За полицијата ми беше муабетот, не знам оти, не сум искажана или разбрана денес Инаку, пари се трошат ако не се заработуваат. Тоа е ваљда лекција прва. Грбов не знам кој би бил, оти не разбирам дали и треба телохранител од психопат или само прибежиште. Ама сакам да се надевам дека барем една организација постои, невладина, христијанска, муслиманска, небитно, која може да понуди правна и друга помош. Може да проба, ништо не губи.
Грб би и' била полицијата и социјалните служби, ако работат прописно. Грб би и' биле родителите, ако не им се побитни комшиите. ... а пари, не знам од каде... Освен донации да зема како што кажа @ALISA0000
Постои ,ама ќе те заштитат привремено (неколку месеци ). После тие месеци треба психички да се стабилизира ,да почне од нула,да не потпаѓа на влијанија ,се променил насилникот,ќе му се вратам,(повеќето така постапуваат) и да најде работа .Само на себе може да се ослониме,пријатели,здруженија кур ги боли за жртвите .Реалноста е дека жртвата треба да стисне заби,и да се бори против лошото ,а не да очекува константна помош.
Анајтрагично од сѐ е што у секој ваков случај, жената ем нема работа ем нема поддршка од дома. Мизерија
Пари треба да се заработуваат. Свои пари. Затоа е тоа лекција прва, мислев јасно е. Привремени решенија сигурно има, јас зборам за трајни.
Молби од типот нема веќе да те удрам да ти наштетам ..По што да се кладиме дека жртвата по еден месец ќе пише "имавме секс,ме сака " ? На храбар човек со самодоверба не му треба совети од форумов ,дејствува .Џабе е се кога жртвата нема самодоверба (насилникот и ја става самодовербата на ниско ниво) Пу да ми речеш ако не испадне така
Се убаво , до моментот кога треба да плати. Кажа женава нема пари , не работи а и не ја пушта да работи и нема поддршка од родителите. Кој ќе и плати 2500? И кој ќе ја прими? Затоа јас кога насекаде јадам л***а дека секој треба да се осамостои па да ствара семејство сум ненормална. Не е само омажи си, наклепај две три без ништо свое и после јади ќотек. Стварно сум исфрустрирана по сабајлечки ама има вакви Х примери.
Еве ние сите тука ке пуштиме по нешто и ке има Шо се факате за ситница Ако сака се се праве На сите нас у животот ни било тешко у даден момент и сме немале пари па у зортот сме се снашле
Ќе пуштиме, не е проблем. Не е баш ситница да не може месецот да го помине со сметки, кирии и се без работа и свои финансии. Самата кажа не работи, нема поддршка, нема финансии. Работа треба да си најде, пред тоа пријавување на насилникот. Може некој тоа да помогне околу работата ако може.
@Veselina23 Јас мислам да се јави таму кај што ја упатија членкиве. За кратко време е таа помош верувам, ама може и со тоа да постигне цел. Мене во целава ситуација од такт ме вадат родителите нејзини дебилни. Повеќе него мочково тепач. Што им е? Срам им е од комшиите ли шо ќе кажат? Има да одам кај нив на гости еден ден и фино лепо ќе им кажам вака и вака е ситуацијата. Помогнете да се спасам. Во спротивност, нема ни мене ни внуците веќе да ги видите никогаш. А нив ако одбијат има на разглас да ги кажувам на секаде какви се. Може има постови на социјалниве мрежи да им посветам, да види народ шо стока се. Заедно со маж и. Па баш од тоа шо бегаат да ги знајде. Ко не сакаат со добро има со уцена. За се ова ти е потребно само тој малку мир што ќе ти го понудат организацииве. Не е долго, ама доволно за да ја направиш големата. Со ќутење и трпење ништо не правиш.
Е затоа ја пишував, жена мора да работи да си има свои пари!! Ама одма ми се нафрлија : Ами децата кој ќе ги чува, ама во градинка ли да се разболуваат.. И после вака ќе читаш нема ни денар во себе а ја малтретира до коска. ОНОЈ МАЖ КОЈ ЌЕ ТИ ЗАБРАНИ ДА ОДИШ НА РАБОТА Е НЕНОРМАЛЕН!! БЕГАЈТЕ ОД ТАКВИ.
Како, ко не ја пушта да работи? Е ај нејзе, за ова ќе собериме. Еве, јас ќе и' дам 2500. После то? Таа, две деца, стан, сметки, храна, облека...? Да не заборам најбитното, @Veselina23 ако си одиш, не му спомнувај ништо. Жртвите се во најголем ризик кога го напуштаат насилникот. Шо и да прајш, ќутенката. Ко ќе е на работа, тогаш ќе го напуштиш домот и обавезно заедно со децата, оти ако ги остајш, 'државата' ќе рачуна дека си ги напуштила и нив.
Абе кој може да ми забрани како полнолетна особа? На 30 и кусур ако ми брани некој, значи неам карактер и став Иначе и јас какам дека треба да се влезе обезбеден у брак, ама еднаш ми рекоа дека многу се замишљавам и дека не е секогаш така. Не праам дур деца дур неам свој денар на страна
Не значи дека немаш 'карактер' и 'став', ако знајш дека ќе ти ги искрши коските. Биди ти колку сакаш 'карактер'... Вториот дел - да! Обавезно финансиска независност, пред стапување од брак. Најпаметното шо мој да го напрај една жена, е то.
Јас кажувам од мој POV. Јас се силам и на машки. Нека ми ги скрши коските, ама парите од оштетата ќе се карта за бегство.
Знам дека ти ќе маваш рамно со него Ама не сме сите такви... на пример јас, се плашам од физички пресметки... многу
Во теорија. Во пракса, живееш во Македонија. Нема да има никакви пари и никаква оштета. Реално, вистина најдобар совет е да отвараат очи, да не игнорираат навидум ситници во врска и никако, ама никако да не се остават во ситуација да се без план за излез. Иако сега е касно веќе за таков совет на членкава.
Јас секогаш викам: попрво ќе умрам, а да знам дека сум пробала да се спасам, отколку предвреме да се откажам. Знам луѓе што од тепачки добивале оштета. Не зборам на празно. Не е дека ич не функционира системот, изгледа кому како ќе му се потрефи
Ова е најтажното... И не е само таа, илјадници жени вака живеат... Да функционираа барем институциите, ќе и' беше далеку полесно. Да ја извлечат од дома МВР, да го обвинат насилникот ЈО, да и' обезбедат живеалиште и работа социјални служби... ... ама нема...