Ете пак потврда, дете во бракот, финансиски зависна едната страна и оп ајде пак шанса, ама што нема доверба меѓу партнерите што дека. Жално колку жените трпат и голтаат разно разни глупости.
Епа вистината обично боли, ама подобро болна вистина отколку купишта слатки лаги. Форум е ова секој има право да си изнесе сопствено мислење.
Никој не и кажа, разведи се. Утеха не значи да кажам, дај му шанса. Ако веќе сакаш да утешиш некој треба да се потрудиш да му помогнеш како да се справи со емоциите кои ги чувствува поврзани со таа ситуација. Утеха не е, дај му шанса, најлесно е да се разведеш. И сигурно нема да се восхитувам на вакво ѓубре од човек. Кажуваме свое мислење. Ова е форум, не сеанса кај психотерапевт.
Се враќа довербата. Поминува љубомората и чувството на предавство. Ама не би се кладела во живот, дека нема да заеби пак.
Фала ви на сите, што непознати луѓе решија да ме сослушаат во 2 саат сабајле. Се согласувам со сите... имате право за се што кажавте... Затоа и ми е толку тешко. До пред месец имав „нормален“ брак, со проблеми, ups and downs, со радости, со љубов. Сликата што ја имав за човекот што тој ми ја покажуваше секој ден ми е неспојлива со сликата што ја дознав пред некој ден... и имаме дете... И да, потешко е да се разведеш. Ич не ми е гајле што ќе речат другите (ко што гледате спомнав и отворен брак што знам дека на повеќето не им е прифатливо), нека озборуваат колку сакаат, не се замарам со такви работи. Едноставно ми е страв од хоророт од болка низ кој ќе треба да поминам. А низ истиот ќе треба да поминам и ако останам... ете во толку лоша ситуација сум. Како и да е, се надевам дека еден ден кога ќе ве известам за мојата одлука, ќе бидам среќна. Или барем океј. Фала ви на сите.
Ти си знаеш за себеси. Мене лично не ми се вратила со бившиот партнер после неверство, а нема ни со никој друг во иднина. Си ги знам црвените линии па ако сака и булук деца нека имаме и еден ден раб. стаж да немам си одам од таков варач. Полошо во животов не сум осетила од таа вечер кога го фатив со друга, може само за смрт кога сум дознавала да ми било така слично, ама ова чувство и ден денес не ми е заборавено, мислев умирам. А беше многу неубава ситуација во која морав да не покажам емоции, ама отпосле како ме удри кај се не бев. И да точно е, психолози ќе те утешат, нема да ти речат одма разделба или продолжи, ама по неколку сеанси ќе те соочат со тоа дали можеш да се носиш по неверството или не со таа личност заедно.
Е ама него не би му одговарало и ти да си во отворен брак Види, дали ќе останеш или не е многу тешка тема, ти си знаеш. Знаеш дека не треба, нема да се промени. Ама дали и колку можеш со тој факт да живееш е веќе твое. Може и ќе најдете решение, ако ја нуди слободата што очигледно ја бара.
Најчесто во вакви ситуации жената нема ни да го консумира отворениот брак во таа мерка како мажот, а поверојатно е дека и воопшто нема да го консумира Отворен брак е етикета за да таа има увид што тој прави надвор од брачната постела, на некои жени таквата искреност дека шврља пример со Маре од работа и дава некоја сигурност, поточно сознанието дека знае што прави и со која и дава сигурност како ете тој е добар и и се доверува. А дека ја изневерува под етикета отворен брак што дека.
Nemoj da donesuvash odluka sega koga si luta i besna. Dajte si malku vreme. Vo sekoj brak ima vakvi raboti, vo nekoj se doznavaat, vo nekoj ne. Vrati mu so ista mera, i kazi mu. Ke bidete fit-fit, i posle 2-3 godini ke se smeete za ova. Zdravje ke imate i vtoro detence. Toj ke ostane bide super roditel i soprug i rabotnik. A vie sto pisuvate ostavi go, crveni znamenca i ne znam sto, dali znaete kolku e tezok proces razvod braka? Pa nov brak? Pa da mislis deka ke najdes partner, a ustvari ke najdes nekoj samo za seksualni potrebi? Nema ni dete da ti saka, ni tvoite. Svesni li ste za ova? 100 pati e podobro da se dadi sansa, otkolku razvod, vo slucaj koga nema tepanje, maltretiranje.
@Emma Star ги прочитав сите мислења, да не се повторувам. Мое мислење е дека после толку негови грешки, имаш право да размислуваш колку сакаш време. Да се донесе одлука во ваква емоционална каша е ПОГРЕШНО. Јас би му рекла: одвратно се чувствувам и сакам да размислам со ладна глава, те молам на одреден период да не комуницираме (дури и ако немате друг избор и мора да живеете заедно). Според мене, идеално е да се разделите на некое време без никој да знае зошто, за да не ви вршст притисок и да не ви солат памет, ама тоа вие си знаете дали и колку е изводливо. После ова јас би размислувала, секој ден, систематски, со пишување во тетратка, еден вид дневник, каде фокусот ќе ти биде да одговориш на прашањето: ЗОШТО НИКОГАШ НЕ СЕ ПОСОМНЕВАВ? Мене ова ми е најсимптоматично и можни се многу варијанти. 1. Ти се сметаш себе за погрда/понеспособна/понеинтересна и сл. од него и автоматски никогаш не преиспитуваш каков е тој. 2. Заедно сте долго време и не сакаш да ја растуриш “бајката” која ја знаат луѓето. 3. Едноставно ти е убаво, тој се грижи за тебе, а ти не си тип кој ја тупи, туку ужива во моментот. 4. Ултра-добар манипултор е. 5. Многу многу други варијанти и секако, комбинација од истите. Сето ова што го напишав е само претпоставка, за да имаш можеби некоја појдовна точка и да почнеш да размислуваш СИСТЕМАТСКИ, а не емотивно. Да бидам погруба и подиректна: не смееш да му дозволиш да се објаснува. Тој досега те мотал, ќе најде начин да те убеди и сега. Заледи му ја крвта и биди рационална, нешто што веројатно не го очекува. Кажи “не е ова ништо ново, на еден куп луѓе им се случува, да бидеме паметни”, и едноставно заврши ја комуникацијата со него на период. Не сфатив само, тој ти призна или го фати?
Јас го фатив, камо да признаеше... Во оваа емоционална каша најубаво ќе е да се тргнам од дома, имам каде да одам, но тоа ќе значи да го земам и детето со мене, а не сакам да му го приредам тоа освен ако не одлучам да се разведам и затоа и оваа одлука е тешка. Сепак фала, донекаде тоа и се случува, уште сме заедно под ист покрив додека не решам што да правам. Не се сомневав зашто мислев дека ќе успее да одолее и да му се укаже шанса. А не сум го фатила порано зашто очигледно траело кратко за да ми падне во очи, и не било до толку жестоко за да почувствхвам промена во нашиот однос. I guess...
Значи, тој те носи пред свршен чин, да одлучиш набрзина зашто знае дека ќе одлучиш да останеш. Ќе кажеш, ако стварно сакаш да останеме заедно, од тебе барам само време. На тој начин ќе добиеш upper hand во ситуацијава. Уште едно прашање: спомна дека ако порано ти побарал отворен брак веројатно би се согласила. Зошто?
Затоа што во тој брак, со јасно поставени правила на игра, би можел секој да ги задоволи своите апетити без негативно да се одрази на нашиот однос. А и моногамијата не ми е најприроден избор. Не зборувам за љубов, туку за секс. Јас само него би го сакала. И целава ситуација само ми потврдува дека моногамијата не е паметен избор (повторно, кога станува збор за секс). Не знам дали ќе ме сфатите, ама јас вака го доживувам тоа. Но притиснати од општествените норми теравме како и сите, за жал на наша штета. Го сменив погорниот коментар, патем.
@Emma Star не дискутирај со него. Замисли судијата да го слуша само обвинетиот? Нормално дека тој ќе стори сѐ за да се одбрани. Треба да бараш докази против него, да сфатиш каков е вистински, оти очигледно не е таков каков што си го замислувала.
Не, не ме става тој пред свршен чин, туку јас не сакам да го селам детето освен ако не е конечна одлука за да не го трауматизирам. Мало е, нема 2 години, секоја промена им е голем настан...
Ќе бидам директна, па ако сакаш и налути се. Според мене, немаш самопочит, се залажуваш и го оправдуваш оној кој ти заривал ножеви в грб со години, тој тоа го знае и го користи. Како жена на жена: секоја жена сака да е сакана, почитувана и ставена на пиедестал. Ако се задоволиш со помалку, помалку и ќе имаш. Не се залажувај со new age муабети за прогресивност. Ако така си размислувала од претходно за моногамијата, не би била во ваква агонија поради неверството.
Ова ми е најбезвезното од цела ситуација, заедно со фактот дека било од 2014. Мене така ми изгледа, да не грешам душа, може не е така, ама ми изгледа дека не му е жал што правел така туку му е жал што си го фатила. Јас не можам да замислам да му кажам на друг маж дека го сакам, да имам секс преку камера со него и да си легнам до маж ми после ко ништо да не се десило, едноставно грижата на совест ќе ме надвладее и тоа не е нешто што би можела да го кријам од маж ми. Штом толку години крие, со повеќе девојки, не знам како би ја вратила довербата во таков човек уште еднаш, стварно не знам. Да е само еднаш, момент на слабост, да ти признаел сам, можам да видам простор за работа и решавање, ама ова е хронично изневерување, не знам колку може човек да се смени ако е таков. Дали сите бенефити што ги добиваш од бракот со него се поголеми од тоа да легнуваш секој ден и да ти се тресе душата дека денес којзнае дали имал секс преку камера со некоја или и кажал дека ја сака...
@Emma Star уште ова. Не би пишувала да не ми се допаднеше твојот начин на изразување. Толку зрело напишано, очигледно си образована и личност со ниво. Во сите тие квалитети кои се видливи, од страна кога те анализирам, излегува на површина паниката и болката низ која поминуваш, ама мислам дека имаш потенцијал да се издигнеш над ситуацијата, да земеш воздух и да размислиш. Извини ако те навредив, само тој ми е стилот, за твое добро не заобиколувам.