Не сакам сега да имам отворен брак. Муабетот беше ако знаел дека сака да има секс и со други на времето, можел да предложи решение како отворен брак. Веројатно ќе сум се согласела.
* Контрадикторно некако? Добро ти си знаеш најточно како било, ама факт е дека многу бракови продолжуваат за да не се нарушува динамиката со децата и комфорот на децата, е сега дали е тоа продуктивен и квалитетен брак од аспект на здрава врска меѓу партнерите и добар пример за децата времето тоа ќе (ви) го покаже. Ако сте го надминале проблемот тогаш супер за сите инволвирани и тие на кои проблемот (би) имал големо влијание
Еве сега спомни му. Речи вака и вака, ние убаво си функционираме, добар татко си, не не зспоставуваш, а другото што си правиме наша работа никој нема што да знае. Од денес било прошло, да имаме отворен брак, јас кога сакам и ти кога сакаш само да не ме лажеш ни јас тебе. Баш види му реакција. Ако се согласи и ако и ти сакаш така супер, тератј си до 101 и назад. Секој брак своја приказна е.
А детево еден ден коа ќе порасне ако случајно дознае што и правел тато на мама у брак? Еве женава дознала, ако има милијарда жени ништо чудно и детето што сигурно ќе порасне информатички писмено ќе склопи два и два некад. Good luck после доверба во партнер, имање нормална врска, излегување од таа ментална стега, преболување на тоа. Кога дознав за кај мене дома ми се скрши цел свет, до денес денес се мачам да се отворам пред партнер, до ден денес се будам со горчина во душа, до ден денес не сум успеала да преболам некои работи, а 30 години имам. Ама ај копукот што 2 чисти у тиквата нема ќе го мислиме и штедиме, а среќата на жената и детето нема. Цел живот (што еден ни е and it goes so damn fast) ќе ќутиме и траеме оти брак не се растурал. Или комшиите што ќе речат. Оти они најбитни се. Камо порано да се растуреше кај моите. Камо среќа. Сте си зацртале дека дете од разведени родители е смак света, а дете од несреќни родители е океј. Да му се поврати на човек од некои коментари, простотилук и закрепостеност во 2022 година. Ајт.
Многу продолжуваат да живеат во дисфункционални бракови со деца за да не се нарушува динамиката со децата и комфорот на децата. Но дали е тоа продуктивен и квалитетен брак од аспект на здрава врска меѓу партнерите и добар пример за децата тоа времето ќе го покаже. Е во твојов коментар се приметува резултатот по таа временска дистанца и тој укажува на фактот дека кога тогаш залепената скршена чаша ќе пукне. И тоа не пишувам за еднаш залепена, туку лепена, лепена, веќе прелепена. Ама како прочитавме и велат ќути има и полошо, што ако те вара и си изгубила доверба, ќе се врати таа, важно не те тепа и добар е, грижлив маж, татко, личност за мерак и пример. Жални се таквите мислења.
А сигурно има и друг некој да знае... ако е толку неверен...можеби си последна што дознала ако е тоа ван интернет
Јас имав 24/5 тогаш. Зрела, возрасна личност, со веќе формиран карактер, свесна за светот, свесна за многу работи. Да го разберев тоа коа бев тинејџер не ни сакам да помислам како ќе завршеше. Неќам, најискрено. Години поминаа, мене не ме преболе. Уште плачам кога ми текнува на тоа, уште се лутам коа ќе ми текне низ што поминував кога сето тоа се дозна, а најмногу од се ми е трауматично времето коа не се растураше бракот оти бил институција, света работа итн итн. Чаша полна пелин на екс испиена послатка ќе ми беше. Ама да, ајде ќе глумиме фамилија за пред свет, а умирањето душевно полека, изневерената доверба, траумите, недоверба во цел свет, неуживање во физички и емоционален контакт кој ги ебе. Битно брак не се растура. Оти најлесно е. Прејако е во крш семејство. Пре-ја-ко е секој ден кавги и болка.
Мислам дека зборува дека истовремено не верува во моногамија, ама се надевала дека нејзиниот брак ќе биде исклучок.
Абе сеа... ако ти речам дека го сакам и дека не сакам да се разделам од него, оти е единствениот човек кој вистински ми значи (со исклучок на ќерка ми), ќе ми верваш? Не. Пошто ти знаеш за тебе, не за мене.
Jас веќе пишав, да не се повторувам, ама очигледно со тебе треба. Ама сега кога се распиша да те прашам вака, ај каде виде дека ми беше неопходно дополнително објаснување за тебе? Видов, прочитав и укапирав, твое си е како си живееш и тераш во таков брак, мое е да си имам мое лично мислење и некоја моја вистина, ако не се совпаѓа ова со твоето мислење ќе земеш до вечер да ме убедуваш? Што ме става до мисла кој тоа ти го убедуваш пред се мене или самата себе? И реторични прашања се последниве да не се затрчаш пак да се распишуваш
Колку само се фаќате за влакно во јајце...не ми е јасно попаметни ли сакате да се правите од другите...
Да, само сите што ја подржаа жената најлошо си ги протолкуваа работите као некој одобрува неверство ќотек и слично
А како сте сигурни дека немало физичко изневерување? Толку години останало само на онлајн секс? Никогаш нема да поверувам јас да се најдам во ваква ситуација. Пекол ќе е секој ден и за мене и за него, а во тој случај не вреди да се спасува бракот ни за деца, ни за пред луѓе.
И јас да сум во брак со ваков тип на маж нема да му поверувам. Со оглед како им е започната врската и што се правел низа години наназад тешко да поверувам дека се воздржал физички да не изневери, особено со таа колешката, па постојано му е во лични контакти на работа. Ова се мои претоставки, да не ми рипнат, нели сите имаме право да претпоставуваме, иако да членкава пиша нема докази за физичко изневерување освен допишувањата и сајбер сексот според тоа што открила и и признал тој, досега.
Ако имал физичко изневерување не знае само она...многу околу неа знаат и сумљив бил сигурно нешто па е разоткриен
и да имало, нејзино си е шо ќе одлучи. овде одредени членки се понашаат ко дома да се кај други членки ...