Не само тоа. Промени во законот, заштита на жените. Еве место искрено, за секое новороденче пари да даваат, нека даваат пари за жрвтите на насилство. Нека им доделуваат адвокати, психолози, дом. Месго да градат зградуретини, нека направат вилетина кај шо ќе се згрижуваат вакви особи
Да сјојме сите од тука, е то ни треба. Нема ни една индустрија, ни една државна институција, шо не е корумпирана. Ни една! Има закони за се' Еве, пред една недела и го подесија со Истамбулската конвенција. И шо, ко МВР ти вели: Смири му се. шо? Некој треба да ги спроведва тие закони. Не се за на хартија. И не прај ич разлика која партија е на власт. Сите се исти. Се надевав дека ЕУ ќе не' затегне, ама со кризава и Украина... дури да мрдниме од местово, ќе останат само пензиноерите и пијајците овде.
Загреота.. така ми иде некад да фатам магла да ти кажам, од авион ќе мочам врз државава за да им се намочам на сите. Пошо сме ѓубриња, секој еден од нас е крив за сѐ шо ни се дешава. Ама жал ми е да остаам сѐ што имам овде. Иначе, ич око не ми трепнува, па нека си копаат очи. Држава од милион и 800 да не може да функционира. Две овци да им дадеш на горниве да чуваат, три ќе изгубат Мамето нивно Чоек не знам кај го викаат тоа. Јас знам и други примери кај што коа ќе пријават во полиција, добиваат опомени прво. Пошо на прва пријава секако иде опомена, освен ако не е на пола скршена од ќутек. Не им викаат ,,смири му се” А знам и примери за жени шо идат искасапени од ќутек, и сами бараат ,,мажите” нивни да не добијат пријава
Мамето наше! “The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.” *Дури не го сфатиме ова мнозинството, вака ќе биди... ако не и полошо...
Aма знаеш шо е лошото, ши ја и ти го вртиме муабетов со месеци. Прво, никој неќе ни да дискутира за тоа, камоли да се дигне за промена. Таков народ станавме, виткај кичма и ќути. А ние шо сме борбени, абе шо рипаш одма. Рипам пошо не можам да се помирам со тоа маж да ми ја одредува судбината, денот, аутфитот, дали ќе идам на нокти/депилација, не можам да се помирам со тоа дека утре некој забите ќе ми ги искрши и ќе ми речат нишо не ти е врати се дома, или да ме рокне некој и да не ме лежи пошо имал врски Да ги видам у Германија дали ќе фатат врски на толку милиони народ. Дур доеш до командир на станица, ќе ти преседне. Овде, сврти 2-3 броја и готово
Со љубовникот уште си во врска, не може тој да ти помогне? А од родителите твои јас на твое место во весник би се откажала. Контактирај ги Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство на фејсбук, децата остануваат кај тебе, нека не те лаже. Тоа е така пошто е мала, корумпирана земја и ако го изнервираш погрешниот човек, факт е дека може да најде врска и да ти наштети, па затоа размислуваш два пати пред да скокнеш, а не дека не те боли душата и за жени и за деца малтретирани. А второто е зошто многумина, уствари ќе речам најголем дел, планираат да заминат од тука, не ја гледаат иднината тука и енергија вложуваат во заминување, не во менување на овдешната состојба. Оние што решиле да останат, тие се најгласни за промени, ама за промени треба голема бројка на луѓе, а кај ќе ги најдеш кога сите гледаат да заминат. Еве лично, ни на протест излегувам, ни се замарам веќе, лично помагам на поединци ако можам, а за институции ич гајле не ми е, пошто доаѓаш во животот до еден момент кај што сфаќаш колку длабоко е заебано и дека најверојатно во мој животен век нема да ги видам промените што ги сакам. Браво за сите што се борат, ама и за тие што сакаат да напуштат, сфатливо ми е 100 %.
Ај да речеме 120 иљади администрација, пола од нив мажи. И сите се они многу јак фактор, или ,,погрешниот,, човек што не смееш да го изнервираш? Абе ај. Се кладам дека повеќето од овие пациенти се тешки шупелки, или последна дупка на свиралото или како и да се вика. Насилство нема врска со брачни неверства, бар не дирекна, не знам зошто воопшто овде се праи муабетот. Ако нема неверство во ред е жена да биде во заложништво, без работа, без сопствен приход, без сопствен имот? Да ти се плукнам и во право на глас и на феминизам, ко ќе прочитам вакви муабети. Вакви работи се сечат во корен, во темана за љубовни проблеми, не -ама многу ме сака, ама вети дека ќе се смени.
Не реков дека има насилството врска со неверството, не знам дали конкретно мене ми викаш или е само општ муабет. За последна дупка на свирало не знам баш - сум слушнала за пријавен анонимно, следниот ден пријавениот точно знаел кој го пријавил и во тој контекст ми беше муабетот дека некогаш се тргаш настрана не од што не сакаш да помогнеш туку од што нејќеш да си го навлечеш на себе гневот од човек што реално има како да ти наштети, а ти не можеш ништо да направиш пошто тој имал врски, а ти само желба за правда.
А што е поврзана државна администрација? И за тоа ли се криви, за насилство? Па не се тоа сите 120 илјади богаташи што со еден телефонски повик сѐ решаваат. Ако имаш познаници и пари секаде ќе најдеш некој да ти заврши работи. И не мислам дека е ова е изолирано за Македонија, едноставно такви сме расипани како луѓе, секаде тој што има некаква моќ ќе ја искористи. Само што сме многу мала и сиромашна земја па е тој дел многу потенциран. И Мантуб е скроз во право за тоа што го збори. Од што сакаш да помогнеш можеш ти да испаднеш крив.
Грешка правиш ако таква модра не го пријавиш. Одма да дојде полиција, да направи записник, да се документира секоја твоја повреда и веднаш да му дадат забрана за доближување. Јас би отишла и кај неговите таква и би им рекла еве плод на вашиот син. Почни со некој курс, има многу фирми што не бараат дипломи, туку обука и ако те бива те примаат на работа. Почни од малку, со тек на време ќе си изградиш нешто. Не се плаши, не е ништо невозможно и недостижно. Еднаш кога ќе се разработиш, веднаш ќе ти биде полесно. Брат, сестра нешто имаш?
Аплицирај за виза и бегај во странство, тука само ке се уништеш, балканот не е на страна на жените, затоа и си дал копукон за право да ти прави што сака и да си ги лече комплексите над тебе. А кој е он? Клошар обичен излезен од пи.. Јас искрено може звучи морничаво ама во самоодбрана би убила несвесно таков човек.. Многу сум емотивна кога станува збор за ваква приказна...
Уживај Ја 100% би му влегла со вазна во мал мозок. Е ако остане парализиран, тек тогаш има ремет да јаде. Ќе му носам вода под уста на 4-5 саати и ќе му ја тргам, и пак и пак и пак Ух Абе се буди психопат у мене од вакви говеда
Нека ставе бе скришна камера нека собере матријал, и оп на социјалните мрежи, треба храброст ама има многу што се спасиле само така.
Абе шо ќе ѝ е камера, они и нејзе пробува будала да ја напраи. Само оријавување у полиција, следно со адвокат. Ако не напраат ништо, ќе им речеш добро, ќе се видиме следно со Внатрешна контрола да видиме зашто не си ја работите работата. @Veselina23
Е баш ова. Повеќе не би ја водела битката за друг, само за мене и за домашниве. Само така 'се мотивираме ' кај нас. Ќе погини некој (поради насилство, или небрежност од болници, или некој друг пропуст) и тогаш ќе се дигни галама. Ќе поплукаме некој ден по интернет, тој со маката ќе падни во заборав по некој ден... до следниот пат, до следната жртва на системот. И треба да си одат. Навивам да замине секој што можи. Не очекувам поќе ништо од оваа фарса од 'држава'
Па не знам кој го почна муабетот Дека тие од полиција се за да си го држат, тоа е факт. И не зборам за некој да помогне, зборам еве женава сака да се спаси, и кој муабет го добива? Реков муабетов не е за во оваа тема, јер за насилство станува збор. А на тема насилство мислам @ALISA0000 имаше некој муабет дека се поместиле институциите од мртва точка, не знам дали уште е актуелен моментот или пак е се по старо или полошо.
Шо можи да добие од нас освен муабет? Шо ако и' речиме дека треба да си оди, ако нема каде? Пак ќе речам: Ако нема пари и грб, ништо не можи да напрај.
Играј паметно Прва кавга нека те удре ,штом те удре одиш таква никаква развлечена бушава со влечки и пижами у полиција. Таму пријавуваш и инсистираш на записник ОБАВЕЗНО Од таму одиш во болница да ти издадат лекарско се плака 2500 ден Се вракаш дома по алишта и деца и си одиш кај твоите Нема сакале некеле да ме примат нека си лафат на почеток ке лафат после ке си легнат на брашното Ке изтрпиш еден период и ке си тргнеш на работа Со записникот и лекарското пушташ тужба за семејно насилство ,за развод и забрана за доближување а со сета оваа документација и децата се со тебе и за да ги гледа ке треба дозвола и надзор од тебе или социјален работник Друго чаре нема ова е правиот пат Ако само лаеш и пишуваш никогаш нема да застане секогаш одново и одново ке бидеш тепана како кучка Не чекај помош од никој оти нема да ја добиеш од никој само ти можеш да се извадиш од лајнава Пиши ми ке те поврзам One can и со отец Оливер за храна да добиваш месечно на почеток за алишта ,а ке те препратам и за бесплатна адвокатска помош
Луѓе кој избега од оваа држава е спасен.Мизерни плати, силување без казни, самоубиства кај тинејџери поради исфрустрирани професори, насилсва од секаков ти вид, високи цени...Извинете што бегам од темата