Chlenkata si kazha nejzino mislenje za brak kade partnerot izneveruva. Nikade ne i reche: razvedi se. Ne chitaj selektivno, kako tebe sho ti odgovara.
Ова не е ниту брачно советувалиште, ниту сеанса кај психолог/психотерапевт. На форум може секој да пише што сака.
Кај ширам омраза? Секој има право да каже свое мислење. Никој од членките не кажа разведи се. Моето прашање беше како заслужува некој втора шанса кога константно изневерува?
@Emma Star Во принцип јас сум човек шо три пати премислува и спремна сум да дадам втора шанса. Не сум за разводи при најмала ситница, ниту пак без претходно да се даде шанса да се спаси бракот, ако воопшто има нешто останато за спасување. Ама 8 години бе? 8 години правел шо правел, не со една, не со две, ами со повеќе жени? Тоа значи дека цел живот живееш во илузија. Во брак си била со човек шо поим немаш кој е. Ајде бил наивен, бил љубопитен, сте минувале во криза, ама не е еднаш, тоа неговото е константно. Каков отворен брак? Тоа е само "легално" изневерување, ништо повеќе од тоа. Зарем ако бевте/сте во отворен брак нема да те боли ако љуби некоја друга? Ако е така, тогаш отворен брак е модерно име за брак на хартија. По мислењата претпоставувам дека веќе си донела одлука и пред да пишиш тука. Никој нема да ти суди шо и да одлучиш, на крајот на денот ти (не) остануваш во тој брак. Би те советувала исто шо и @Peanut Butter, раздвои се од него некој период. Дај си време да тагуваш, разговарајте, нека изладат и слегнат работите. После донеси одлука дали ќе завртиш нова страна во животот без него или со него. Знам дека ти е најтешко за детето, ама ако останиш во брак во кој не си спремна да простиш и те јаде црвот секој ден, тоа ќе биде пекол не само за вас, туку и за детето. Ти посакувам среќа шо и да одлучиш.
Чисто за разјаснување, и погоре имаше некој спомнато, па затоа ќе пишам. Бил со првата во 2014, две недели. Со втората во 2015 да речеме месец (не се сеќавал точно колку, неколку допишувања вели), со третата во 2016 исто толку и со четвртата во 2017 исто толку. После нема ништо се до минатата година кога траело најдолго, 4 месеци па прекин, па месец сега во јуни/јули кога го фаќам. Само за да имате поширока слика, зашто знам дека не објаснив се` добро. Не дека менува нешто траењето, ве сфаќам. Фала... ќе ми треба.
Bidejki misli deka se izrazuvam nesoodvetno i nedostojno, a ti taka se izrazi, ne se spustam na tvoe nivo i nema da te komentiram.
@Emma Star Ти посакувам среќа и сила што и да одлучиш да направиш понатака. Тешка ситуација, да било еднаш, па некако да си дадеш надеж дека можеби ќе се поправи и има шанси за подобро, со многу комуникација и вложување напор од двете страни. Но вака како што имаш напишано ова со години наназад што правел стварно не е фер и коректно спрема тебе. После се ова довербата е сведена на непостоечка, а без доверба една врска тешко опстојува. Дефинитивно ти треба време за да ти ''легнат" работиве, длабоко во себе ја знаеш одлуката, но ти треба храброст за да отидеш до крај по ова што го пишуваш. Оддалечи се од него некое време ако ти дозволува ситуацијата и состојбата. Треба да ја разбере сериозноста на ситуацијава и дека ова со едно ветување или извинување не поминува. Биди храбра што и да одлучиш и не се преиспитувај, паметна си, и да, може и без маж да се одгледа дете. Никој нема да му го одземе правото како татко да е вклучен во животот на детето.
Човеков е once a cheater always a cheater. @Emma Star ти ја сфаќам потребата да го идеализираш сопругот затоа што сепак тој е татко на твоето дете и твој сопруг и си вложила доверба и љубов во заедничкиот живот. Дај си време, размисли што понатаму ќе правиш и стави си се себеси на прво место. Верувај, нема да испаднеш ниту себична ниту нарцизоидна, затоа што на твоето дете му е потребна здрава мајка. Прво за себе, после за другите. Ти посакувам сила за што побрзо да го пребродиш периодов.
Toa тој што варал треба да го знае како најлесно се растура бракот и дека со варањето си ја убива довербата кај партнерот, во случај ако е фатен. Ама пишав дете, па еве и финансиски зависен партнер, па изговори ме сака иако може неверојатно звучи и ете ја на повидок шансата и по неа и низа други. Тој ќе се смени само ако сака.
Точно, ама е и под влијание на низа фактори, дете, финансиска зависност, заеднички кредит... што и да е друго што ги врзува. Еве ти призна дека си дала шанса по неверства и @Emma Star зборува за тоа дека е соочена со признание за неверства и двете имате дете во игра, би се мислеле до толку да давате шанси да не беше детето во игра? Па таа спомна и заради тоа да не го сели детето не може да се раздели физички од него, ете колку отстапки се прават кога е дете во игра, а не па колку влијае тоа врз давање низа шанси. Затоа веќе пишав и стојам зад тоа дека кога има дете и зависност од партнер независно жена од маж или маж од жена повредената личност голта и трпи, а тоа може да е и жената како повредена страна или мажот. Ама факт е дека кога има дете најмногу жените голтаат и трпат вакви однесувања од страна на мажот.