Немој така да велиш за жртва. Секакви луѓе биле жртви на семејно насилство, и финансиски независни и самостојни и храбри...
Морам да одговорам на ова дека ниту една буква од пишаното не е точно. Јас на човекот 2 години му повторувам дека не го сакам и дека сакам развод, мислев искреноста ќе се исплати па му кажувам ми сметаш ти ми смета се твоето размислување,ставови, не разбирање ние немаме ништо повеќе заедничко , ние не можеме ниту една минута да ја испланираме заедно,ние сме во токсичен брак од кој двајцата само се гушиме. Ама со нечовек нема разбирачка. Па ни тој не ме сака. Љубов,молење нешто слично дека сакам и очекувам се последно нешто.
Не си ми јасна, ти чекаш он да те пушти за да си одиш?! А во меѓувреме, му готвиш, го переш, пеглаш, му чистиш? Па како чистачка да одиш некаде барем твои пари ќе се.
Епа смени тактика. Не му кажувај ништо и почни процедура за развод. Донеси го пред свршен чин. Вака го доживува само како празна закана, а и изговор да биде насилен со тебе...
@Veselina23 те молам оди во темата семејно насилство . Ќе ставам сега слики од А до Ш каде СЕ можеш да се обратиш и што СЕ може да се превземе.
Феминки знаете што е двојна виктамизација на жртвата?! Епа немојте луѓе.И јас сум се чукала некогаш во гради ,,јас ова-она би му направила,, ама не се случува ова преку ноќ туку полека и дур сфатиш во што си влегла те обзема страв и паника како ќе излезеш од ваква склопка,и сама себе се обвинуваш меѓудругото! Еве за себе ќе кажам , никогаш повеќе не се вратив на таа старата јас,дури и после разводот и кривичната пресуда. Иако сум сега омажена за човек на место(народски кажано)имаме пристоен живот и добар брак, лузните ми останаа.
Никој не ја виктимизира со тоа што и вика дека треба да биде по цврста,да не биде лабилна .Никој нема да ја извади од пеколот ,ако тоа го очекува.Она се врти во круг.
Како не и' викаш, кога баш тоа и го кажуваш? И' велиш дека е нестабилна и не е цврста. Знаеш како е да си жртва на семејно насилство, немој сега да се објаснуваме за вакви работи. Се' можеш да кажеш, без директно да ја обвиниш жртвата. Доволно е што институциите ги обвинуваат, не им треба ваков однос и од остатокот од популацијата.
Единствено добро е тоа што знае дека е жртва,мнолгу не се свесни дека се жртви.Има надеж ако стегне заби да се извлече од пекол.
Како викаат, не прашувај гаталец, прашај паталец, ама сите имаме во животот некои нездрави односи кои кога ке се повлече црта ни носат штета, но не ги прекинуваме долго ради оваа или онаа причина. Со блиски особи, кост бенефит анализа не се прави така лесно. Многу различни околности те правар фрагилен, и да, за мене не е навреда да речеш некому не е цврст, ама не знам туѓите уши и мозок како восприемаат. Само знам дека не можеш да спасиш некого, условно речено, кој не сака/не е спремен да биде спасен. Кога ќе е , битно е да има сојузници, а на крај краева скоро се' може и сам. Ако знае како.
Ова ако немаш пари си никој и ништо не е од сега, туку одамна и не само во брачна заедница ( од странична гледна точка) туку и во општеството. За жал…
Во право си за ова, сосем добра супституција е кога се вели да се обрати на психолог, ама имаш личности кои на диво магаре ќе те качат и ова ако им го спомнеш, така што никако не си на чисто. Ама како и да е вистината е таа, свесна е дека е жртва следно е акција. Убаво и пиша и ти како да изигра со сопругот, а и многу членки убаво ја упатија конкретно каде да се обрати. Е имаше и такви што дополнително заплашуваат или навредуваат поради што таа мораше постојано да се правда и дообјаснува, а тоа воопшто не и треба, залудно да си губи енергија и време. Неа и треба само упатување конкретно кај личности кои можат стурно и точно да ја посоветуваат. Друго да и се даде пари и се тоа е минливо, убаво спомна некоја тука за женава треба трајно решение, а тоа опфаќа што е побрзо да и се најде работа, живеалиште или место за престојување со децата и наоѓање градинка. За помош ја упатија кај отец Оливер, за него сигурна сум и дека помага при вработување. И се дадоа многу корисни совети, има опции, само наведе стравот ја кочи и затоа во право си треба многу внимателно да се избираат соодветни зборови, без дополнителни заплашувања.
Да де... Со причина е креиран терминот 'двојна виктимизација'. Кога ги омаловажуваш, дополнително ги виктимизираш.
Така е. Само да бидеме најреални дали јас, ти или таа погоре како ќе ја нарече дали лабилна/ нестабилна или не, неа не треба, во идеален случај или идеални услови да ја допира, ама ранлива е и јасно е дека ќе ја допре. Кај неа побитно е што блиските така ја третираат и жалосно е што и надлежни служби поточно полицијата постапила тотално непрофесионално. Таа сега е сама и затоа пишав баш не и треба ваков третман и дополнително дозаплашување. Совети и се дадени и во оваа тема, а сега прочитав и во другата тема @tambelina се неопходно и споделила, па нејзино е да преземе акција.
Секако дека ја допира. Во пакет со бидување жртва на насилство, доаѓа и огромно чувство на себеобвинување и ниска самодоверба. И од искуство го знам ова и од стручна литература. Затоа, најпаметно е да внимаваме како им се обраќаме.
Ама не треба да ја допира, сепак пишав ранлива е и се и е собрано, а за себеобвинувањето и се приметува дека имала афера па тој ја тепа, па таа трпи. Не не е виновна буквално за ништо, дури и многу е искрена и тука на темава и со него, само убаво и пиша треба да си ја смени тактиката и да започне да си гледа само за себе и децата. Нема потреба од себеобвинување и ниска самодоверба и на се да реагира, ама тоа соодветно стручни лица ќе и го објаснат, пред се учеле и имаат искуство од таа тема. Ете во другата тема споделено е да бара во полициска станица лице кое работи во област на семејно насилство иако и најобичен полицаец си знае како треба да постапи, а како таа била истретирана од нив е катастрофално.
Таа ? Нели читаш дека две години го молела да се остават наместо во институција да пријави ..и после стабилна била,ахаа сигурно. Пак ќе речам заби додека не стисне сите коментари ќе ја болат,ќе ја боли кога ќе види дека само на себе може да се ослони .Греота ако има дете,тоа ќе страда . (знам по мене )
И за табе и за секоја таа од претходните мислења се однесува, ама не до толку само за тебе па да си земаш при срце да ми се објаснуваш. Не, не сум прочитала се и не ме занима до ситници, а најмалку ме занима да етикетирам без да дадам совет. Ти и даде совет каде да се обрати нешто ете и тоа не прочитав?
Ама за да пријави треба да стисне заби ,да не и е страв да пријави .Ете членките и кажаа каде да пријави ..пријави ли ? И треба самодовербата да ја врати што насилникот и ја намалил .