Тие што биле изневерени и останале и понатаму со сопругот. Како го поминавте тоа утепување у главата со прашањата како било,што било, од кога траело итн? Сте нашле некој излез од тоа? Да се врати довербата, да престане тоа поставување на еден куп прашања и правење филмови во глава…или единствена опција е оставање?
@Mentalna85 ќе ти се обратам, без намера да те напаѓам. Сакам да подразмислиш малку сама за себе... Мене ова со излети на флертување со други само кога не се нештата помеѓу нас во ред, ми е типичен одбрамбен механизам за еден куп емоции и фрустрации или компензација за нешто што недостига, а може да е и некој вид бунт кон партнерот, заради револт. Сакам да кажам дека повеќе ми има врска со повреденото его, отколку со задоволување на билошката потреба за секс и привлечноста кон спротивниот пол. Да било заради второво немало да се случува само во периоди на проблеми во врската и кавги, нели? Самата рече дека правиш како што прават мажите, што донекаде ми го потврдува ова горе што го напишав... Уживањето да се покажува интимен дел од себе на непознат човек е егзибиционизам. Ако праќаш слики до други заради тоа што те возбудува сексуално, тогаш тоа е егзибиционизам. Ако праќаш од други причини, а не од задоволство, тогаш преиспитај се и види дали не е заради нешто од она што го пишав погоре... Можеби навистина уживаш во гледање слики од голи мажи, порнографија и сл., но контактирање реален маж за да ти прати dick pick веќе е нешто друго. Мене тоа ми е многу поблиску до секс преку телефон, до виртуелен секс и сл. Тоа што ве дели уредот за комуникација и физичкиот простор (етерот) не значи дека не е вистинско или дека не се важи. Ако на краевите од таа комуникација има двајца кои постигнуваат сексуално задоволство, дали тоа не е секс? Секој е сам во својот простор, ама во чинот сте вие двајца. А вашите партнери се исклучени. Некогаш се и исклучени и плус немаат поим дека се исклучени..тогаш дали тоа не е прикривање, мамење и манипулирање на партнерот? Или нема вистински емоции па не се рачуна за неверност? До каде е границата што е неверство, а што не е? Јасно е до каде ти ги поставуваш за себе границите - до самиот физички чин/контакт со конкретен човек. Затоа и самата велиш дека фантазијата за друг маж е далеку од границата... За некои емоциите се битни. Не само чинот. Не ги делат двете едно од друго. Кога некој така строго ги дели емоциите од сексот најчесто има причина - не тврдам дека ова е случај со тебе но еве ќе ги набројам неколку: -има развиен морал личноста, па за да се оправда пред својата совест за сексот со друг и да може да се погледен во огледало без осуда го минимизира чинот, го потценува, пошто бил без емоции и длабоки чувства. -затоа што тоа е научен облик на однесување. Односно после силна емотивна повреда, психичка траума и сл. мозокот се заштитил од евентуални идни такви ситуации со намалување на вредноста на емоциите и практикување да не се создаваат длабоки емотивни врски со други лица, само површни и условени. Неможе да те повреди ако не му дозволиш... -затоа што моралниот или емотивниот развој останал на некое пониско ниво било заради биолошки, било заради средински фактори - има некое друго придружно психичко растројство
Се тоа зависи од тебе. Ако тој навистина се кае секогаш има начини да ти докаже, но ако ти не можеш да поминеш преку тоа не мора да се измачуваш повеќе. Секогаш има решение.
Мислев дека никогаш нема да ми се врати довербата, дека никогаш нема да го гледам со љубов. Мислев ќе се разведиме. Дека тука ни е крајот. Се врати се'. ... ама можеше и да не биди така. А може и доправа да се заеби пак...
Мислењето што го имам е штом еднаш се изгуби доверба и се случи нешто такво , после тоа тешко дека може да се врати во нормала.. И да се врати во нормала океј може ама до кога? Додека не се деси пак истото, а шансите да се деси се големи
Епа ти ако не можеш да преминеш и ако цело време живееш во страв дека ќе се деси пак, која е поентата да се измачуваш во таков брак? Не дека нема парови што останале заедно и после изневерување и никогаш не им се десило повеќе, само мене тешко ми е да поверувам дека луѓето се менуваат така лесно, затоа никогаш не би можела да имам доверба во тој човек уште еднаш.
Затоа и размислувам дека не вреди да се мачам во таков брак и таков човек. Мислев може да се помине преку тоа ама тешко иде.. Па сакав да видам како други членки постапиле и искочиле на крај во ваква ситуација
Па јас не сум била, може е безвеза да кажувам како би постапила кога не сум била во таква ситуација, само мое размислување е дека помалку се луѓето што ветиле дека нема пак и стварно не им се десило повеќе, одколку тие што ветиле, и го прекршиле ветувањето, тие се повеќе зошто човек не се менува така лесно. Да се надоврзам на WildMk погоре, убаво е што тие го решиле проблемот, ама на многу мажи, валда и жени што го изневериле партнерот, да им понудиш опција отворен брак, најверојатно ќе прифатат, ќе имаат секс со други со дозвола од партнерот и нема да се рачуна за изневерување. Ама ако имате ветување дека нема никогаш да имате секс со други, под никакви околности, епа тука таквиот што е склон кон неверства, има ризик пак да потклекне. Јас не ти го знам мажот, не ве знам какви сте, ама брак не е брак ако се измачуваш долго време.
Spored mene za neverstvo i nasilstvo nema prostuvanje, bez ogled dali go izvrishil mazhot ili zhenata. Izgubena doverba, krajno povredeni chuvstva, krienje, lazhenje, paralelno zblizhuvanje so druga lichnost (zatoa sho sigurno pred da se sluchi seks, treba komunikacija vo koja ima odredeno nivo na bliskot), manipuliranje i sl, se na edna strana na vagata, a na drugata e samo edno vetuvanje deka nema povtorno da izneveri (koe e diskutabilo dali ke se odrzhi ili ke ostane na prazno vetuvanje), pa vagata tezhi povekje na drugata strana, zatoa mislam nema prostuvanje za neverstvo bez ogled dali stanuva zbor za vrska ili brak so deca. Osven ova, lugjeto koi se iznevereni, a odluchile da prostat i da ostanat vo vrskata/brakot stanuvaat krajno ljubomorni, so preterano naglasena zhelba za kontroliranje na toa sho pravi drugiot partner, frustrirani, so mnogu namalena samodoverba (sho ima toj/taa sho nemam jas, mozhe e poubav/a i sl). Pokraj ova tuka se i decata (ako gi ima) koi mozhe ne znaat sho se sluchuva, ama chuvstvuvaat se, znaat deka neshto ne e vo red, ja chuvstvuvaat tenzijata doma megju mama i tato i na kraj ke mislat deka tie neshto zgreshile, pa zatoa mama i tato postojano se karaat i se nervozni. Ova e prichina plus zoshto posle neverstvo nema prodolzhuvanje na vrskata/brakot. Neverstvo spored mene e flert, chat, zbluzhuvanje so druga lichnost, se sho kriesh od partnerot i sho se plashish da ne doznae.
Се е точно што кажа! Никогаш не би понудила и прифатила опција отворен брак… едноставно тоа за мене не е брак, ама и во никој случај не би функционирала така
Koga ke se sluchi neverstvo, za izneverenata lichnost najvazhno e: dali bi mozhel/a da bide srekjn/a so nekoj koj ja izneveril ili da si najde drug/a koj ke ja saka i pochituva, i ako reshi da prosti da ne se pretvori vo toksichna lichnost, kako sho kazhav pogore.
Ama se racuna. Ako e tajno. Prvoto prasanje mi bese: Zosto kries, koga imas dozvola? Izgleda nekogas ne znajme i sami so sakame...
Неверство си е неверство, како сакаш оправдај си го или преправај се дека е оправдано... Врска во која нема верба и доверба прво во себеси како личност која демек простила, ама очигледно не е така, па во партнерот ми е се освен квалитетна врска, ама колку луѓе не има толку различни ставови и стилови на живот. Јас имав пишано за жени што простуваат неверство макар и едно било, а особено апла многу откриени и дознаени неверства, немам високо мислење и почит, особено што знам дека некои со такво однесување допринеле своите деца да ги имаат како личен пример дека ете нема ништо лошо или страшно жена да е така постојано изневерувана. Што и да биде пак останува таа и таква токсична врска прераснува во дисфункционално семејство и тој модел на однесување и изневерувања се наследува како лоша фамилијарна матрица. Лошо, многу лошо...
Ви благодарам за исцрпниот одговор и укажаната помош да се разберам!!! Целиот одговор е толку професионален и темелен, што ми доаѓа да прашам дали треба да платам , (се шегувам). Свесна сум дека поради повреда и недостаток на конкретна потреба во гнев и дисфорија сум побарала утеха во виртуелни ликови мал број пати и не сум ја нашла , зашто го сакам сопругот. Неверство е ако го гледаме само објективно! Под флерт во мојот систем на доживување подразбирам комплимент, насмевка , мал хумор , со случајни мажи во маркет и сл на кои ако сакам ќе возвратам со исто таков и ни на крај памет не ми текнало да продолжам понатаму, не зошто се контролирам поради некаков морал и етика ,туку зошто не сакам едноставно. Но, тие моменти на многу благ флерт знаат да ме расположат некогаш , исто како што ме расположува секој интересен социјален контакт со интересни луѓе по улица. На жени им давам комплименти по улица за фризура за стил и сл. Таква сум по природа. Истото е и со мажите. Кога сме кај порното ,фантазиите и сл , да , сопругот не може да има сѐ што мојот мозок ќе го обележи како атрактивно во даден период , миг и фала богу што постојат истите. Пример од психолог со кој зборував за истово, да ја раздвоиме фантазијата од реалноста. Колку жени фантазирале и мастурбирале на чинот како некој ги силува а реално тоа не би сакале да им се случи, и во моментот на фантазија би доживеале оргазам ,а кога би било реално ,-веројатно траума. Бракот има свои убави и лоши страни исто како и кога сме сингл. Никој не влегува во брак веќе претходно стокмен по сите прописи, нити може да му даде сѐ на партнерот што мисли дека треба за како би биле апсолутно полни. Секогаш нешто ќе недостасува и во тоа е убавината на животот и односите всушност . Ако нештата вредат дури сме живи ќе се трудиме да ги/се подобруваме. Сексот сам по себе не го глорифицирам до таа точка секогаш да биде придружен со емоции зашто најсетне имам и анимален дел од истиот како и многу луѓе и за тоа е задолжена фантазијата понекогаш или порното! Кога пак ќе имам скршено его или душа бог знае што ќе направам следно . Не сум совршена и секогаш умна но знам да ја дадам душата за луѓето , барем така сопругот ми вели, а тој пак има други прекраснотии кои прават да остануваме и растеме заедно и понатаму. Мелис веројатно има друг тип на проблем и друга мустра на сопруг. Ѝ посакувам да го најде најдоброто решение и за двајцата .
Вистина е ова. Барем за мене... Точно знаев која би можела да е. Кога живееш со некој, го познаваш како се однесува, што сака-што не сака, ич не е тешко да заприметиш ако смени однесување.
Што фајде од тоа дека најголемиот сомнеж или претпоставка која е личноста се обистинил кога независно од тоа која е вие простувате сторено неверство? Не сакам да судам имаш пишано сте се разделиле по 5 години, ама едно не можам да сфатам како со таков по таков мизерен чин да се дели интима, емоции, секојдневие, еве не знам не можам да замислам. Убаво си пишала подобро е да се спречи него да се лечи, ама имам пишано по темава најчесто поведливи и лековерни жени наседнуваат на лагите на мажите или психички нестабилни или најчесто финансиски зависни од маж голтаат се и преминуваат не само преку едно туку преку низа неверства. Во вакви ситуации ниту терапија не помага, сите имаме достоинство и црвени линии преку кои не се може да се помине. Ама еве по темиве читаме а стаса до неверство спасот одма се бара во отворен брак при што тој ќе го консумира до бескрај, а таа ќе се теши дека и кажува со која е и каде е. Или најчесто од отворен оди во по ѓаволите... Неверство си е неверство и да не се лажеме колку и терапии навремени или не знам ти какви да се искористат последиците зад стореното се тие, истите, е само може да се научи како да се подголтнува на нив и јас велам да се научи да се глуми лудило, ако се продолжи живот во таков циркузијада брак.