Ако мислиш дека ќе се смени, нема. Тој од 2014 година си пишувал и имал секс со други,значи со години те лажел (може неверствата кратко траеле, но тој сите овие години не ти кажал). Воопшто не е добар партнер. Ако беше добар партнер, отворено ќе разговараше со тебе, дали нешто не е бо ред со вашата врска и ќе ти кажеше пред да те изневери. Не си го губи времето девојче со ваков!
Само сакам да додадам дека немал секс со ниедна од нив, само се допишувал и со едната на скајп... Не го оправдувам сега, само не нагласив во првичниот пост од брзање...
Тоа што си го фатила во 5-6 ситуации, не значи дека само толку биле. Очигледно станува збор за човек на кој верноста и лојалноста во бракот не му се императив. Да се промени, не очекувај. Ако можеш да се помириш да живееш со таков човек во брак, продужи. Од каде си сигурна? Мислиш дека се возбудувал само со секстинг? Тешко некој да остане само на тоа. Тоа лесно прогресира во физичко неверство. Сепак ти препорачувам семеен психолог. Најдобро би било прво ти, а потоа и двајцата. Ако немаш идеја, знам еден семеен психолог, она работи приватно.
За тебе секс преку скајп не е неверство? Не е неверство допишување? Тој те лажел, ја изневерил твојата доверба. Од каде знаеш дека во иднина не би имал секс со некоја? Не велам да се разведеш, само размисли.
Е. Е секс. Е неверство. Не знам дали напишав, ама 99 % го напуштам... само... ете не знам... не знам што очекував дека ќе слушнам... сите размислувате како и јас, многу нормално...
@Emma Star со самото тоа што си пишала дека не сакаш да им кажеш на најблиските за ова за да не си го расипат впечатокот што го имаат за него мене ми делува дека ти ќе му простиш. Е сега вака не те осудувам тоа си е твоја одлука, ама биди спремна дека вакви нешта постојано ќе му се случуваат дали по една, две или колку и да е год. него му треба ваков его буст? пронич во живо? Така ти се оправдал дека ова го доживувал, грозно... Единствено може да престане со ова грозново ако самиот посака и сака да работи да го промени тоа, ама што знам, ова ми се граничи и со зависност од сајбер секс, а за ова него му треба многу работа и психосеанси и пак е под знак прашалник дали ќе го искорени ова.
Слушај, не велиме да се разведеш, може да размислиш некое време, да пратиш како ќе биде, ама тешко е ова, боли да дознаеш за вакво нешто
Многу дволичен. Ем идеален сопруг ем идеален швалер. Ништо не било и не е толку совршено, ти така си го идеализираш. Со секој убав гест си го покривал она што ти го работел зад грб. Ти си нашла за 4-5 девојки, а за колку не си нашла?!
Да, да, многу точно кажано. Да ја намали грижата на совест, ќе биде добар сопруг, ќе остава пораки и подароци.
Страшно боли луѓе, немате идеја. Никогаш, никогаш да не дознаете... затоа пишав, барам lifeline... не се снаоѓам најдобро со ситуацијата и болкава, зашто точно знам што треба да направам...
Не мора да значи дека целото внимание кон сопругата му е ради грижа на совест. Има такви мажи грижливи, фини, посветени и по дома, ама и по надвор од дома Мене само ми е нејасен оној дел со бившата, девојката која не ја сакал па прекинал да е со тебе @Emma Star што ми наметнува прашање дали неа ја варал со тебе па после вие продолживте заедно?
Помеѓу редови многу кажаа (ваков бил, онаков бил 4ри биле или повеке), и самата вели знам дека треба да го направам тоа
Ако не се разведеш, биди подготвена дека тој нема да прекине со неверствата. Може ќе прекине краток период и после тоа пак истото. Евентуално ако тој сака да се промени, ама тоа бара премногу труд од личноста, а според ова што го кажа не мислам дека твојот сопруг сака да се промени. Константно изневерување не е индикатор за промена. Не велам разведи се, може ќе посетите брачно советувалиште, но тоа ќе биде без резултати ако твојот сопруг не работи на себе.
Не, се знаевме од порано, ме сакаше пред неа. Ѝ раскина, не ја сакаше неа (погрешно можеби си разбрала, сакал да е со мене) се споивме посериозно и се фативме.