Нормално дека има огромна улога детето и неговата потреба од стабилен дом, ама тоа не го менува фактот дека го надминавме проблемот. Немаше гаранција дека така ќе биде. Можеше да не можам да преминам преку лагата, можеше да престанам да го сакам, или тој да престане да ме сака, да продолжи да лажи... се' можеше да се случи.. Ама од оваа гледна точка, воопшто не жалам што останав. *Иначе, немаше секс со други. Немаше ни муабети за љубов и секс. ... напротив, јас сум таа која има секс со други.
Пак дојдовме до заклучок дека дефиниција за отворен брак е да му ги простиш неверствата на тако речениот голем маж и по секоја цена да останеш во брак со човек кој нема ни љубов, а најмалку почит, само за да не се расипе идеално прикажаната слика пред народот.
Велиш „*Иначе, немаше секс со други. Немаше ни муабети за љубов и секс. ... напротив, јас сум таа која има секс со други.“ Ако не ти пречи, ако не е преголемо навлегување во приватноста, може да ми кажеш тогаш за што друго станувало збор? Како ти ја изневерил довербата?
За секоја една што ја чита темава, анонимно или не, и нема храброст да пише, а има сличен проблем, ова погоре е најтешкото срање, ова е комплекс на нижа вредност, нула самопочит, а не реалноста што ја заслужуваш. И тие што го лајкнале мислењево како добар совет, ми се повраќа. Да, има бракови и врски без неверства. Секогаш ќе најдеш подобро од изневерувач, затоа што тоа е најниското ниво. Да, има човек кој ќе те сака и почитува иако си со багаж, не сме 1999. Секој нов почеток е тежок, исто тешко е и да живееш со горчина уште 50години. A @Emma Star многу слободно му веруваш во деталите кои ти ги кажува за минатите години и девојки и односите нивни, кога истиот период во лице те лажел, сите тие години. Не знам како се задржува доверба после ова, и покрај деца и покрај се. А без доверба има само механичка заедница. Самиот факт што не сакаш да им кажеш на твоите е показател дека си свесна за правилната одлука. Комфорот е тежок за напуштање, ама не мисли дека ќе го имааш истио комфор од пред дознавањето на се. Тој човек никогаш нема да е истиот во твоите очи. И кога ќе се повтори ова за некој месец, година, нема да превземеш ништо зашто пак ќе те опсипува со внимание и моли. И пак, и пак, и пак. Избери си го животниот тек.
Еми ај ако не дома да му донесеме кокони да ужива јадниот. Господе боже.. Имате ли бе жени малку почит према себе си? Како се газите така себе си? Што ако те вара, важно не те тепа е работава седи и ќути. Навистина не знам во кое време живеете.
Се гледаше (што професионално, што приватно), слушаше и допишуваше со две жени. Мажот ми е срамежлив и интровертен по природа. Девојките го привлекуваа, но не се дрзнал да преземе чекор и да им предложи да се случи нешто повеќе или да им каже како се чувствува. Проблемот го гледав во лагата, не во тоа дека му се допаѓале други. Тоа, го разбирам. Лажење не разбирам. Првиот пат беше кратко... траеше 2-3 недели и толку. Со втората се одвиваше 7 години. Едно ми е криво, што и' пишав за да ја прашам дали навистина е така како што тој кажува и засекогаш му го уништив пријателството со нејзе, оти девојката појма немала дека тој си правел филмови. Сето ова, кога јасно и гласно му беше кажано да престани да лажи и дека ако сака да има секс со други, може слободно, само да не лаже. Тоа ми беше најмалку сфатливо.
Ништо ново бејб. Твоја одлука е дали ќе останеш до него или не. А кад тад и во живо ќе се случи. САМО знај дека реткост е верност во денешно време. Пробај размисли дали можеш да живееш вака или не. И еден совет- не се обвинувај себеси. Секој има избор. Негов избор било да го направи тоа
Ти благодарам за искреноста. И јас му имав нагласено - не ме прави глупава, не сум. Што и да е, не ме лажи, кажи, ќе смислиме чаре... Вистината секогаш, ама баш секогаш излегува на виделина (на пример - со години не ги најдов сликите, ама баш во моментот кога дознав за последната ги најдов... talk about higher force) Ама ете... не ме послуша и еве не`.
Ема, твојот сопруг е класичен пример, дефиниција за тоа што претставува социопат. Тоа што велиш дека е добар, е само лажната харизма и глума која социопатите ја користат како алатка за добивање на тоа што го сакаат. Твоето дете во иднина ќе израсне и има шанси да собере нешто од неговото однесување. Мислиш дека нема да го фати, нема да стигне муабет, порака од некоја идна исфрустрирана швалерка која го сака само за него? Ти веќе знаеш и очигледно си спремна на жртва, ама размисли за тоа како може да му влијае на твоето дете. Не секогаш караниците и семејното насилство по дома влијаат на децата, многу често собираат и впиваат и вакви социопатски однесувања на родителите.
Знаев уште одма кога 'почна'. Пошто му го знам однесувањето и знам точно кои/какви девојки му се допаѓаат. Со првата, ајде... куршлус. Немал ташаци да биди искрен со мене. Ама вториот пат? 7 години? После 3-4 конфронтации и предупредувања да престане да лаже?! Уште не ми е јасно зошто, кога имаше зелено светло да има секс со која сака.
глупости. Од каде знаеш дека е социопат? Го прегледа? Психијатар си? Можеби е, не велам не... ама 5 поста на форум, пишани од трето лице, не се никаков доказ за дијагноза.
Кажав што имам, членката можеби и треба да се консултира со стручно лице да знае како да постапи, со оглед на тоа дека знаат да се многу непредвидливи кога нема да биде по нивно.
Вајлд, класика е. Пред сите ангел, пред неа маж за пример само да не остави сомнеж. Пред нејзините зет за мерак а бе со боринче да го бараш. А всушност си прај шо си прај. За кога ќе дознае и ако се дрзне да му даде развод сите неа да ја криват: Збесната една, што златен маж остави, што сакаше повеќе.. А всушност вистината е сосема друга.
И мене не ми е јасно зошто не го слушаат тоа што им го зборуваме, мислат изводиме, не го мислиме тоа.
@WildMk @Emma Star ако сте веќе за отворен брак, зошто толкава фрка и пишување на форуми? Ете ја искористиле опцијата отворен брак, што ако не ви кажале, не разбирам.
Оффф како да ти опишам не знам. Глума е сестро златна. Ако она го направи истото за 24 саата ќе ја остави.