Не знам со последните неколку месеци им се смени мислењето на родителите откако видоа дека човекот за ништо избувнува и ме напаѓа,па викаат ова вака неможи да продолжи ќе заврши се ќе те земеме ако не прекине. Јас до сега избегнувам било какви расправии не се случува ништо,но не можам да заборавам,си викам направи проблем замини поднеси одма тужба за развод,пријави, ќе прифатат и родителите кога ќе видат сама сум а децата им се слаба точка ќе застанат позади мене. Но пусти страв да заминам шо ќе ми се случи, мислам ни самата не сум толку тешка колку што има страв во мене. Не знам како да се ослободам од стравот.
А што се случи со другиот во кој се заљуби, колку што сфатив сте биле во врска и сте имале разбирање, тој нели може да помогне некако? Не знам колкави се децата, треба да ги искористиш сите механизми и да побараш помош. https://mtsp.gov.mk/ns_article-prijavi-semejno-nasisltvo.nspx
Види, ќе им кажеш на родителите дека ако внуците им се слаба точка, треба да направат све за да ги заштитат. Само неколку случаи годинава имаше на чедоморство. Имаше и такви случаи кога таткото го тепа своето двемесечно бебе, во Србија беше случајот. Исто така ако внуците им се слаба точка, зошто тогаш да живеат со можност без мајка да останат? Колку мислат дека е силно човечкото тело? А за како да го пријавиш ефективно мислам дека најдобро ќе биде да се консултираш со правниците од форумов и со луѓе што ги познаваат невладиниве. И играј итро. Почни да бараш работа, почни да си вадиш пари. Викаш во болница. Зошто не аплицираш? И по приватниве бараат, ако си сестра можеш и во општа и во стоматологија да побараш. Има голема побарувачка. Почни од некаде.
Не сум во контакт веќе со него. Човекот ме молеше ми нудеше помош, сакаше се да превземе секакви трошоци,цела одговорност. Но се чувствував засрамено со деца да бидам товар некому, се плашев да вовлечам друг во проблеми, не ми беше прифатливо. Мислев сама ќе успеам ќе најдам начин но некако тешко оди,како заглавена во место сум цело време.
Прво и основно при насилство прво идеш на брза помош, им кажуваш дека раните се од домашно насилство и бараш да ти дадат лекарско уверение/записник. Ако они не пријават во МВР или мвр не постапува по пријава, се јавуваш во внатрешна контрола на мвр и во социјално, ќе им кажеш сѐ и плус дека наредно ѕвониш на новинари. Мора да имаш црно на бело, понатаму нема шанси да ти ги земе децата, а може и да не ги гледа без надзор. Само ова ќе ти го кажам, твојот страв работи во негова полза. Нека не те плашат парите, затоа што животот нема цена, ништо не правиш ако те убие. За твоите немам збор, ама ако одлучиш да одиш кај нив само прашај ги дали порадо би те виделе мртва или разведена. Ако немаш баш кај да идеш, ќе си седиш кај нив и кога тогаш ќе мора да се помират.. А ти фокусирај се да застанеш на нозе финансиски. Можеш да се информираш што е потребно за да аплицираш за социјален стан, мислам дека во моментов има во тек огласи. Се надевам дека имаш контактирано барем некоја невладина организација која работи со жртвите од семејно насилство.
Јас цело време се обидувам да соберам храброст, и кога ќе си речам ајде,ќе ме надвладее стравот,напад на паника,вознемореност,не можам да дишам и потоа застанувам да се смирам. И потоа ќе си се изедам од мака затоа што не сум направила ништо..
Обрати се до некоја новинарска куќа нека оди ова јавно, кога ти се закануваат и има фатено врски во полиција. Нема да можат да те допрат. Побарај помош пак кај љубовникот велиш ќе ти помогни. Само не седи таму те молам одма замини кај него, земи ги и децата, на суд ќе се бориш за нив ќе ти ги доделат верувај никој не сака насилници, побарај работа во меѓу време да си собереш финансии се добро ќе испадни мораш јавно да го обвиниш нека знаат и полицијата како си ја работи работата.
Колку време не си во контакт со дечкото/мажот со кого си започнала афера/љубовен однос? Зошто не го контактираш чим и он е спремен да ти помогне, тебе ти е потребна заштита и поддршка, машка, правна, ти беа дадени добри совети овде. Ќе се смени и дотичниот (мажот) и неговиот однос и закани кога ќе види дека имаш заштита. Со кукавици и силеџии само така можеш да се справиш, со покажување заби ( не сама!). Не дозволувај стравот да те спречи, тоа е алатка на слаби особи/агресивци со која се служи за да те залаже и исплаши , вистината е доколку останеш исто може да ти наштети и ќе ти наштети и ќе биде уште полошо отколку да заминеш, ако ова го сфатиш и ќе добиеш мотивација за борба. @veselina
Има една адвокатка за семејно насилство, ги брани жените во ваков случај пиши и, кажи и се таа ќе ти помогни Катерина Котеска се вика одма да и пишиш.
@Veselina23 Зашо не ги слушаш советите? значи отиди следно со адвокат пријави чоек. За да те сфатат сериозно. И ќе им кажеш дека знаеш дека после трета пријава, дека станува кривично дело и дека мора да го гонат. Значи ќе ги наместиш. Или ќе одиш во Внатрешна. Иди со адвокат човече, не ги моли тоа им е работа
@Veselina23 многу непрофесионално однесување на полицајците барем да те упателе да отидеш до болница и таму одговорен или дежурен доктор ќе ти направел преглед и ќе пополнел записник за воочените повреди. Потоа полицијата си пополнува записник што тебе ќе ти е во полза при бракоразводна постапка. Еве погоре те насочија каде да побараш правна помош, мислам имаше и групи за бесплатни правни совети. Сепак паралелно со наоѓање на правен застапник ти треба да си најдеш и психолошка помош и поддршка за сите стравови и непријатни чувства што ги осеќаш и е сосем нормално да се појавуваат при вакви стресни ситуации.
И јас отсекогаш се чудев како може ама ете блиска роднина воспитана да верува во ова уште кога бевме мали кажуваше дека посакува само да роди и мажот да ја издржува, додека јас учев и сонував за добра работа и успешна кариера. Како и да е, на крајот таа недипломирана и невработена се омажи, забремени и роди па сфати дека животот не е бајка и дека не стасуваат финансиите на сопругот за сите нив па кога пркна малото се вработи и сега прилично добро заработува. Токму така и нема ништо жалосно во вистината, за парите и слободата. Едукацијата во сето ова е најнеопходна, знаењето и искуството се предуслов за обезбедување на добра финансиска независност. Ама нели феминизмнот не учи да ги разбираме и прифаќаме и тие кои само сонувале за она како роднинава и останале до крај со тој сопствен избор (без да ги удри реалноста во глава колку е скапа живеачката и дека една просечна плата најчесто е мала за издржување на целата фамилија). Разбирање до бескрај за сите, ама и сите тие треба да се свесни за своите одлуки и избори и што тие повлекуваат кога ги прават. Сепак не е се црно- бело има и нијанси и има и други избори еве како блискава што сфати дека парите навистина даваат слобода и повеќе можности за целата фамилија не само лично за неа, пред се како што сте напишале поголема самодоверба па и се останато.
Да си отидела на итна претепана они по службена должност мора да викнат полиција Полицијата коа има повик од итна мора да направе записник Само оа е патот ова е начинот да се почне нешто и ништо друго Твоите ке си легнат на брашното Прва кавга прво удирање на итна право така како шо си и каќуваш семејно насилство после си почнува процедурата А ние тука ке собериме некој денар за трошкови да имаш а барај ја Катрина Котеска за правна помош ти пишав и предходно
Нека не те лажат и плашат, деца од мајка не се земаат туку така. Е сега, внимателно те прочитав. Немаш ти проблем со еден будала насилник, со повеќе од еден е проблемот. А мене лично, повеќе би ми било повеќе страв од стариот будала, отколку од младиот. Веројатно подалеку му е летната чавката. Претпоставувам од помал град си, не можеш да исчезнеш туку така. Не објаснувај на форумов повеќе, каде, како, за своја лична безбедност. Секогаш, ама секогаш, мора да постои излез. Само во твојов случај може да бара подолго работење на опцијата излез. И првата опција за излез ја гледам во твоето наоѓање работа. Дали баш не те пушта да работиш, можеш ли тоа некако ,,политички,, да го изиграш со ,,сопругот,, да почнеш да одиш на работа? Мислам за наредниот чекор, ова ти е неопходно. За трпење, очигледно трпиш доволно, ама брзи и нагли потези, во оваа ситуација, ги гледам како ризик.
Јас сега од твојов цитат го прочитав тој дел и само ќе напишам не ја заплашувајте дополнително, пиша таа и така се плаши и станува се поанксиозна. Неа и треба покрај правна пред се и психолошка помош и поддршка бидејќи јас како што гледам неа најголем проблем и е со стравот. Кога ќе биде решена што да преземе, правно посоветувана, психолошки подготвена ни помладиот па камо ли постариот нема да ја плашат, независно на кого до каде му е летната чавката. А ако веќе оценуваме по пишаново мене стариот не ми е битен, јер куче што лае не каса, со сопругот таа си има мака и најмногу со стравот, дополнително и со непрофесионалноста на полицајците, барем да ја насочеле дека треба извештај од дежурен лекар или да ја изнеселе од местото каде што била нападната. Ама можеби си во право помало место па некако се поколпува пишаното и да излез од се секогаш постои важно е дали сме решени да го пронајдеме и до каде сме спремни да одиме за тоа да го сториме. Ете убави совети и насоки и се пишаа и конкретно кај кое лице да се обрати за правна помош, а како што знам има и бесплатни правни совети само нека провери по интернетов, на него што се веќе нема.
Ама она не сака тоа да го направи бе човек .Не сака да го остави,сака да ја моли ,да ја сака како она него .По постовите се е јасно ,се работи за лабилна личност ,вака ништо нема да постигне.