Не ти се погодила правата стара личност за да направиш муабет на темава, инаку ништо не е сменето од тогаш во поглед на ова. На другар баба му, живееше во едно далечно село со 10-тина жители уште останати. Освен фамилијата, единствено ние како млади ја посетувавме, и пиевме кафенце секој пат кога теравме таму викенди. И ова траеше со години, повеќе од 10. Пред да почине, мене лично ми се исповеда (не на внук и), како уште на школо кога оделе, многу се сакале со некој од селото. И секој пат после школо се "љубеле" под крувчето, во сеното итн. итн. Потоа, тој се оженил за друга, таа за друг. Неа и умрел маж и набрзо. И човеков редовно си ја посетувал. Long story short. На крај се оставил со првата жена и се земале со бабава. Па од него и другарот и беше внук. Е, ама судбината пак си поиграла, па и тој за брзо починал. После тоа бабава уште 2 пати се премажувала. Има по 2-3 деца од секој брак. А, ми кажа дека и тогаш, кога беше постара, на 60-тина години, еден помлад човек во селото кој имаше 40-ина, кој се грижеше за неа, и помагаше околу куќата, си го имале таквото.
И тоа во село што не броело повеќе од 500 жители во тоа време, а цел регион немал повеќе од 1000. И ова не е "најинтересната" случка што ја знам. Знам за едни што се "љубеле" долги години и сакале да се земат, ама татко и не му ја дал затоа што имала постара сестра, не мажена, а нели, не смее помала да се омажи додека старава не влезе во брак. И видел, не видел човеков, се оженил со постарата сестра, и цел живот бил во "фиктивен" брак со неа од кој имаат 3-4 деца, а си се гледале со помалава која исто така била во брак. Е после судбината ги споила кога постарава сестра умрела, па овие се земале на стари години, и имаат 2 деца од тој брак. И ова е се од понова историја. Ако се оди подлабоко во генерации што живелее во 2 и 1 светска... Таму секој втор маж не се вратил од фронт. А секое 3 дете не дочекувало полнолетство. Повеќето жени имале по 2-3 брака позади себе, а многу од нив и двоцифрен број деца. Не било воопшто чудно и браќа да си ги венчаат жените кога едниот ќе почини.
Неубо ова. Да те лажи некој цел живот, оти? Оти 'в село така се праело' Ме потсеќа на денешните примери на бисексуалци и хомосексуалци во хетеросексуален брак...
Јас мислам порано биле пораспуштени, баш дека немале шо да праат по цел ден. Нива за нива, секс за секс. Едното е работа, другото потреба. Инаку, точно е дека никој од нас не е пренајсовршен и на други не сме помислувале, ама сѐ си има граница. И јас и маж ми имаме шифри на телефонот, ама си ги знаеме. Дали флертува по чет не знам, не ми дошло да седнам и да проверувам. Одбирам да му верувам, пошто досега не покажал знаци дека има простор за сомнеж. Дик пик и мене ми нема пратено, па ако пратил на друга, дефинитивно ќе се осетам навредено. Флертот може да биде многу едноставен со насмевка, убав муабет, ама да не забегува повеќе накај секс ток, чет или шо и да е. Јас ја разбирам Ментална шо сака да каже, иако не се согласувам со неа, затоа што ете, јас не би можела да живеам во таков брак. И проблемот во нашево општество е ако мажот го прави тоа е ок, нормално, има потреба, а жена исто како него, е курва. Ако се договорат двете страни исто, тогаш ок. Нема ние шо да се чудиме. Ама ако едниот е повреден и не сака таков начин на живот, треба да си бараат и двајцата чаре.
Тоа никогаш нема да го дознаеме затоа што не постојат многу податоци. А, и секако било прикриено, денес е апла. Ама дефинитивно е мит она дека порано луѓето биле верни и имале секс само деца кога правеле. Многу биле "понапредни" и "поотворени" во врска со сексот од она што ние мислиме. Па, во Македонија тоа време имало јавни куќи. Сигурно не оделе таму само не женети. Така и се донесени сите потешки сексуални болести како сифилис, гонореа, херпеси. Колку луѓе само имаат изумрено од нив...
Пих, колку имало такви ко нив. Плус дека под присила земени, со стројници, уште толку си ги распалувале страстите. Богата приказната на бабата. Ете се исповедала на некого. Колку години имаше?
Кога ми се исповедаше веќе ја надминуваше 80-ката. По некоја година потоа, и почина. Успеа да ги надживее сите 4 мажи. Ние забораваме дека обично во тоа време луѓето умирале доста млади од разни болести. Мажите најчесто и не се враќале од фронт, многу од жените починувале поради компликации со бременост и пораѓај. И потоа луѓето стапувале во втор, трет брак... Знам случка така со еден дедо кој бил на фронт, па пратен 5 години во затвор. Жена му не слушнала никакви информации за него, и се премажила. Па овој кога се вратил, се преженил за друга. Знам и приказни за стари луѓе кои до крај на живот си биле верни. Запознав еден дедо кој на 90 години одеше неколку пати во неделата по 10 км за да го посети гробот на жена му. Не дека сите изневерувале. Ама далеку од тоа дека и сите биле верни.
Ова го има и во Стариот Завет: ако жената остане без мажот, еден од браќата е должен да се ожени со неа. АКо не прифати, ќе биде исмеван и деградиран. Ако живеат заедно со браќата, и мажот почине а немал деца, жената мора да се омажи за некој од фамилијата од браќата и нели да остварат и деца. Жената рамно на сувенир улога во општеството.
Тогаш биле други времиња, со други правила. Жена, со деца отсекогаш била најранлива, а не па тогаш кога пустошеле банди, војски, крвопролевања. Замисли оставена сама со 5 деца, без ниви, имот, куќа... Што да прави? Село со село се напаѓале редовно во минатото, се пљачкале... И при такви пљачки прво што страдале биле жените и децата. Најчесто силувани и потоа убивани. И ако немало маж да го заштити семејството, биле оставени на милост и немилост. Затоа таква улога паѓала најчесто на братот ако веќе мажот бил починат. Да заштити, и секако да донесе храна, огрев и други потреби за да преживеат. Луѓето, отсекогаш највеќе гледале за децата, да успеат да им овозможат било каков живот и да ја продолжат својата лоза. Затоа и оделе на квантитет. Пошто многу деца умирале. А и требало некој да работи по нивите. Подоцна веќе кога децата биле поголеми, цел терет на фамилијата паѓал на нивни плеќи и они биле тие што највеќе допринесувале. А, и животот не бил долг тогаш, да не заборавиме. Просечен животен век во средновековието бил 30 години. Тешко било да се живее за било кој пол, а посебно за жените. Немале никакви права и биле комплетно зависни од мажите за се. Ние го романтизираме сега затоа што најчесто имаме пишани податоци од буржоазијата, кралевите, војводите. Обичното население било закрепостени селани кои цел живот го минеле во размножување и голо преживување. Тек со индустријализацијата како луѓе сме мрднале кон некој подобар и полагоден живот. Oф - топик отидовме.
За шифра на телефон . Ја имам од единствена причина. Не дај Боже некаде го загубам телефонот, слики од внуци , важни документи од работа, не ни сакала случаен минувач да му бидат на дофат. Само еден глупав пример, инаку причини сем варање се мал милион. Животот ни се зароби во екран, што се' нема сем потенцијални швалери... но , снепчет и слични работи ни јас не оправдувам. Јас сум една од тие коишто во најубавите наши години на дотичниот му најде резервен скришен профил. Со заследени сомнителни содржини и без фотографија, но знаев дека е он и некој не злоупотребил. Како поминав преку тоа, не знам, пуста желба да сочувам дом што друг го растура, дури 5 години по тој настан се разделивме. Оти тоа е како болештина, ако не санираш на време, се шири и на други делови. Пример почнува со шарање, продолжува со оговарање у круг на неговите, па лажење и на крај немање емпатија. Така што ако мислите сега простив и убаво ќе ни е , запрашајте се, кои чекори се превземени за да биде убаво? Оти без терапија навремена, мава на друго место, појако и кога најмалку се надеваш. Едит: Оние коишто можат договорно такви работи се друго, ова за нив не важи. Ама секогаш слични да си бараат слични велам. Едит2: Жените ретко прават лажни тревоги. Таа којашто ми беше најсомнителна, со неа заминал на патување тукушто разведен. Но, сигурно се кае како куче, ама тоа му е.
Коа ве читам вака за порано како било прабаба ми ни кажуваше у незиното село имало девојка некоја за мажење Дошол од другото село ерген за да бара мома за мажење чесна и поштена Се земале и на првиот секс коа се соблечил она му рекла -Еее шо е воа црвче на комшијата на (покажува со раката) толкав е Сака да каже уште у нејзинпто време го имало тоа курвањето
Реално сеа. Секоја чест на женине што чуваат дома деца, готват дур врти машина, мијат садови дур алишта се сушат, пеглаат и диктираат домашно истовремено. Па ќе им дое маш кој пола саат орално задоволувал друга жена и ќе ги шљакне со истата уста, жената, децата, кучето... и ќе праша што има за ручек и дали му се испеглани панталоните за утре на пат. Секоја чест за тие што немаат фрка со тоа и можат тоа да го простат. Не можам да речам дека големи жени се тоа. Туку жени кои свесно го одбираат тој начин на живот и ок, нивен избор. Ама дека тоа е среќа... ај да не се прајме луди до толку.
Фала богу, нешто смирено и разумно да прочитам! ♥️ Повеќе пати потенцирав дека лошо ја разбрав членката зашто не го прочитав делот каде тој ѝ го признал неверството, кое ни јас не би го толерирала и би ме повредило многу. Мислев дека е непотребно загрижена за небитен чат што се случил во криза на нивниот еротско романтичен дел, што е многу чест случај во еден брак ( на кризата мислам не на чатот) и секој наоѓа различен начин на справување согласно со нивниот капацитет на вредности. Лично во 5 години брак ми се случиле две три кризи во кои од изгубеност и очај, а не од конкретно уживање веројатно, сум отишла до таму да чатам и да разменам дури голи слики со прикриено лице секако, за некаква инфантилна сатисфакција за која мислев дека ја немам од сопругот во тие периоди. Флерт од фин муабет и комплименти на кои тоа и останало во живо исто така ми се случило. Подалеку од тоа не сум отишла. Порно секако гледам дури и кога имаме супер периоди на разменување секс со сопругот, убаво ми е да мастурбирам и да видам и други мажи на слика. Со сопругот не си чепкаме по телефони зашто тоа не ни е во карактерот и најпрво би се прашале кога би се сомневале. Целата моја будалштина од одговор се заснова на слепото читање и мојата идеја дека можеби не е ништо повеќе од она кое и јас сум го направила а при тоа со сопругот имам фантастичен однос ,барем утрово повторно така мислам, а тука на форум многу лесно може да се стекне лажна слика за себе само зашто некои членки тврдат дека и мисла е изневерување а камоли чат на што не се согласувам, доколку причината за чатот е разумна и на крајот нема план за реално остварување, барем јас исто не би толерирала реално неверство. Виртуелно во периоди/ моменти на криза , да! И никако не сметам дека жената треба да е субмисивна и да толерира мажи ,забога, до толку не сум ментална, хахаха. Таквиот тон во одговорот се должи на веќе постоечката патријарх хетеро норма кај нас , во која жената најчесто сама одбира и понатаму да ја игра улогата на големата мајка за цело семејство и не одбира да му предложи и на сопругот и тој подеднакво да учествува во улогата на родител , да ги делат обврските кон децата , домот.. Знам случаеви во кои мажите сакаат да учествуваат а нивните жени велат дека тоа најдобро го прават тие мајките и е нивна работа , на што постепено ќе создадат идентитет само на мајка , дури и со сопругот ќе бидат мајки и уште пелени што нема да му ставаат , а не сите сопрузи како и сопруги се емотивно интелигентни незадоволството да го соопштат како треба и доликува на еден однос како брачниот, и полесно им е да отворат чат , да гледаат нон стоп порно, па и реално да почнат да изневеруваат. Истото е и со жените на кои им смета нешто друго кај мажите а не зборуваат отворено за тоа.. Или како мојот кога ќе се запушти на периоди и не е физички активен ич и секако нема доволно тестостерон (знаеме како се лачи кај мажите истиот) и почнувам да се напнувам , да се фрустрирам ,а не му е еднаш кажано дека е добро и за општо здравје да е активен физички.. Во тие периоди знам да чатнам од очај и кавги и после тоа се чувствувам јадно. Човек сум , ама знам што можам да си простам и до каде можам да одам. Бракот е многу комплексна работа и бара многу разбирање и компромиси но за нешта кои не ја преминуваат границата на нашите вредности секако, а во даден период истите може да изгледаат страшни. Ако сопругот на Мелис има други прекрасни квалитети мислам дека вреди да разговара со него зошто е тоа така пред да се разведе. Како дошле до тоа ... Зарем не приметувала и други недостатоци во нивниот однос и пред да ја најде апликацијата?? Замислете да не знаеше ништо од ова, каков беше нејзиниот однос со него , што недостасуваше.. Дали е една од оние мајки кои сами одбираат да бидат само мајки или сопругот исто така соучествува во обврските.. За некои партнери вреди да се дискутира и да се пробува да се менуваме, во чии промени верувам ако сѐ има љубов. Некои од нас знаат да скршнат од себе, но заслужуваат шанса.. Сама треба да знае дали вреди.. Ако не вреди, децата и понатаму ќе имаат 2 ца родители ,само многу посреќни... Мое мислење, за кое не тврдам дека е легитимно како и за останатите. Доволно мислења дадовме, на Мелис останува во кое ќе се најде себе..
Wow! Каква животна приказна имала бабава... Очигледно никогаш во животот не е предоцна за нов почеток.
Сакам да сум бабата!!! Рај да си најде ... Е да, имаа ентузијазам за нови почетоци оти животот ги калемеше така.. Го сркаа животот со голема лажица! Слава им! ♥️
Имам некаде пишувано за еден пар пријатели, со слична ситуација како вашава. Исто преку негов мобилен го фати - не дека има профил и дека се допишува, туку дека директно комуницирал со колешка од работа. Само со неа комуницирал, немаше повеќе жени. Тој до крај тврдеше дека не спиел со неа, само си се доверувале за проблемите во бракот, ама тоа никогаш не му го поверува. Таа ми се довери дека најмногу ја боли тоа што кога имале проблем во бракот тој отишол да се довери на некој непознат, наместо на неа. Тоа и беше поголема измама и болка од тоа дали спиел со друга или не. Емотивната блискост и беше побитна, што мислам дека е разбирливо. Првично сакаше пријателкава да се разведат. Децата им беа мали и беа тргнати настрана од кавгите. Им беше кажано дека се разделени заради тоа што се нешто налутени еден на друг, без да се објаснува кој е кривецот и што е причината. Подоцна реши да му прости ама само затоа што тој беше решен да престане. Немаше да го прими ако не беше сигурна дека е цврсто решен во тоа. Како што се испостави понатака, уствари тој бил решен да престане со шврљање уште пред и да го фати жена му. Неа и беше многу тешко да го надмине сето тоа. Имаше моменти на flash back, моменти кога ја совладуваа емоциите и имаше моменти на сомнеж. И беше траума навистина. Откако се врати назад, него му беше тешко нон-стоп да и докажува, ама имаше трпени зошто знаеше дека му е потешко без семејството. Го осети тоа како изгледа. Работеа на врската трпеливо, навистина се потрудија и двајцата. Сепак довербата кога веќе се изгубила, не се враќа преку ноќ. Им требаше извесно време. Сега се постабилни и од претходно. Мислам дека научија некои работи од сето тоа. Мора да расчисти секој од вас, сам со себе, што сака во животот.. онака искрено, дали сакате да останете во брак еден со друг. Можеби треба малку и да се разделите, да си дадете простор и време сами да си размислите за ова. Мора тој да сака да биде со својата жена и да го сочува семејството. А ако го сака тоа, мора и да работи тоа да го постигне, мора да покаже воља да се бори. Истото важи и за тебе... Џабе се сите обиди за помирување и ветувања во спротивно.
То јас го поминав. И слична приказна и слични тегоби. Тешко е ко ќе се соочиш со новата реалност. Всушност тоа се трауматичните моменти кои можат да предизвикаат и нервен слом. Се' што си знаел - не важи. Тоа со флешбековите е како ПТСД. И затоа реков дека првите 3 месеци ко зомби бев. Не знаев за себе. апсолутна дисасоцијација. Се' ми стана непознато. Морав наново да учам. Па ако не биде одма искрен, а мојов не беше, триста филмој ќе си напрајш. Сите стравови кои не си ни знаела дека ги имаш, ќе ти испливаат на површина. Затоа сметам дека отворената, искрена, непрекината комуникација, е основен услов за успешна врска. Дури и да не останат заедно, ама да останат пријатели, е поарно, отколку непријатели. Ако има деца, тие најмногу ќе страдаат. Ќе ги обележите засекогаш. И се прашувам дали вредеше да истраеме. Свекрва ми шо вели: Да ми се врати времето, сакам па исто се' да ми се случи. Со сите радости и болки. ... се надевам дека ќе потрае оваа состојба... Најкомотно се осеќам во нејзе.