Вака се однесуваат и мажите кон жените, црните кон белите, Албанците кон Србите, Украинците кон Русите, Шри Ланканцие кон Индијците, Кинезите кон Јапонците, христијаните кон муслиманите итн итн. Ова се вика трајбализам. Ај толку да не одиме многу офтопик.
Ни тенка ни дебела. Изневерувањето е морален прекршок, не законски. Освен ако немаш предбрачен. А муабетов "сум пропуштил добри авантури", доволно кажува за тебе.
Баш Ама да ни каже човекот дека е пожелен. А за тие што велат и 'шуто и сакато' изневерува, па...баш и со такви изневеруваат, со шути и сакати.. Неизживеани луге, дај шта даш', никаков критериум.. Не би имала секс со маж на кој секоја му е 'арна', и нема критериум, па последен нека е на свет .
Си прајте филмој и го напаѓате за тие филмој, во вашите глави. Не кажа ништо лошо. Размислете, жена да го пишеше ова, како ќе реагиравте?
во твојот случај јас мислам дека има 2 варијанти: 1. Или ти се сака многу да се чепка нешто на страна ама никоја не те погледнува, па сега имав прилика ама јас нејќев. Или 2. се растураш на страна ама по муабет не сум чепнал ништо. Во ниедна ситуација гарантирам дека не е како што пиша. По муабетот дека добива развод и парична казна и решив да бидам верен ќе да е опција бр. 1. Сега кога пишувам сигурна сум дека е опција 1.
Има уште едно потенцијално објаснување , покрај 1, али ептен шпекулација би било. Сите што агресивно ја ишкаат мувата од капата, и напразно се закануваат, уште 'нероден Петко' обично има подлабока приказна позади. Да не се навлегува во анализи, казна евентуално ќе плати Трамп ако Меланија реши да се разведе, пошто јавно е изварана пустата. Некоја Славица од Кривогаштани, тешко. Кај нас доволно е што комшиите ќе те олајаваат по кафиња дека 'како не ти е срам, недомаќинка'...
Ако има предбрачен договор може, ама кај нас тоа е научна фантастика сеуште. Вој си пати стварно од што ќе речат комшиите. Ме иритита неговиов муабет имав шанса. ама..... Кутриот колку поскува ама тоа е.
Како си го пиша ова, ко да е нешто wow награда, а не bare minimum и сосема нормално… Ко да си во исчекување да те вара и пари да и земеш и да си продолжиш со авантури..со еден удар две муви како живеете вака бе…
Не дека мислам на тоа туку еден четврток сабајле видов тема и ми текна да пишам на неа за мене. Не барам медаља онака сабајлечо размислување на ден кога немам многу работа. Лично мислење што ми текна од сабајле.
Државно работиш гарант Од друга тема го крадам ама ....гадно или не, вистина е во 99% случаи. Ма ...100%.
Мала шала, циљав на мк администрацијата.. Али ок, твој став си е твој став. Не ти посакувам многу пари, оти тоа ќе значи те изварале
А да не влечеш некој "трауми" од првиот брак па сеа се припремаш? Мада искрено мслце детско делуеше напишаното ..
Нема што да размишљам, ме извара ли чао пријатно. Тоа имав прилики тоа пари.... Малце како дете да го пишува.