И двајцата се криви, но сигурно нема да ја оставам и неа да глуми добар брак како да имаат и да си тера со животот нејзин како се да е во ред, се ќе и уништам и фамилија ќе ја знае и цел комшилук.
Здраво. Пишувам тука затоа што веќе не знам и кому да се обратам...Сопругот ме изневерува од самиот почеток на бракот,пораки пишувања по сите,на моите пријателки,разговори со бившата па на крај и интимно видео со неа. Тој го негираше сето ова иако сум го видела нештото,а јас како слепа премолчив најверојатно поради децата и мислејќи дека ќе се смени. Но тоа не се случи.Им кажав на моите родители но попусто не веруваа мислеа дека другите само му пишуваат,а тој не прави ништо. Значи не веруваа на она што сум го видела.Потоа се случи сосема случајно друг човек да влезе во мојот живот,да се заљубам во него и да го добивам се она што сакам од него,со таа разлика што мојот сопруг никогаш ништо не го интересирало во врска со мене ниту пак моите желби ставови,размислувања. Секогаш гледал дека жената треба да чисти,готви,пере дома и да гледа деца друго ништо не и треба. А тој како да е роден со повеќе живот и права па може да прави што и кога ќе посака без да се правда. Хаосот настана кога он дозна дека сум во контакт со друг,што моја грешка е што требаше прво да се разведам пред да почнам било што со друг но.. за разлика од него му признав се барав развод од него но никако не сакаше да прифати,за на крај и да почне со физичко насилство. И така цело време после секоја расправија при секој обид за развод и да заминам јас да завршам претепана,со скршеници и секакви можни повреди,лузни и трауми. Еден куп закани,малтретирања и забрани единствено само воздухот кој го дишам мислам дека ми е слободен. Моите родители знаат цело време што се случува,но викаат што да правиме кога и ти си згрешила,во ред згрешив,но зарем неговите грешки се оправдани?Оправдано е целото семејно насилство? Оправдано е пред другите постојано да ме навредува,понижува,омаловажува и реченицата да ја заврши со прекини или ќе те истепам? Не разбирам како може на се ова родител да каже ќути и прилагоди се спрема него,не зборувам не прави ништо,не предизвикува расправија,што сака нека кажува не обрнувај внимание,како ќе те заштитам од него,нема да ти ги даде децата,седи и ништо не ти треба во животот само гледај си ги децата...на се премолчуваат и го бранат и оправдуваат него. Јас не разбирам навистина во мене ли е проблемот? Толку сум уништена,скршена,разочарана,исплашена,што не знам што да правам,како да најдам начин да излезам од се ова,од цело ова малтретирање од сета таа болка..тотално сама без поддршка од никој,со дечињата кои идат во школо,невработена...баш во ова кризно време кога е тешко да се отпочне сам и од нула.. се извинувам на долгиот пост.
Почни со тоа што ќе го пријавиш сопругот за физичко насилство. Не разбирам, ако им отидеш на твоите дома им и речеш од денес тука живеам со децата нема ли да те примат? Бидејќи рече дека си невработена. Потоа најди работа и почни да работиш на тоа да се осамостоиш со живеалиште. Не е добро за децата што ве гледаат како функционирате со насилство. Нив им правите стрес. За изнверувањето немам коментар, срам да ви е и на двајцата, ама сега имаш поголем проблем за решавање од тоа .
Сум го направила тоа,но почнува расправија и ми викаат прекинете смирете се,потоа тој ги зема децата заминува а јас морам да заминам со нив,не можам да ги оставам. И така неколку пати. Тој сеуште продолжува со изневерување,гледам читам, ме лажи,глуми жртва како ништо он да не прави. А одговорот на една мајка родител кога детето им кажува се ова ќе речи: па добро нека оди ако оди со други никоја не иди и нема да ја донеси дома. Не можам да разберам родител да не си го заштити детето иако згрешила.. не знам
Јас родителите би си ги отпишала. Види пријатели, друга фамилија некој да ве прибере на 2 3 месеци. Вп меѓувреме откако ќе излезеш ќе го пријавиш во полиција и че почнеш постапка за развод. Во тие 2 3 мес интезивно работа барај друго нема. А за твојте не се чуди како може, можно е секакви има. Заборај дека постојат и сега сама оставена на себе најди излез прво со помош финансиска од некого. Ако ептен немаш никој тогаш мораш работа да најдеш за да стекнеш независност и за да можеш кирија да плаќаш.
Да и ја така мислам нема шанси. Затоа и е најдобро да се позајми и распраша кој може да и помогне 2 3 месеци дури се снајде. Ја не би чекала државата да ми помогне
Во никој случај. Невозможно е во маркет сама да испазарам, никако сама не се движам. Тој постојано се што прави,он се мене ми наметнува а јас поим немам за што зборува. Не знам,јас тоа се плашам незаштитена и да заминам одма ќе ме најде,ќе ме нападне,може се да ми направи.
Добро не ми е едно јасно. Твоите родители кога ќе те видат претепана, велиш и скршеници, сеуште ладно реагираат? Ни тогаш не веруваат дека имаш сериозен проблем ?
Не ги провоцирајте луѓето,и така се во мака вие сте се запнале како можеле да не реагираат родителите.Ете така шарено ,има секакви родители .На жената и треба помош и стратегија,не глупи муабети.Кој може нека и помогне ,нека ја упати во некоја институција.
Затоа се чудев. Кажа жената во првиот пост дека била тепана со скршеници. И тогаш да не реагираат чудно. Ама ок секакви не има.
Не знам ни јас. Не знам ни од кого да побарам помош и кој би застанал зад мене кога тие што треба Не го прават тоа. Не знам кој би превзел одговорност над мене и моите деца,бидејќи не се работи за некоја минимална финансиска помош која можам да ја позајмам од некого а потоа како ќе ја вратам? Искрено луѓето за сопствени трошоци и потреби сега преживуваат,а јас кому да се наметнам да ми помогне!? Оваа помисла убива. Видоа,се знаат,но викаат што да направиме и ти згреши. Па добро еднаш згрешив јас тој со години ја прави таа грешка и сеуште ја прави. А јас ќутам на се и се правам дека не гледам и не слушам затоа што ќе завршам како што не можам да издржам веќе. Седи и ќути и прави тоа што сака он,не провоцирај не се расправај моите ми викаат. А па тој очекува љубов внимание од мене,да сум покажела дека го сакам. Не знам дали не сфаќам но после се она може само да ти се гади од таков човек не да го сакаш и живееш како ништо да не било. Јас секој пат кога ќе го погледнам освен човек насилник ништо друго не гледам во него.
Почни постапка за развод! ако имаш можност оди под кирија веднаш со децата во случај да не сакаат твоите да те примат назад. Децата секако со тебе ќе си бидат, претпоставувам малолетни се..не се плаши побарај помош од друго место не мора да се твоите родители...
Едно нешто што сум забележала е тоа што, без разлика дали имаш милион докази или си го фатила како допишува, он ќе негира како животот да му зависи од тоа. Си го видела? Неееее, погрешно си видела и не било така како изгледа. Ќе врти, тргне, влече, само за да се извади. И најбитното-ќе биде предатор на вашата емпатија за да се сожалите. Јас прескокнав многу црвени знаменца затоа што мислев дека ќе се смени ама ништо од тоа. Човек не се менува, само станува подобар во креирање на нова бариера во карактерот која сака да ја покаже.
Доколку си спремна на таков чекор да си одиш, контактирај ги СОС Детско село, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ или Една може (One can), нудат засолниште и правна помош на жени жртви на семејно насилство, самохрани мајки и сл. Тежок пат е, ама не е неостварлив.
Дали му кажа на родителите дека те тепа, кажи му дека ти се заканува по живот за да те примат дома. Следно кога ќе те натепа пријави во полиција не трпи те молам и кажи му дека ќе го пријавиш. Ако можеш да се вратиш кај родителите најди си работа тек после ќе се разведиш.