Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Како е најлесно да се разведеш бе
    Најлесно е да останеш, никој никогаш нема да дознае, никогаш нема да си одиш од дома, никогаш нема да си ја менуваш секојдневната рутина, никогаш нема да мислиш како да се организираш околу детето.
    Ако заслужувал бракот шанса, немало од 2014 тој да прокоцка милион шанси со повеќе девојки.
    Како можете и во најкристално јасни ситуации да успеете да ја накривите жртвата за тоа што и се десило, изневерената жена пак ќе е крива ако се распадне бракот, стварно не знам како го правите тоа
     
    На martine, Miss666, Guns N` Roses и 21 други им се допаѓа ова.
  2. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Одма штом и раскина вие тргнавте? И цело време додека бил со неа, те сакал тебе од порано?:o

    Дечково и ситуацијава од старт имаат низа црвени знаменца, ама ајде ти си знаеш најдобро како било и зошто.
    Мене ми личи на варач, таков си бил и пред да се фатите и завршите во брак и најверојатно таков и ќе си остане, ако не сака да се промени.
     
    На Nikolina35, Осе, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    12.091
    Пол:
    Женски
    Аха, а таа да го правеше тоа што тој го прави мислиш тој ќе и дадеше шанса и ќе го спасуваше бракот? Јас мислам не.
    И не, не е најлесно да се разведеш. И разводот е мачен и тежок процес, поготово од психички аспект. Не секој брак заслужува шанса, поготово само ако едната страна се труди и поправа а другата абер нема за промени.
     
    На Guns N` Roses, sj *O*, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Јас да сум, не би се откажала овде.

    Би пробала брачно советувалиште, воедно тој да си ги решава недоумиците индивидуално кај психолог, па ќе видам дали ќе има разлика, или не.
     
    На Осе, Discovery, Anne Boleyn и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А како ќе видиш разлика?
    Од 2014 ако крие успешно, што е тоа што ти кажува дека нема само да стане поуспешен во криењето?
     
    На Nikolina35, Сара Лав, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Тешко е и да станеш сабајле да отидеш на работа, да се трудиш и заработуваш, да си зрела и возрасна личност па ете повеќето го правиме тоа.
    Нема лесно, тешко во животот, ако вака гледаме се е тешко бидејќи бара напор.
    Ама имам приметено во низа ситуации кога се има дете се голтаат и се трпат секакви глупости, а дека тоа расте во токсична средина во која мама и тато секој ден очи си вадат или ете и не мора да си вадат нека е и мирно ама не се сакаат и почитуваат што дека.
     
    На Priroden и Осе им се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Женски
    Аааха најлесно... разведена самохрана мајка во општеството е најтешкото нешто за една жена па тек идат мислењата од најблиски луѓе се тоа многу повеќе боли
     
    На BebeSofi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emma Star

    Emma Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Те читав Вајлд деновиве на темата за отворен брак... зашто му кажав да ми спомнел да имаме отворен брак, се знам себеси, ќе сум прифатела. Затоа што стварно, стварно мислам дека ме сака според тоа како се однесува постојано по дома и колку време сака да поминува со мене... иако знам дека е неверојатно и речиси никој не би ми поверувал.
     
    На Осе, Madrugada, Malesia и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Нормално дека ќе боли.
    Дознаваш дека животот ти бил илузија.

    Ова ич не е заебанција.
    Многу работа ќе ви треба, и на двајцата.

    Ама сметам дека одлука за развод се носи со ладна глава и откако ќе се истрошат сите други опции.
     
    На Осе, Madrugada, Anne Boleyn и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    До кога со ова, мислењата на другите луѓе? Зошто не се прашаш што ќе кажат другите за изневерувачот?
    Зошто жените треба секогаш и секакви глупости да простуваат?
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Lady D ❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    И одлука за отворен брак не се носи во ваква состојба.
    Не ти треба bargaining.
    Поминете го процесот на тагување, после ова ќе го мислите.
     
    На sj *O*, Malesia, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Еве јас видов разлика.
    може и таа ќе види

    ... а може и не...
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Самохрана мајка е ако умре таткото или ако скрос му е одземено родителското право, ситуацијава овде не е ич самохрана мајка.
    Извини, ама и други пати те читам во темите, на една членка ја тепал мажот, на друга членка мажот ептен бил мамин син, на сите им враќаш на ќутат и да не ствараат кавги.
    Повеќе самопочит треба да имаме, јас не велам да се разведе по секоја цена, што и да одлучи нема да е лесно, и да се разведе не е лесно и да остане и да пробува да ја враќа довербата во него ни тоа не е лесно, и никој не може да каже што е потешко, само муабетот дека ако бракот се распадне значи изневерената страна не му дала шанса на бракот - тој муабет ич не чини.
    Ако се распадне бракот се знае кој го распаднал, тој што изневерил и толку.
     
    На Guns N` Roses, sparklie, Осе и 21 други им се допаѓа ова.
  14. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Кога станува збор за личност со која и самата врска е почната под такви околности какви е наведено и личност која си води паралелен живот, ајде сега за сега откриено е дека е сајбер тој живот, поточно практикува сајбер секс, а можеби и физички во живо? нема што да се разгледува, исцрпува, споредува.
    Овој човек е секс зависник, зависник од адреналин, зависник од освојување ново парче месо, грозно е и самото ова што го пишувам...
    Женава или ќе си легне на брашно, ете спомна сакала и опција отворен брак да имаат или одма ќе прекине, нема тука нијанси, јасно е како бел ден или ќе си ги подголтнува сознанијата за неговиве излети или ќе пресече.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emma Star

    Emma Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски

    Се знаевме од средно, сакаше да е со мене, не сакав јас, детски работи, се фати со неа, колку за да се фатиш, пак ќе речам, детски/тинејџерски работи, ама останавме во контакт зашто бевме другари и кога раскина набрзо потоа тргнав
    Не, не за сега... да ми спомнел уште пред години и години, да бидеме во отворена врска па брак...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ова не сум го пишала досега на форумов, оти се срамев.
    'Сите ме знааат. Срам ми е. Ајм а фејлиар'

    Слична ситуација имавме ко вашата.
    А јас веќе му имав речено дека сакам отворена врска/брак.
    Цел живот се крстам во искреноста, кажано му беше од првио ден дека тоа ми е најбитно и успеа тоа да го посери.

    Светот ми се распадна.
    Шетав ко зомби 3 месеци...
    Ни јадев, ни спиев, се чудев, се преиспитував себе си, ја преиспитував врската, анализирав, плачев, викав, го навредував, го молев по милион пати да ми раскажува детали, сакав да ги слушам, а ме бодеа ко ножеви в срце.

    И развод беше опција.
    Не знаев дали ќе ни опстани бракот.

    Госпо знај како... ама со мноооогу терапија, после помалку од година се вративме на себе си.

    Е сега... не завршуваат сите приказни така.
    А и мојава не ја рачунам за конечна.
    Безрезервна доверба немам во него, ниту пак во било кој друг човек на планетава.

    фунцкионираме...
    Љубовта ни' се врати.
    Комплетно.
    ... а мислев дека можно е никогаш да не се случи тоа

    Ова е меѓу вас двата и зависи само од вас колку ви значи да се борите, дали ќе се борите и дали ќе се изборите.

    Со среќа :hug:
     
    На Kaja991, sj *O*, ALISA0000 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Претпоставував дека одма, поточно си пишала набрзо потоа тргнав.
    Тоа е тоа, црвени знаменца вриштеле од секаде.
    И не е тинејџерска работа да си со друга, а да не ја сакаш, цело време еве тебе те сакал и додека бил со оваа ти се пуштал, тој е личност пушти фати некоја нова.
    Не велам дека не те сака тебе, убаво си опишала погоре дека мислиш дека те сака, да те сака како што нарцисоид може да сака.
    Незрел, варач и нарцисоидна личност умрена за его бустање со нешто што му го пружа тоа, ловење жени пример него му го пружа.
     
    На sj *O* и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Женски
    Абе ајде на форум е максимално нешто што можам да утешам некоја и да подржувам...и терапевт оф прва нема да и каже маж ти е ѓубре во две црти остави го...како вие сите тука што осудувате некој од пет збора што напишал
     
    На mira.mira, Emma Star и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Така е.
    Добар психолог, никогаш нема да ти речи ни 'остави го', ни 'не го оставај'.
    Само ќе ти покаже 'алатки' за полесно да се справиш со ситуацијата.
    Одлуката сам мораш да ја донесеш.
    .... каква и да е...
     
    На Осе, sj *O*, Anne Boleyn и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Женски
    Леле мене ова некој да ми го каже уште толку ќе се растресам алооо бр луѓе