Искоментирав без да те прочитам претходно, и многу слично резонираме на темава. Од кога ќе кажете нешто ти, онда кејткејн што си ја викам јас, и неколку други мудрици низ темиве, џабе другите веземе, ко тенџериња да тропаат. Нека читаат помладите на форумот, макар една девојка да подпромени светоглед од прочитаното, чист ќар за нејзе. Не се учат за жал животни лекции од форум, ама вие неколку знаете да ја кажете поентата елегантно.
Кај мене мрза е... пишав прее... ... ама не би нагаѓала за други, оти не им ја знам приказната. Trauma bonding
"На пример, стапката на пријавување случаи на насилство се движи околу 14 отсто во просек во европските земји, а таа во Македонија изнесува 2 отсто. Истражувањата покажуваат дека оваа застрашувачки ниска стапка на пријавување се должи на недовербата во институциите, перцепција базирана на споделени искуства дека насилниците нема да бидат казнети, но и општествениот срам со кој се соочуваат особено жените жртви на сексуално насилство. " Ужасни, ужасни бројки . Целиот проблем е веќе сециран, изџвакан и сервиран на "увид" меѓу другото и од енџио-ата . Ова е од Ирена Цветковиќ , која меѓу другото пишува и за мизерната положба на текстилните работнички во текстот. Нам кои не се соочуваме со проблемот директно, страдањата можат да ни се чинат далечни ко валкана фавела на крај на свет, ама тука се овие жени , меѓу нас. Јас навистина не гледам ни еден излез освен образование, економска независност и самостојност.
Za ova pishav i jas, pa mi odgovorija deka i domashnite obvrski se "profesija" so 8 chasovno rabotno vreme. Se soglasuvam so ova sho imash pishano potpolno.
Како може домашните обврски да се издигнати на ниво на професија? Уште ова го немав слушнато. Тие домашни обврски секој треба и мора да ги прави. Ниту бараат некое стручно знаење. Жена ми е неприфатливо да не работи, освен во случај на здравствен проблем или породилно отсуство. Самите жени се поставуваат инфериорно спрема мажите.
Абе јас се чуствувам незгодно ако под туѓ покрив седам кај маж а не па и тој да ме издржува, 2022 година е. Ако немаш пари си никој и ништо, како што е и се поскапнато... Сигурно на маж ти нема слободно да му речеш дај ми 500 денара ќе одам на вотка со пријателка, и што ти ако несакаш секс една вечер со него ако го одбиваш ќе почнат уцените за пари или ако не си исчистила прашина.
Не изгледа вака нормален брак. Ако потенцијален партнер мислите дека би бил ваков тогаш не почнувајте ништо со него. Бракот е заедништво, а иднината не знаеме што носи. Од маж ми никад не сум се осеќала дека барам ниту он од мене, имаме по 2 картици од платите и трошиме од каде што има. Темава не е за независност на жените и што би било кад би било најдобро да не триеме сол на рана на жена што трпи насилство како она требало на време да мисли.
Ова како јас да сум го напишала. Од А до Ш. Животот е една голема претстава помешана од жанровите комедија и трагедија и врви без да го осетиме. Се може да се случи, како што си пишала, од идење на фирмата во стечај, до болест и смрт. Преубаво е мислењето и немам што да додадам. Би пишала од друг аспект, од имање на моќ. На форумов сум од 2018, во овие малтене 5 години речиси кај сите жени кои пишуваат тука сум приметила дека се наоѓаат во инфериорна позиција према сопругот. Значи комплетно зависат финансиски од него, им го посветуваат животот нив и на децата и немаат ништо свое. Да се разбереме, мене потполно ми е океј доколку жената одлучи од некоја причина да остане дома и целосно да се посвети на своето семејство. Меѓутоа тоа е нож со две острици. Кога некому му давате целосна моќ врз вашиот живот, целосна моќ врз финансии, станбено прашање, тој човек знае дека сте во ќорсокак и дека што и да направи, сигурен си е. Жените се тие што иако се изневерувани, малтретирани и психички потепани мораат да најдат начин како да се снајдат, најчесто во дом што веќе не го чувствуваат како свој со човек кој веќе не го гледаат на начинот на кој што го гледале. И после доаѓаат тука, а ние стварно немаме како да им помогнеме. Да, ќе даваме зборови за поддршка, ќе пишуваме, мене не ми е мака истото мислење по 100 пати да го напишам, ама со која цел? Длабоко во себе сите се свесни колку е саатот. Прво и основно, свои пари значат поголема автономија и моќ. Второ, јас најискрено и најдлабоко се надевам дека нема да се најдете во ситуација како овие што се во темава. Ама секогаш треба да ви работи некој дел од мозокот дека што ако? Секој човек е прекрасен, се дури не е. Наместо после да се чудиме како да излеземе од амбис, да се потрудиме воопшто да не паднеме во него. Трето, никогаш не е доцна. Барем денес со курсови, обуки, широко поле на отворени можности може да направат секој човек да најде работа. Гледам многу жени ги кочи тоа што се невработени. Ако сте невработени, не сте неработоспособни. За да можете да застанете во вакви ситуации на свои нозе се почнува пополека и помалку, и се оди кон поголемо. Без откажување и разочарување. Никогаш не е доцна за ништо и никогаш не е се изгубено. Само треба полека да се земат работите во свои раце и малку по малку работите ќе се средат. И децата ќе пораснат, и работата ќе се уклопи и се ќе биде во ред.
За жал, имав слично искуство но кај нас заврши приказната. Не ти се мешам ако можеш да го гледаш продужи со него, јас не би можела. Одвратно ми е да помислам дека повторно ќе треба да си легнам со таков и да делам се. Се лажеш, се е веќе изгубено после неверство. Бракот е само формален и одамна престанал кај вас, иако фактички на хартија постои. Полошо е, почитта ја нема, страста не знам ни дали може да се има со ваков тип. Не ти се мешам во изборот за понатаму. Но ни случајно нема да ја оставам а нејзиниот сопруг да не знае. Она можела тебе се тоа да ти праи, ти неа ја штедиш!? Ја храбриш за понатаму!? Дај те молам, одма да си кажала се кај нејзиниот а он после како си сака…
Ако го прават мама и тато се тоа ќе е многу полесно. Ако работат мама и тато исто така се ќе е полесно. Зависи сепак од платите....но, мама да седи дома и да ги чува децата како дадилка а тато да е уморен психофизички да нема време за чување на децата е многу лошо. Ако сакаат двата партнера кариера мислам е полесно да се има едно дете само. Сега не дај Боже и со едно дете може да се случи се ама сепак е полесно за чување ако се родителите зафатени со работа многу
Оти да не можеш слободно да му речеш: 'Дај ми 500 денари' ? Ако него не можам да му речам, на кој? Со него делам живот.
Па многу зависи од висината на приходот. Мислам, лошо е кога доаѓа до ситуација да мора еден да остане дома, но ако веќе доаѓа до тоа, ќе остане тој со пониски примања. Тргнувам од себе, мм има 3 пати повисоки примања, па утре сигурно не би барала он да остане дома со децата, а јас да одам само колку да работам. Ама тоа јас и ако морам. А многу луѓе мораат. И не е така ако прават се мама и тато. Не му е на секого рабодно време 8-4, некои луѓе глават на работа до многу покасно, па и да сака еден не може толку да учествува во овие работи. Не е животот розов луѓе, со деца е тешка организација. Ние со едно кубуриме не можам да замислам со повеќе како е
Истото го мислев пред некоја година и не разбирав зошто некои жени избираат да останат дома и да чуваат деца, сега ми е јасно дека е поради тоа што жените не можат да имаат се како што не лажеа. Ако сакаш големо семејство да се добро згрижени децата жената треба да остане дома некоја година (и тука да не се лажеме жената раѓа и е најпотребна кога се мали). Е после враќање на работа посебно на пазарот на труд во Македонија е малку потешко. Сакав големо семејство, ама нашиот избор е едно дете затоа што и двајцата работиме и покрај поддршката од баби имам чуство дека едвај стигнуваме, се разболела, еве пред некое време скрши рака трчај по доктори, на работа рокови дете плаче по мене. Да имам еве на пример 3 деца и да немам поддршка од баби за причувување ние едноставно не би можеле да постигнеме и едниот родител ќе мора да прави жртва најчесто е тоа жената. Нашиот избор е тој, ама некој ако сака големо семејство едноставно тоа се опциите нешто мора да се жртвува не може и кариери и куќа пуна дечиња. Светла точка е подемот на работа од дома, па тука некако може да се направи баланс и на секоја млада мајка што сака да остане со децата дома од срце и препорачувам да се проба со учење нови вештини и барање можности за онлајн работа.
Се' е во ред, се додека и двајцата партнери се согласни со начинот на кој функционираат. Проблем е кога едниот ќе почне да му кажува на другиот 'како треба/мора' и се обидува да ја наметне сопствената желба, без воопшто да има обзир за потребите на другиот. Ова е поврзано со контрола, не со љубов. Опсесивно е однесувањето на оние што сакаат да контролираат други. Во нормален свет, се рачуна за насилство.
Алал да им е на тие што можат да работат и да имаат помош околу децата. И ние ги запишавме двете деца во градинка со надеж дека ќе работам.Арно ама не излеговме од тој маѓепсан круг настинки,вируси,стомачни,пневмонии. Таман едното оздравело другото фатило и така во круг.Ич да не е три недели ти требаат да излечиш две деца.Иде две недели и оп нешто ново. Оваа година се поголеми со колку толку подобар имунитет ама сабајле кога ќе ти стане детето со тт чуда правиш за да најдеш кај да го згрижиш.А некој да толерира две три недели дома седење чисто сумњам.И боловање ќе земеш ама ќе си осетиш по џебот.А и тоа боловање не е вечно.
Еве вака да одговорам на сите коментари. На која институција тука кај нас да и се верува кога пријавувам еднаш во полиција тие идат дома,ги молам значи видете какви рани имам јас,а тие идете да седнеме на маса домаќински муабет да направиме и почнуваат совети да делат дека ако се растури бракот децата се разделат се пустат,во таа куќа повеќе оџак ако не чаде таа не е куќа,јас плачам ги молам не им се тргнувам од пред вратата на колата ги молам однесете ме кај моите тие не земаат да се смиреме и се да заборавиме да продолжиме заради децата. Втората пријава човекот си наоѓа пријатели ја бришат пријавата како да не ни постоела,па уште и ќе те гледаат на криво шо си направил како да си убиец а не дека си се обидел да се спасиш..друг обид заминувам кај мајка ми а таа ме моли врати се ќе настанат проблеми не ќе можам да те одбранам.. па душата ќе ти се скине повеќе од тие зборови и од разочарување ќе се вратиш назад кога ќе сфатиш дека и претерувањето не боли толку колку зборовите шти ќе ти ја раскинат душата кога најблискиот не те разбрал,и не рекол јас не дозволувам никој детето да ми го допре,не да ми го тепа колку и да згрешило,нема право некој да го малтретира,затоа што сака да си машкоста на жена затоа што жената ако не прекини да бара развод и обид да замине па ќотекот е излезен од рајот па така ќе ја научеме. За работата многу пати ме побарале да работам во болница и сл установи но децата малечки јас си седнав неколку години со нив ете додека се мали да го поминеме тој период заедно,но секако не мислејќи дека ќе дојде до тука,човек со човек може само да се разбере, и со почит,доколку се почитува и другиот партнер негови желби,ставови,размислувања...доколку се има заеднички јазик полесно,ама не се сите такви,човек се менува на него влијаат родители,постојано ти прават расправии,влијаат пријатели .. се си се собира полека,полека. Многу е полесно да каже замини што чекаш,и јас сум си рекла заминувам,но кога ќе размислам колку изнесува месечната кирија,сметките,трошоците,децата во училиште што одат,кој ќе ги вади кој ќе ги носи и зема? Значи не било така лесно ни платата не би стигнала. Повеќето од луѓето едвај крај со крај врзуваат,а јас како сама па со една плати па и се она горе што го пишав. Па уште и закани од неговиот татко ако заминеш јас ќе те најдам ќе ти пресудам да завршиш со животот а тој ќе си ги гледа децата. Јас ќе преземам одговорност за тој да биде со децата. И како сама,со каков страв ќе треба да се живее сам,ќе може да се заспие? Само ќе речам државата ни е крива што не обезбедува никаква заштита и не нуди помош за самохрани родители и се ни функционира со пријатели.
Ајде жени Еве ја ситуацијава. Ќе молчиме, или ќе излезиме на улица? Колку поголема мотивација ви треба?
Рековте човек дејствува не бара совети по форуми. Човек кога е немоќен да разговара со било кој,некогаш е подобро да разговара со луѓе кои не ги познава и ќе го разберат отколку да очекуваш да бидеш разбран од луѓе кои те познаваат.