Jas neznam dali jas sum kriva sto ne sum kazala se do detal kako i sto.sum pravila pred nego. Sigurni nikoj posle 2 nedeli vrska na decko nema da sw ispoveda za se i sesto. Jas nez dali mas ili decko treba da znae kako ti izgledal seksot so tvojot bivsi. On si prava filovi kako i so e bilo. Za nekoj raboti mu nemam kazano odma na pocetokot na vrskata pa sega mi pregovara i za toa deka sig i dr krijam so mozebi posle 8 god kje go kazam.
Не не треба тоа да го знае, твојот минат и интимен живот не гледам причина зошто би го знаел, тоа може само да создава проблеми во иднина. Не знам како се наоѓате се вие за нешто криви, пред вакви мажиња да им се исповедате, зошто немате малку самопочит, како сакате друг да ве почитува ако вие не се почитувате самите.
Трол или не овакви окулу мене има на извоз. Во прашање е тешка психопаталогија и ниска самодоверба . Кога ќе ми речат абе х особата е паметна ама.. аха важи, преумна чим паднала на тоа ниво. Абе од дома не испаѓаат оваквите, домаќинки биле.
Не, не си ти крива. Не се обвинувај, нема причина. Ова си е проблем само во неговата глава. Јас имав 6 годишна врска пред мм, па он му го знае само името. Ниту сакам, ниту сака да знае за минатото
Не си ти крива,маж ти е болно љубоморен..престани да му раскажуваш било што,и така ќе прекине направи мубает најпрво и на крај кажи му веќе дека ништо нема да му кажуваш,зошто вака ќе тера до недолгед
Си ја постигнал целта да те обвини дека си крива што си имала живот пред него. Грешка ти е што си му раскажувала, тоа чепкање по минатото никому ништо добро не носи. Обиди се веќе ништо да не кажуваш, бидејќи вака ако продолжиш да споделуваш уште повеќе ќе те малтретира.
И да памтиш од пред 8 години што се случувало и да му раскажуваш? Не зборам за тебе, за членката зборам.
То на членката е некој проблем, што нема благе везе со минатото. Не можи чоек да стани љубоморен после 8 години 'нормално' однесување.
Е тоа де. Мислам дека тој проблем го решаваме. Да ме прашал маж, а тој пред 8 години што, како, ќе го пратам на магнетна или нешто, главата да му ја проверат. Мислам хелоу
Види, не знам која точно метода, ама мора да се види, нешто мравки да не му шетаат по мозокот или нешто полошо недајбоже. Пред 8 години бе
Точно. Но, ова не е случај кај членката. Он прашува со умисла да се расправа. Како што кажа некој погоре или има наслушнато нешто, или не е добар во главата.
Ја рака сечам дека некој му пуштил бубачки у главата Види одоколу кој му ја полни главата Гарант има некој муабет со позадина шо појма немаш Така одеднаш да се интерсира за бивши не е од ништо
Постои еден вид на OCD се вика retrograde jealousy -ретроградна љубомора. Скоро пишувавме за ова во темата опсесивно компулсивни растројства во психологија. Се карактеризира со интрузивни мисли дека партнерот е сеуште вљубен во бившата/бившиот. Тие се наметнуваат, ствараат анксиозност и импулс да се провери дали е тоа вистина. Затоа препрашува, проверува, може да чепка по твојот телефон или лични работи. Иако знае дека е нелогично и дека е минато не може да се отараси од мислите дека ти го сакаш бившиот повеќе и дека уште фантазираш за него. Тригер за мислите може да се сосема банални работи кои имаат некоја допирна точка со бившиот. Прочитајте што имаше напишано членот во групата за OCD. Треба да се обрати на психолог, да се види што е причината и да се побара третман. Некогаш во прашање е и ниска самодоверба или траума од детството.
Мислам дека е невозможно 8 години да било сѐ ок, сега наеднаш да се претворил во ненаситен испрашувач. Мислам, сакам да кажам дека и претходните години многу веројатно на суптилен начин да ја има испрашувано, за да провери минато, можеби манипулантски да ја наведе да мисли дека така треба, таква е една врска и брак. А сега ако се случило некој откочен момент и почнал поинтензивно. Како може маж долги години да се преправа? Не е можно тоа.
Може и за доење Морав, прво нешто што ми прелета низ глава беше сценава Си игра мајтап вајда девојчево, ако не одам да му закажам на мојов целосен систематски сосе магнет на мозок
Да се надоврзам , Скандинавците се понапредни бидејќи си ги знаат и користат правата, во интерес на детето, а ние сме затуцани (и по коментариве малце и себични) зашто ги имаме правата, не ги знаеме, не ги користиме пошто што ќе каже комшијата, ќе ми се смеат, на породилно сум. Овој закон го има во Македонија, и да, се почитува, и да, има мажи кои го користат. Не можам да најдам дали беше 9 месеци или помалку. Тоа што жените некако се настроени да имаат ексклузивитет во таа сфера поради доењето (а колку само жени не можат или не сакаат да дојат), не значи дека се "побитни" родители. Науката вели, еве нека кажат и психолози, психијатри што ги има на темава но до 4 години установеното воспитување го има како доминанта таткото, со прости зборови, те раѓа мајка, но те воспитува татко. Е сега на некои жени не им одговара ова, јер жена, мајка, краљица, но науката вели спротивно.