Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Во мојот брак јас признала или не, и двајцата сме криви, се изгуби тоа со постоеше!
    Го преварив,имам физичка потреба ко и сите :!:
    Да можаам би се развела но не можам |(
    Поука е тоа да не се влегува прерано во брак,сега на моите 26 години живеам само за децата!
    За кои би дала се,значи зртвувам младост и живот за нив , се што е потребно!
    Дали сум среќна?
    НЕ!
    Се прашувам од што корист ке им е мајка која цела младост и се што е потребно давам само за нив?
    Кога сите се шетаат и учат јас гледам деца?
    Кога ги учиш лекциите на животот, јас моите ги учам преку нив?
    Конечно сега после 10 години знам точно што сакам :tmi:
    И тоа наеднаш им смета на сите!
    Јас морам да се иградам ко личност кој ке им служи како пример на моите деца!
    Да им покажам дека треба да се силни,скромни,упорни......... :inlove:
    Од друга страна е физичката потреба која што постои..( па имам само 26, а и сум така повеќе по сексот :$ )
    Се пробав со маж ми и ете не е тоа тоа , искрено не сакам ни јас да варам ,нема оправдание за тоа
    но или тоа или да си купам вибратор, да станам лезбејка? :x
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    ^^ Или да се разведеш...Не може да кажеш дека не можеш да се разведеш...Се може.Меѓу вас ако нема љубов џабе сте во брак само ради ред и ради децата.Тие тоа го чувствуваат и не им е лесно.Плус тоа ќе има влијание на нивниот ментален склоп.Решете го проблемот и дајте си слобода еден на друг.Може ќе си ја најдете половината која ви договара и тој и ти.И за вас двајца ќе и за децата ќе биде така подобро.Ни први ни последни сте.
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Темава не ја сакам многу, баш заради самиот наслов Брачни неверства :@ . Во брак сум го сакам маж ми ме сака и никогаш ама никогаш не ни помислувам да го изневерам. Имам се што ми треба добар секс, љубов и најважно разбирање. Но од кај знам што ми носи животот :?: . Сепак мислам дека нема да можам да живеам со него ако ме изневери, што можи некоја да му пружи а јас не :!: , сепак сум млада тој е доста повоздрасен од мене прошетал видел многу повеќе од мене и сепак се одлучил со мене да го продолжи животот. Ако не дај Боже некогаш се случи тоа , а имаме веќе деца тогаш ќе седнам ќе им објаснам зошто ако се одлучам да живеам со неверник и тие ќе го чувствуваат тоа уште повеќе, зошто да им го уништувам животот да ги осудувам да живеат со некои кои изгубиле вербата еден со друг, кој нормално ќе почнат и караниците дома. Сепак ќе се спасам самата себе а со тоа ќе ги спасам и децата
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Лоријана неколку пати го прочитав твојот пост,ама ни еднаш не те оправдав.
    Велиш имаш потреба,а не ти се погодил сексот со сопругот,а ти претходно не си била во врска со него,па да знаеш каков е сексот со него.
    И уште викаш на другите им смета.... :x А што треба,да ти честитаат???
    Си сакала да им бидеш пример на твоите деца...па јас би размислила неколку пати да сум на твое место,каков пример би им дала.
     
    На maca1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Искрено Лоријана не знам како тоа жртвуваш се за децата кога и сама велиш дека си имала однос со друг човек кој не е нивниот татко.Значи ти си си ја задоволила твојата физичка потреба и да се разбереме ти жртва во случајов не си ни под точка разно. Жртви се единствено твоите деца и твојот сопруг.
    П.С. Купи си вибратор
     
    На sesilija, De-lovely и Offspring им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    не разбирам ,сопругот те изневерува или ти само предпоставуваш дека е така само затоа што излегува навечер? Ако си сигурна тогаш или разведи се или трпи си !!! А ако е проблем љубомора и предпоставки ,тогаш запрашај се зошто воопшто си се омажила со тој човек ,па и си му родила дете/деца !!!
     
    На maca1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Јас не барам оправдување воопсто :rock:
    Ни сакам некој да ме разбере и подржи,иначе сексот после 10 год се менува, си има он негови проблеми со
    ерекцијата? :^)
    Како и да е ме боли најмногу што не верува во мене,ме подценува ко личност а,многу пати и ко мајка!
    Значи ми стапна на живец :worried:
    п.с ке си купам вибратор :$
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    А треба да те гледа како светица?
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Не мислев на неверствато дека им смета :wasntme:
    Како јас се сменив и им покажав заби,како од наивна девојка станав силна и независна,како пред некое време си молчев е сеа си кажувам со ми смета без влакна на јазик :D
    Тоа им смета,што конечно застанав на свои нозе и им покаќав дека можам :rock:
    Не знам колку сте запознаени со тематиката кога зената е попаметна и поуспешна од мажот?
    Е тоа е кај мене случајот, ама јас не се предавам не дозволувам да живеат моите деца без татко :!:
    позз на сите
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.109
    Пол:
    Женски
    Темава секогаш била ваква. Ќе си каже некоја феминка дека направила нешто, другите ќе рипнат и ќе ја расчеречат. Ни малку толеранција, само осудување. Како сите други безгрешни да се. А најлесно е да се осуди, ваква си, таква си, разведи се, како и тоа да е лесна работа. Па сама си го барала. А така воопшто не е убаво да се осудува. Секогаш се враќа, да осетиш како е на твоја кожа. Затоа полека малку, не се истрчувајте ко прле пред магаре.
     
    На WildMk, trtla, zasekogas0408 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Па апсолутно има право човекот и да не ти верува и да те подценува ТИ СИ ТАА КОЈА ВМЕШАЛА НЕКОЈ НЕПОЗНАТ ВО БРАКОТ!!! Ако човекот има проблем со ерекција треба заедно да го решите тоа ,знаеш за се има решение ако се сака! А за мајка???? Па неверството во брак не е само кон сопругот туку и кон децата,затоа што ти си го избрала тој човек да биде нивни татко ,а не они!!!!! Мислеше ли ти на децата додека се еб*ше?
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Во право си, Виножитке... Секогаш на темите во љубовни проблеми давам совети на девојките кога бараат, да гледаат уште сега што прават, затоа што во бракот нема да биде само ГО САКАМ! и во бракот не се битни само они двајца, туку и децата. Затоа што влегуваат во брак со погрешна личност се случуваат работи какви што и се случуваат на Лоријана. Поради една илузија на 20 години, се рушат семејства во кои подоцна децата си ги сносат најголемите последици. Ова, од искуство...

    Едит... И најважното е тоа што цел живот децата ќе растат со комлекси, фрустрации, горчина и гнев. И ова од искуство.
     
    На mina и AIT им се допаѓа ова.
  13. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Уф, тешка тема!

    Јас не оправдувам неверство, ни во врска, ни во брак, затоа што сметам дека ако имам потреба од некој друг маж, треба само да се завртам и да си отидам. Ниедно добро не излегло од нечие неверство.

    НО, јас сум се уште во врска. Јас си имам дом, тој си има дом. Моите финансии се само мои и јас одговарам за трошењето на моите пари, додека пак неговите си се само негови. Никому не одговараме, немаме одговорност спрема деца, немаме одговорност спрема никој, освен спрема нас двајца. Нас апсолутно ништо не не врзува, освен ЉУБОВТА. Доколку јас или тој почнеме да размислуваме за некој друг/а, тогаш време е да се разделиме, затоа што љубав више ту не станује.

    Во врска и во брак се е поинаку претпоставувам. Кога веќе живееш заедно со тој човек и делиш буквално се од леб до кревет, имате деца, а ти повеќе не го сакаш, не можеш ни да го гледаш, посакуваш друг и си со него... Не знам... Сигурно не е едноставно. Не можеш туку така да си заминеш. А, некогаш и треба да си заминеш затоа што така правиш само полошо, но каде ќе отидеш? Што правиме ако финансиски не си доволно силна да си заминеш од тој дом? А, децата, што ќе се случи со нив?

    Во секој случај од секој неуспешен брак, најповредени излегуваат само децата! Затоа, не сум паметна што да кажам на оваа тема... Не можам да ве оправдам, не можам да ве осудам. Вие си знаете...

    Само уште еднаш ми се потврдува тезата на мајка ми - Ќерко пред да влезеш во брак, мораш да отвориш 8 очи, па и тие малку ќе ти се...
     
    На Podarok и Oaza.123 им се допаѓа ова.
  14. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Јас споделувам животна сторија за да научи некој нешто, а не да ме исмејава и навредува :!:
    Во еден мал пост не можам да ви го напишам мојот цел брак и некој да суди,кој е крив, како и што1
    И не сакам има кој да ми суди,се трудам да не патат децата а и напишав дека нема да дозволам да растат без татко!!!!!!!
    Толку ;(
     
    На trtla, nenuska и zasekogas0408 им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Епа Лоријана види вака... Наместо да бегаш од проблемите, да го бараш полесниот пат, подобро среди си ги брачните/семејните односи. Верувај дека така ќе биде исправно. Незнам колкави се твоите деца, јас имам 20 години и ти кажувам како дете кое има доживеано во семејството да му се случува брачно неверство, дека е многу лошо, од психички аспект е голем удар за децата. Верувај ми, секако не сакаш да растат без татко, тогаш, потруди се дома да си ги решиш проблемите и да не бегаш од нив. Најискрено ти кажувам, затоа што знам како е, претерано е тешко да растеш искомлексиран, со фрустрации, гнев, бес и ОМРАЗА ПРЕМА РОДИТЕЛ!
     
    На Gea и RainBow им се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас сум и мајка и сопруга и сум повозрасна од тебе и искрено ми е жал дека ти на 26 години имаш пропаднат брак и 2 деца со кои треба да се справиш.Но мојот став за неверство во брак е следен :НИКАКО ни од една ни од друга страна ,а особено не кога веќе има и деца кои се апсолутно невини ,а на крај најмногу патат.Доколку во бракот постојат проблеми тие меѓусебно се решаваат,а доколку не можат постои развод и тогаш и двајцата се слободни да прават што сакаат.Би сакала да те прашам Дали мислиш и дали си сигурна дека твоите деца се и ќе бидат среќни гледајќи ве вас двајца (кои сте им најважни и најпотребни на свет ) во заладени односи и не дај боже во кавги .Децата чувствуваат се и нив не можеш да ги излажеш!!!
     
    На maca1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Абе не бегам јас и кој ви кажал дека дома не ми е средено?
    Ова ми се случи пред две години и сакав да споделам искуство :(
    Јас пак пораснав без татко,и знам како е затоа и се трудам!
    Фала многу поззв4е
     
  18. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Jaс веке одлучив и го направив сето тоа, се трудам со секој ден бракот да успее!
    фала многу позз
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    ПА ти тоа го кажуваш... Имал проблеми со ерекцијата, потрудете се да го надминете тој проблем, барем медицината е напредната во денешно време. Ти кажуваш дека имаш семејни проблеми, ако немаш пак, незнам зошто идеш со друг? Ако тоа го правиш из чиста мира извини, ама неможам во никој случај да те оправдам. И ти ги жалам децата.
     
  20. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Ох леле не идам со друг, се случи еднашка охххххххххххх |(

    Од тогаш навака сум мирна и верна :rock: