Кога го читам постот од членката ми се плачи.Ние како народ и држава сме толку назад ,уште како да живееме во 20 век, кога жената немала права освен да биди домаќинка и мајка и да трпи се и сешто.Мажот може се да прави и да не одговара за своите постапки и да си ги задоволува своите страсти , ама жената не смее .Таа како да нема потреба од почит , нежност , задоволување на своите потреби.Ако мажот има афери тоа не е ништо , ама жената не смее тоа е страм за сите.Е за тоа се криви нашите родители кои така не воспитуваа се да трпиме оти ќе ни се смее народот.А дали народот ќе ти оомогни кога имаш мака?Мојата мајка мене ми рече вака кога се омажив - цитирам: Ти сама си го најде си го избра ти и немој утре да ни се жалиш каков е таков е , ќе си премолчуваш ,и така јас цел живот си премолчував и трепев и физичко и психичко насилство и изневерена ,само да не се нервираат моите кои го сметаат дека е супер сопруг, затоа што јас така го опишував.И што добив од тоа , сите се среќни и задоволни само јас глумам дека сум среќна.И така ќе си терам со надеж дека еден ден и мене среќата ќе ми се насмее.Така да многу е тешко жената да си ја најди среќата кога нема поддршка од семејството а и од државните (не) институции а ние можеме да и кажуваме секакви совети ,ама колку тоа ќе и помогни не знам.Мора да собери храброст и сама да се избори за себе и за своите деца.Господ да и помогни.
Затоа мораш да го пријавиш после нема да може да ти се доближи, изневерувањето не е битно колку физичкото насилство, вака затворена сама ни до продавница не те пушта, ти ја зема слободата тој нема право над тоа, обрати се во полиција, имаш некои роднини да те земат на некое време мораш да се потрудиш верувај ако побараш помош ќе ти помогнат ако си молчиш ништо не правиш.
И јас сакав тоа да прашам И јас тоа го размислив , ако тој ја сака и ако има добри намери со неа треба да и помогни и да ја спаси од пеколот.
Најтрагично е што кога доаѓа до развод тогаш ‘швалерот’ се повлекува. Неа и е потребна помош прво од родители после да го пријави за да не може дс му се доближува. Лошо е што ова нивно однесување е како детско. Тој ја тепа и си има швалерка , она трпи молчи и на крај си наоѓа друг.
Најверојатно доаѓа од патрихијално семејство кое што смета дека насилството во бракот е нормално и дека разводот е срам за семејството. Затоа мислам нема подршка од нејзините. Но, што со неговото семејство? И тие ли се толку зацутани???
Повеќето во државата се затуцани. Ене шо и' вели полицијата: Смирете се Каков народ, таква држава. Па ќе се чепатим: Македонија цела да е. Да ја нема, поарно ќе биди за многумина.
За ова ќе бидам ,,тепана” Ама шо к барате совети коа не ги применувате бе? Не мислам сеа за членкава конкретно, во 9 години овде вакви милион случаеви иам прочитано. Ве вараат, ве тепаат, ви се закануваат, деца ви зимаат и вие на Фемина Форум барате совет? Абе се знае, пријавуваш, тужиш, си идеш, сѐ шо можете да направите. Ви се даваат совети кај да ѕвоните, кај да пријавите, и место одма да го напраите тоа и следното мислење да е ,,дечки го пријавив, ќе се спасам”, тоа е ,,леле шо ќе праам” ,,ама моите” ,,ама децата”, ,,ама неам кај да идам” Абе чоек коа сака, сѐ ќе напраи, Двајца дечки од Париз до Катар отидоа со точак на секакви услови изложени ради државата, вие се туфкате овде. Одма се пресекува за вакви работи, колку поише простор давате, поише на глава ви се качуваат.
Секако не си крива и малку му е на овој што си го изневерила така му треба кога е идиот а твоите треба да те бранат.За да не се случило ова требаше прво да се разведеш сега ништо лошо е трпиш насилство он е само за зад решетки пријави го во меѓувреме барај засолниште кај блиски небитно дали пријатели роднини никако кај љубовникот а твоите се слаби на карактер да допуштат да те малтретираат во бракот и тие да те обвинат тоа е изговор а што ако ти друг не најдеше тогаш што он ќе беше пак прав пак ќе го оправдаат не е фер на нив не можеш да се потпреш барај лекарска помош и законска заштита да не ти се доближи мажот и после разведи се и почни одново да градиш свој живот.
Кои совети, жити очи? Не и' требаат совети, и' треба некој да ја заштити од него и да и' дај пари, за адвокати, за живеење, за нејзе и за децата, или да ги згрижи и да ги чува дома, дури не застани сама на нозе, и притоа да ризикува и самиот да биде претепан, или не дај Боже полошо. Без пари и без грб, нема совет шо ќе и' поможи.
Ќе те прашам вака, може ли љубовникот да ти помогне финансиски, со сместување и ред други нешта, бар привремено? Ако веќе никој друг близок не ти помага...
Јас само се чудам како родителиве ги раѓаат бдеат над нив и после ќутат кога некој ги млати. Е*ати родителот.
Ѝ пратија броеви од установи шо се грижат за вакви случаи Ете ако сакате и ќе донираме, не сум циган. За шо пишуваат овде тогаш? На Фб бар кажуваат дека им треба памперс, пари едно друго
Секогаш ми е најголема дилема. Како? Знаеш дека некој ти го мачи детето и ништо. Не знам како спијат.
Ја не знам како спијат навечер. Да ми удри некој ќерка, и 30-35 да има, ќе го заколам бе. Баш пред некој ден имаше објава кај што бабата го расчукала зетот, пошо он ја расчукал ќерка ѝ. Е такви жени требаат бе
А може ние во знак на поддршка на сите жртви на насилство да организираме протести самоиницијативно, или ќе чекаме партија да ни кажи за шо е проблем во државава? САД и Џорџ Флојд. Иран и хиџабот. Еве, читаме сите. Полицијата и' вели да се смират, нејзините и' викаат дека сама е крива. Ни родителите се родители во случајов, ни полицијата е полиција, ни па социјалните служби се социјални служби. Битно, секој месец, качинг им прави на сметка. То дали работат нешто воопшто, или не, ич не е битно! 1 милјарда годишно за државни службеници да си ги држат половите органи. Истиот проблем е во сите сфери на живеење. Сите сме виновни, колективно. *Кој ти гарантира тебе, или мене, дека нема утре ние да бидеме во истата таа ситуација? Што би правеле ако сме во таа ситуација? Сите околу нас ќе се прат слепи и глуви, како ние сега шо се прајме
За шо имаме социјални служби и МВР? За шо имаме болници и доктори? Сето на државна цицка... За да донираме? За шо кур земат плата секој месец 120.000 луѓе? Сите знајме некој шо работи во државно. Сите!
Би пријавила одма Вајд, одма. Со тоа што имам на себе би трчала до полициска станица, не по телефон. Да ме видат видно вознемирена и уплашена, за да реагираат.
Џабе ќе пријавиш. Неќат да работат. Едноставно, неќат да работат. 5 саати чекавме да пријавиме во станица последнио пат. Преку телефон, му кажаа на престапникот кој пријавил, а ме прашаа и нагласив дека сакам да е анонимна пријавата. Внатрешна контрола направи 'истрага' и заклучи дека се' било по закон и пропис. На кој ќе се жалиш? Ако немаш пари и врски, ќути и пукни. То е! Сите сме загрозени.
Протест ама шо ќе бараме у нив прво да се утврди. Јас сум за пошо ова е греота. Уште владее моментот на супериорност кај мажите, ја ко помлада го гледам тоа и кај машки испод 30. Дека жените треба да зависат од мажите итн.. Дур не дое тие шо се сеа 20-30 да имаат деца од по 20-30 годинк, значи за 20 години бар отсега, ни нема спас. Пошо и од дома лошо ги учат. Треба смена на генерации. Мозоците нема да се сменат, треба од мали мозоци ,,перење мозоци” за еднаквост, да нема насилство. Тие шо имаат сеа 50+ и имаат деца од по 30-40 години, се најкриви шо го воспитувале така како шо ги воспитувале. Пошо и они се растени со патријахално воспитување. Не дека им викаат дома ,,мавај ја жена ти” ама им го наметнуваат тоа индиректно, и овие мислат дека е исправно. еп Вајлд треба комплетна промена. Ја од коа зборам дека нишо не чини. И за сѐ сме сами криви од тоа врскаџиското буткање секаде, пошо и ќоро и сакато работи