Зашто не бевме договорени на отворен брак. Во тој случај и јас ќе го користев правото. И кога веќе нејќел да сме во отворен брак, кога веќе теравме филм дека сме само ние двајца против светот, ми ја урна замислата што сум ја имала за нас. А тоа боли. И напишав на форум затоа што сум осамена во моментов затоа што не се чувствувам подготвена да споделам со најблиските, а имам потреба од поддршка.
Јас тоа го очекувам. Ако знаеш дека не можеш да си само со еден човек, најдобро да си кажеш сам. Ако можев јас да го направам тоа, може секој. И ризик е дали ќе остане со тебе партнерот, или не, ама барем ќе знаеш на што си.
Ок, ама гледај сега. Членката вели не верува во моногамија и дека ако биле договорени за отворен брак, самата ќе ја искористела опцијата. Зошто не предложила, зошто се воздржувала, зошто е повредена ако самата знае дека моногамијата е неприродна и ја разбира неговата постапка (ја гледа како природна)?
Јас само барав искреност. Ако отворениот брак придонел за тоа и тоа како ќе се согласев. Со поставени правила, се разбира. Не би рекла дека тогаш имав желба, не ни размислувавме на тоа. Но да бил искрен дека има потреба и од други работи, ќе прифатев, зашто тогаш ќе бевме и двајцата со исти можности. Сега само тој терал живот, возбуда. Ништо од тоа не значи дека ќе сме останеле заедно и во таков случај. Едноставно велам дека барав само искреност, дека сум поотворена од повеќето за некои работи и дека знам да покажам поголемо разбирање.
Оти си ветиле дека ќе бидат моногамни. Не боли дали му станал на некоја, или дали го пикнал во некоја. Боли лажењето. Боли тоа што ти почитуваш некој договор, а партнерот не. Боли што твојата замисла за вашиот живот, не е реална.
Замислата нели не ѝ беше моногамност? Едноставно сте контрадикторни комплетно. Ај уште еднаш. Ако некој ја гледа полигамијата како нормална, не знам зошто би бил повреден од истата.
Како не и' била замислата моногамност, кога сама пиша повеќе пати дека договорот им бил да се моногамни?
Ама зошто да е таков договорот ако самата не верува во моногамност? Зашто тој би ја оставил ако го изневери?
Оти ако си спремен да го почитуваш, го прифаќаш. Тој го прифатил и не го испочитувал. Бракот е мрежа на заеднички договори и одлуки.
Социопататот не сака ти да му дозволиш да биде со други, не сака да го разбереш зошто не му е гајле. Сака да крие и да лаже зошто тоа го прави моќен и да има контрола, зошто го возбудува фактот што можеш да го фатиш.
Ух, се изморив. Се борам со огромна тага во моментов и не можам баш целосно да го сецирам мојот живот и одлуките кои сум ги носела за да се дообјаснам. Немам сила, мене денес денот не ми е обичен петок, туку пекол. Така што, ако сметате дека се пренамагам што пишав, извинете, еве веќе не коментирам. И не се лутам, почитувам мислења, сакам дискусии, но не во моментов, изморена сум.
Вајлд, друго е прашањето. Ема не верува во моногамност, ама се договорила да биде моногамна, зошто? Батали го него.
Затоа што мислев дека верувам. Затоа што верував во тој идеал, иако истовремено знаев дека е речиси невозможно да се постигне (особено кога од сите страни слушаш овој ја изневери онаа, онаа оној). Затоа што мислев дека ќе биде поинаку со нас. Зашто мислев дека сме поинакви. Ама не сме биле. Ние сме најголемо клише уствари на свет.