пречи. :^) Згора на тоа, свесен за твојата состојба.

    Тие соништа ти се предупредување дека треба да го исфрлиш мт од центарот на твојот свет и таму да си се ставиш самата себе си, а тоа по автоматизам значи и децата.

    Јас една работа релативно доцна сфатив. Некогаш сме неправедни кога ги обвинуваме мажите а дејствуваме како воопшто да не ги познаваме.

    Да, сакаат да се чувствуваат како херој, единствени, сакани, но да направиш да бидат полезни, а не приврзаноста да биде само товар, во стил мора да ѝ се јавам ептен е приврзана не може без мене (глуп пример знам :D) На колку од нас татковците не давале да се викне мајстор дома, па макар го дорасипале нештото. :rofl:

    На пример, на која било тема работиш на себе си, надоградување, работа, што било. Прашај го за совет, што мислиш, кој пат да го фатам ќе е поарно.
    Ем гледа жена што не му е товар, нешто од коешто страв во коски имаат, ем гледа дека дури и на таква силна жена ѝ е потребен.

    Кога ќе почувствуваш каков било недостаток, а во моментот не можеш да го решиш со него, времето коешто природно би го пренасочила во мислење на тоа, пренасочи го кон себе си.
    Оди на театар со малите, провери кога последен пат си го ажурирала cv то, провери дали има некоја интересна акција или активност на којашто можеш да учествуваш, ако има, гледај да прошириш круг на луѓе. Кога ќе видиш колку напорна работа е всушност работа на себе си, не се собира ни во полно работно време и соништата ќе престанат и господинот ќе почне да се плаши од загуба и ќе припази на речникот.

    Некои мислат ,, напраивме деца, сега во џебот ми е. " Е па, нема така да мисли господинот. Животот не завршува со децата, уште помалку со бракот, градењето и самоактуелизацијата се сѐ уште активни процеси. Среќно, убаво девојче и мајка на убави девојчиња. :f:
     
    На Butterfly1212, referentka, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Јас решив од само почеток да бидам верен 100% порано со други не сум бил секогаш. И испуштив неколку шанси за добри авантури ги пресеков веднаш на почеток. Значи ептен ни флертување, не ни помислувам нешто да правам. И ок функционира бракот. Јас сум 100% чист и планирам така да остане. Но ако дознаам дека таа нешто прави добива развод по кратка постапка најверојатно и дебела парична казна. Ќе си го крка ако направи нешто нема жолт картон директно црвен и аут.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    11.232
    Пол:
    Женски
    Ќе и бараш парична оштета за неверство? :D Е да, трауми се тоа богами :wasntme:
    Некако од напишаното како да стискаш заби за да не направиш неверство, а не дека не сакаш, или па грешка, сум :^)
     
    На Фem.ima, tessie, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Грешка си. Не ми е проблем. Ок ми е со неа. Само сакав да кажам ако јас можам може и таа. Ако не може казна како ќе се изведе тоа баш не знам. Наједноставно би било со адвокат...ама не е битно далеку е тоа и нема што да размислувам детали сега.
     
  6. loverboy09

    loverboy09 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    се додека има вакви мозоци ете вака ќе биде “какано”, ако можам јас може и таа/тој, ако направам јас мора и таа/тој…наместо да размислувата вака чипувано размислете како да го радувате како да го смеете партнерот, да му овозможите прекрасни мигови да ужива во времето кое го поминува со вас и да му фали тоа време кога не е со вас, нормално е дека ќе има има и некој несогласување но доколку вашиот партнер има се со вас вклучително и слобода бидејки секој може да си одлучува за својата слобода но не и за нечија онда партнерот веројатно не би ризикувал да го изгуби сето тоа…пораснете, созрејте, олабавете од балканизмот…абе кога ве читам ваму се чудам како воопсто имате пертнери и како тие се пронаогаат со вас…
     
    На tessie, H.VAGA, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    :o како го заклучи ова. Ни збор не кажам во тој правец и се однесува само на оваа работа. Дури и ова е фер и рамноправно. Проекција се вика ова :lol: од специфично кон генерализирано
     
  8. loverboy09

    loverboy09 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    доволно кажа според мене, може да проекцираш колку сакаш, твојата формула за фер е таа мојата не е јбг…не би навлегувал во подлабок муабет, очигледно размислувањата ни се премногу различни.
     
  9. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Ако ме цитираш мене тоа е одговор кон мене не кон сите...:hai:
     
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Боже каков детски мајнсет.(facepalm)
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    Е па господине за ова треба да си имаш предбрачен говор заверен на нотар каде јасно ќе биде наведено дека во случај на докажано невество, со назнака на докажано, изневерувачот е должен да плати извесна сума на пари. Во спротивно жена ти може да се ебава со цел свет, и ти пак ќе си добиеш само она што е стекнато во брак на пола и старателство над деца ако ги имате како ќе одреди или како ќе се договорите. така да сега можеш да пишуваш басми до бесвест. Без тој предбрачен договор не можеш ни денар да и земеш од она што ти следува по закон. Така да не летај многу со паметот.
     
    Последна измена: 23 јуни 2022
    На mira.mira, Nikolina35, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Најверојатно е така. Но и според закон е доволно. Ок фала.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    Не најверојатно туку 100 % е така.
     
    На Loslassen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.073
    Допаѓања:
    225.481
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Не постои парична оштета.
    Развод и толку.
    Туку глејте да ви е ок, не мислете на лошото пред време.
     
    На tessie, Осе, Loslassen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Не дека мислам на тоа. Онака ми текна денес. Па пиша на темава. Повеќе за муабет. Ај толку фала.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.073
    Допаѓања:
    225.481
    Пол:
    Женски
    Има поубави теми :D
     
    На tessie, Серотин и Loslassen им се допаѓа ова.
  17. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Остајте ги луѓето да си пишуваат што сакаат, нека си веруваат во што сакаат и во тоа дека за изневерување мажов ќе и наплател парична казна на жената. :lol:
    Ех ако се применувало и реципроцитетно ова, пола жени на планетава земја милионерки ќе се стореа преку ноќ, а може и повеќе од половина. :D
     
    На mira.mira, tambelina, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Ептен сериозен и долг муабет испадна од зависна реченица со веројатно во неа. И на крај како и обично се сведе на ние против тие. Знам да треснам нешто онака понекогаш од ракав приметувам тоа е сериозна работа тука. :D
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.150
    Пол:
    Женски
    Зашто има многу како тебе што така мислат па преку глава ни е од тие работи. Оштета бе? За што оштета?
     
  20. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    По твоево размислување ако тргнам
    ме цитираш како одг. само кон мене, ај во ред е ама што ми кажа? :^)
    Што ми менува мене дали тресеш или не, ниту те познавам, ниту ми значиш, си прокоментирав општо на темава.
    Ти како сакаш така прај си, колку и што е сериозно или не и кои се ние против тие мене во мојов живот ништо не ми мења. Ама ако тебе ти мења и ти значи еве цитирај и објаснувај се, само со мене не, јас само на поминување сум.:D
     
    На Loslassen му/ѝ се допаѓа ова.