После третото се охрабрил да ти пише, после четвртото ќе те земе за втора жена, да му помагаш околу дечињата. Зошто олку ниско паѓате, па уште си се тешите дека ве сакаат?
Какви чувства, изгледа досадно му е во бракот и тоа е се'. Или ignore или block, нема што да се мислиш.
Стварно не ми е јасно како размислуваат жениве (ова не е навреда, едноставно сме два различни пола) Повеќе пати слично им се има случено на другарки/познанички и пена ми фатила устата дека само им се ***, ама не, "Хемија" имало.
Simple е. И на жените само им се е**. Тоа значи "хемија". Затоа и враќаат. Мислиш гајле им е дека овој е во брак, има жена, деца дома? Не. Проблем се јавува тек кога ќе развијат чувства за него. Ако развијат. На старт тоа не се случува секако, се е механички.
И мене ич не ми е јасно како размислуваат мажите. Дома има три деца и жена, а им пишува на девојки. Ако е толку 'јак маж', шо не и' каже на жена си дека сака да го пика во туѓи, м? Ебате мекотелите. На татко им не му е гајле, на другите ќе им е? Чија одговорност е бракот? На тој шо е во тој брак!
Дискутирано е катаљарда пати веќе ова дека и двата се криви. Исто како некој да убие човек, а ти да си соучесник во убиството. Одговараш и ти, само помалку.
Тој и' пишал, таа не му одговорила. Ако тој ги почитува и сака жената и децата, последно нешто што ќе сака да направи е да ги повреди. Ниту ги сака, ниту ги почитува, ниту му е гајле. Место да размислува со горната глава, размислува со долната. - Simple as Ако е одговорен сопруг/татко и гола да му се соблечи некоја, ќе ја одбие. ---------- И смачено ми е од то: “Мажите се различни од жените.“ Не сме различни. Се понашате ко да сме различна врста, а не различен пол. Исти сме. Само 'правилата на игра' се различни за мажите и жените во општествово. Секој треба да си сноси одговорност за своите постапки. Изговор е: “Машко е“ Шо ако е машко? Ако можам јас да го почитувам партнерот, може и тој. Од него зависи! Не од мене, не од мајка му, не од пријателите, не од 'јаките пички'! Само од него!
Не напишав за неа, туку за на @Dekoo другарките и "хемијата". Па не ја почитува тој жената и децата, ама ниту швалерката не ги почитува жена му и децата, што е common human thing. Прељуба прават двајца, двајцата прекршуваат морални принципи, двајцата се криви. Не подеднакво, едниот прави превара, другиот е соучесник, но тоа не значи дека го лиши од одговорност. Така да, не знам зошто воопшто уште се зборува на темава. Секогаш секој си наоѓа оправдание за својот блуд и неморал со префрлање на цела кривица на другата страна за да си ги оправда своите постапки. А исто смрди. Подалеку од такви луѓе.
Многу ми е гајле за нејзе. Таа не е одговорна за постапките на човек во брак! И' се ебало, се еба; или копилето и кажува приказни за тоа 'колку ја сака, а жена му не чини и со нејзе е само поради децата'. Тој треба да се врати кај неговата сопруга и неговите деца и да ги погледне со мирно срце, како ништо да не било. Како може човек ова да го прави? Соципатија на нивоУ Подалеку од вакви луѓе.
Вереник да пишува здраво на рандом девојки и да става срцки? Машко сум, ама ова ми е причина за оставка на вереникот. Подобро сега, отколку кога би биле во брак официјално.
Што к.. има швалерката да се замара за жена му и децата. Си нашла нешто во него, може и се ебе за една вечер и крај. Она одговара за нејзин живот/брак/врска он за негов. Simple as that.
Да ми кажеше некој дека еден ден ќе барам мислење на форум за ваква проблематика, немаше да му поверувам. Не дека има нешто лошо во тоа, едноставно јас не сум човек што се разголува пред непознати. Ќе се обидам да бидам кратка иако моево има многу детали. Со сопругот (венчани во 2018 и имаме 1 дете) сме заедно од 2010 година. Тој ми беше се - најпрво најдобар другар, зашто можев се да споделам со него и да водам секакви муабети, па љубовник, сопатник. Проживеавме заедно многу работи, бил тука за мене во моите најтешки моменти, исто јас за него. Да не го тупам - бевме сродни души. Или барем јас така си мислев... 2020 ни се раѓа детенцето и животот ни се менува. Тешко е да се одгледува бебе, особено во корона, сосем сами, а немавме ниту помош од родители. Сепак мислев дека и покрај промените сме јас и тој против светот. Фаст форвард 2022 - е па, не било така. Втор ден на одмор добива порака од колешка што не би ја напишала колешка, туку нешто повеќе. Излегува дека со колешката се допишувале уште минатата година од август до декември, па прекинале, па повторно почнале во јуни. Ѝ кажал и дека ја сака, дека ја љуби. Немале секс, само воделе обични муабети. Вели дека му требало некој што го разбира и го поддржува (нешто поврзано со работата) и му годело нејзиното внимание. Не размениле разголени фотографии, но имале секс по пораки. Првиот пат прекинал за да се посвети на семејството, вториот пат почнал и речиси веднаш сакал да прекине, повторно од истата причина. Одморот - можете да замислите колку беше одмор. Чувствувајќи дека сум придонела (и јас не бев најпосветена сопруга справувајќи се со новата улога на мајка) размислував некако да го простам сето тоа, иако психичкото поврзување ми е поболно од тоа да имале секс и да завршеле... барем сега така размислувам, да имале секс можеби немаше. Решив да дадам време, да оладам глава и со смирени страсти да донесам одлука. Во меѓувреме, не знам кој ѓавол ме натера, му го проверувам лаптопот (кој стопати сум го прочешлала и ништо не сум нашла никогаш) и во recent folders наоѓам фотографии од други девојки (вкупно 4) од кои 2 ги знам - една негова другарка од странство и другата е бившата што не ја сакаше и ја остави за мене уште на самиот почеток. (go figure) Со другарката од странство имал секс на скајп, „врската“ ја прекинуваат по 2 недели, со другите само се допишувал по пораки, со сите прекинал по кратко време, и сето тоа се случувало уште многу одамна, од 2014 па наваму. И тоа беше крајот за мене. Вели дека не знаел зошто го правел тоа, дека откако ќе го добиел тоа што го барал (его бустинг? сето тоа го гледал како порнич?), веднаш прекинувал, дека ужасно се кае, дека ќе посетува терапевт да работи на себе зашто си го саботирал животот, дека му е жал што тоа ми го правел, ме моли да останеме заедно, ќе направел се да бидеме најсреќни итн. итн. И знам дека треба да бегам од него како од ѓаволот, свесна сум. Проблемот е што освен последните две години кога ни беше тешко да се навикнеме на новиот живот, па дури и тогаш, ме сакаше, ми покажуваше љубов - во смисла секогаш бил тука за мене, обврските околу домот и детето секогаш биле еднакво поделени, го обожава детето, нема подобар татко од него, сакал да правиме заедно работи, тој беше оној што постојано ме прегрнуваше и бакнуваше, јас заборавав (не знаев главата кај ми е, иако ни тоа не е оправдување), сакаше да имаме секс, ми оставаше пораки наутро пред да замине на работа, сакаше да поминува време со мене, да шетаме, да гледаме филмови - и да не го должам. На никој начин немаше да поверувам дека станува збор за истиот човек. И знам... знам што треба да направам. Знам... само многу, многу, многу боли. И имаме дете... И сум во fucked up позиција и... ете, не знам - сакам да слушнам туѓо мислење... не можам да им се доверам на најблиските (семејство и другарки) зашто ако се случи да останеме заедно не би можеле да го поднесат, а не сакам да е така, сега го обожаваат. (со моите е златен, ги сака, почитува, се дружи, што е реткост). И... иако ме повреди како никој, и иако боли до коска... морам да признаам дека Е добар човек. Е добар син, Е добар другар, Е добар работник, беше добар сопруг/дечко. Не сум заслепена, не сум будала, навистина не е лош човек. Само ете - не е добар партнер. А да... и ако знаете добар психолог кој работи со вакви проблеми препорачајте, ве молам, мислам дека не можам да се справам сама со болката. Извинете за предолгиот пост и фала ако ме исчитавте дотука.
Колку и да бараш оправдување, а гледам тоа го правиш, го правдаш и пред нас и пред самата себе, нема никакво оправдување. Воопшто не е добар сопруг, татко и другар. Е сега, ако ти сакаш да продолжиш со некој што со години си барал занимација на друго место и можеш да поминеш преку тоа, go on. Јас не би простила и не би имала доверба во таков човек.
Јас не би останала со него. Повеќе девојки, повеќе години истото, од 2014 досега да крие толку добро и да легнува до мене ко ништо да не се десило, не би можела да имам доверба за ништо повеќе во таков човек. Кога би останувала со него во брак, би се помирила дека ќе продолжи да ме изневерува и тоа е тоа.
Ајде биди јунак ете го ќе оди на терапија (дај му една шанса)...За тебе можам да кажам биди јака еден ти е животот
Мислам дека, бидејќи во целина е добар човек, со роднините, со децата, сакаш да продолжите со бракот. Не би сакала да ја квариш сликата за него пред другите, пошто велиш сите го сакаат. Ама дали ти можеш преку ова да поминеш, да легнеш навечер до него, сепак не се работи за една девојка. Ако можеш, продолжи, но доверба во ваков човек никогаш повеќе, тоа сигурно!
^Типот десет терапии не го менуваат, но не си барај сама оправдување за ваков изневерувач, кој кон тебе нема ни трошка почит.