А што пишав јас што и е најголемата мака и каде да се обрати првично и што да не добива тука на темава во облик на дополнително дозаплашување, тоа небитно напишано а? Ќе си ја врати кога ќе се обрати каде што ја насочивме. Навистина не и требаат погрешни зборови во погрешно време уште повеќе да и ја дотепаат некаквата си самодоверба што ја собрала и се отворила за да пише, не мислиш така?
Леле кои глупости ги читам ,не ми се верува.Не си можел да побараш 500ки за водка,ќе си морала секс да имаш со него вечерта ..смајлито се крсти. Ако не ми даде он кој треба да ми даде ? Ете го вчера ми даде 1000ка за водка во паб па што ? Круната ми падна ? Тоа е исто како јас да не му дадам кога имам пари.Стоиме еден за друг,нема ништо страшно во тоа.
Абе види сега... тебе ако ти изгледа дека е 'роб', него не му се чини така. Ти договори се со твојот како ќе функционирате, не се секирај ич за нас. Ни не знаеш, ни не раниш.
Има пријавено првиот пат полицијата сака да ги смири вториот пат пријавата исчезнува значи силеџијата има врски во полиција. Со лекарско треба пријава сега да не е доцна и тоа ако помини како шо треба. И треба место да се обрати за помош да ја сместат, да најди работа па да земи адвокат па да се избори за децата. Може и кај нејзините упорна да биди да моли да плачи некако да се смилуваат да ја земат ама се гледа дека и ним му е страв од ова ѓубрето. Дали можи да замини пример странство да собери пари да ги остави децата дали после ќе и ги доделат преку суд ако знае некој.
Какви сака врски нека има во локалното мвр, ако пријави во внатрешна контрола да видиш како ќе ги снема врските. Оти никој не е будала да си ризикува работно место за бараба. На секој начин се обидувам да и помогнам на членката чекор по чекор прикачив слики каде се може да се обрати. Нека каже колку време има поминато од последната пријава за насилство ? Или последното вршено насилство ? Дали има пораки со заканувачка содржина по нејзиниот живот и/или нејзини блиски? Дали има пораки со навредливи содржини? Нејзе ја кочи срамот што била со друг.нНверството НЕ е кривично дело ама насилството Е,во овој момент не треба да размислува за тоа туку како да го заврши бракот со насилникот. Ако е вистина дека љубовникот и понудил помош и верува во неговите намери не требала да ја прекине врската. Ако љубовникот е бил само пролазен сам ќе си го свитка опашот и ќе го снема,Ма да и тоа е сега небитно. Најважно е како да се избави женава од насилникот и да ги спаси децата од понатамошни трауми. @Veselina23 дали ја контактираше адвокатката што ти ја посочивме и јас и уште многу членки?Жената е махер на ова поле. Ќе добиеш конкретни совети, ќе ти се поткрене и самодовербата кога ќе добиеш правна подршка! Еве и ние сме тука за морална подршка. Можеби ќе може да се помогне и за вработување. Мораш да почнеш од некаде
Аха сигурно ќе ја прибере ,сам да си направи проблем .Сите бегаат кога сме во проблем ,нормално за они да не настрадаат.Ја сака за во кревет ама тешко дека за неа би си направил проблем ..Пак лошата ќе испаднам што воа го пишувам ама гајле ми е.
Самата она пиша дека он се понудил самиот да помогне, но нејзе и било незгодно и затоа(ваљда) имаат прекинато контакт, прочитај прво пред да пишеш.
Затоа прво контактирај ја адвокатката,ѕирни ги сликите чекор по чекор те означив,Ма да адвокатката ги знае. Верувај дека ќе успееш да се спасиш, јас се спасив од психопат кој има милиони-вагони (народски кажано).Во ЦСР ме рачунаа хистерична тој беше смирениот пред нив глумеше каење… ме миреа 3 месеци!Во полиција на портирница не ме пуштаа да пријавам!Кога им побарав ,,Лице за прихват,, да видиш како одма најдоа инспектор да ми земе изјава,им се заканив ќе ги пријавам уште веднаш во внатрешна контрола! Инспекторот ги собираше доказите разговараше со мене детално и обвинителката еднаш исто обави разговор со мене пред да излеземе на суд,адвокат не ми требаше по службена должност се водеше делото од ЈО! Во судница психопатот ме правеше луда као сама сум си праќала такви пораки ,сум лажела ,сум идела со други ,детето тој го чувал(очи и немаше видено од службени патувања,коцка и швалерај). И знаеш како заврши ?! На крај судијата буквално му се закани,ако не признае вина оди во затвор,тој прво одби-не бил виновен,па адвокатот негов почна да го клоца под маса да признае,ја призна вина за да добие условна од година ипол.Потоа преку детето ме ѓњавеше провоцираше,ама виде дека рецки не му мавам и се намалија тензиите. Му се родија деца од швалерката(која бетер од мене беше третирана,за жал нејзин проблем е тоа сега) и јас се премажив добивме дечиња. Знае и сега да проба да го замара нашето дете ама таа сама го става на игнор и толку. И јас бев спречена да работам иако имавме наша фирма која на крај ми ја остави со сите криминали што ги правел,ќе се шлогирав мислам.Ама се се среди ,лека полека се си дојде на свое место.Само здравјето не можеш да го вратиш.Низ пекол поминав дур траеше тој брак,висок притисок,абортуси,операција , постојано бев на некакви терапии.Се сеќавам кога отидов кај матичната претепана и и кажав од што е и како , таа само ми препиша терапија за болка и маст за модриците,а има законска обврска да пријави ,тогаш не знаев сега знам…Ама заврши СЕ! На почетокот на бракот кога се премажив ,сопругот ме гушкаше за да се успијам,сум рипала од стрв во кревет… Напишав доволно ,дури и премногу е ! Мораш малку и сама да се потапшаш го напишав рефератот(а е мал дел од целото патешествие) со цел да те мотивирам, и да знаеш дека и јас имав и страв и препреки како и ти сега,ама и покрај се успеав,ќе успееш и ти мила! Не си лошата,повеќето мажи да ,би избегале, не бегаат сите.И мојот сопруг помина тортури поради моето минато,а да напоменам дека беше ерген.Не дека јас се фалам со тоа ама кажувам дека сеуште има мажи во права смисла на зборот. Инаку членката напиша дека таа го откачила и било незгодно да го вовлекува во овие проблеми. редакт. Патем и јас се плашев на почетокот дека бившиот може да му се одмаздува некако на сопругот(тогаш само партнер).
Не ја осудувам за швалерот ама сега додека е во пеколот најмалце што и треба е секс со швалер. На сите ќе им направи проблем.
Реално ако сакал ќе останел покрај неа,и покрај тоа што таа го откачила. Но се согласам со тебе дека тоа е сега небитно. Иако си Остра на јазик(во пишувањето.
Алал да ти е на храброста! Лајна да јадам... моето не е ништо, спрема ова Аман те жени... пријавувајте, барајте помош. Не се откажувајте!
На кого да ги остави децата, на насилникот??? Што ако удри по нив, како ќе се грижи за дете таков човек, здраворазумска мајка не би оставила насамо дете со насилник ни на час, а не подолго. Туку, @veselina, не разбрав, одат ли децата во градинка и имаш ли кој (родител, роднина) да ги згрижи додека одиш по интервјуа, тестирања, или откако ќе се вработиш?
Вајлд за нечиј ментален склоп и пола од моето е премногу.Не можеме да измериме на кантар кој колку може да поднесе,А И НЕ ТРЕБА,тоа и е поентата.Ако си ги тестираме границите може да дојдеме до точка од која нема назад. Подобро да се спречи отколку да се лечи!
Абе како да ги остави децата .. .Па за децата војни треба да води,да се бори ако е потребно крвнички.Најлошо е мајка да дозволи детето да живее /да гледа насилство .Никогаш тие деца нема да бидат психички ок.Мало дете само на мајка се ослонува,сигурно сте чуле за реактивна траума.