@tambelina браво. Вака сеа, ќе ја тагнам @RainBow, да се направи една тема само со еден воведен пост каде све систематизирано ќе биде за ваква тема. Значи не вака да се губат овие податоци во страници, туку се да е скоцкано во една тема која ќе биде само со еден пост. Да се стави све, постапка за пријавување, броеви, невладини, броеви на адвокати и све што пиша. Јас појма немав за она дека ако отидеш директно во внатрешна друга е постапката. Направете една убаво скоцкана тема.
Нема друга постапка , внатрешна контрола е повисока инстанца каде може да ја пријавиш некадарната работа на подрачното мвр. Внатрешна ги санкционира и да видиш како одма си ја знаат работата. А си има соодветна тема, семејно насилство. Јас во неколку наврати ја означував членката таму но таа упорно тука го води цел разговор .
Не не, не ме сфати, да се договорите со Реин да отвориш посебна тема кај што се тоа што напиша ќе биде систематизирано во еден пост. Пошо ти све убаво напиша, меѓутоа после тоа се надврзуваат други постови и може да се изгуби низ страниците.
Овие информации се сите веќе лесно достапни на фб. Проблемот е што жртвите се плашат. Тие секако пак ќе дојдат на форумов за ,,ветер у леџа,, а да знаеш само колку малку од нив се решаваат да ја тераат цела процедура и се враќаат пак назад со насилникот. И да им ги дадеш веднаш сите овие информации стравот срамот кој го чувствуваат ги спречува да реагираат,да мрднат од мртва точка. И затоа пишуваат тука,со надеж дека ќе тоа ќе им даде некоја сила , поттик, туѓо искуство да ги охрабри итн. редакт. Како и членката наназад, проблемот го опишува тука бидејќи се срами од неверството кое го извршила, а кривичното дело од страна на сопругот е во сенка.
А што се случува со сигурносните куќи?Колку што знам функционираат и неможеш да имаш увид дека жртвата е згрижена таму,заштитени се.
Е ова е болна точка, нема насекаде сигурносни куќи. Ама затоа постои мерка отстранување на сторителот од домот(најмногу 30дена) без разлика чиј е имотот. Оваа мерка тек до прва ќе се употребува во пракса кај нас, иако во развиените земји постои многу одамна!
Поарно кривична да поднесе и да го пикне во затвор него ли вакви работи.Повеќето насилници тоа ќе ги испровоцира нема да почитуваат мерка (иако знаат дека ќе завршат во затвор) и ќе и направат проблем на жртвата. Да гледа да спречи наместо после да лечи.
Ja poddrzuvam inicijativata. Otvoras prv post i site informacii se tuka. Duri mozi i da bidi zaklucena tema, samo so informaciite od institucii kaj koi moze da se obratat i za kakva pomos. Epten ke im bidi od korist na onie koi baraat konkretni resenija.
Мојот поранешен не доби казна затвор, најчесто е условна казна од времетраење од 1 до 2 години. Повеќето сторители се помируваат, ќе се растеретат од обврските со деца, како преродени ергени се.Некои си наоѓаат нова жртва и така. доколку ја прекрши условната одма затвор се оди,но и тоа не е гаранција ако е некој социопат. Нема смисла вака хипотетички што би било кад би било да расправаме,обесхрабрувачки е за тие што бараат решение.
Не мора да биде само еден пост, може да иде отврена за дискусија, но битно да се отвори и ова да стои во вовед( чекорите убаво објаснети), пошто веќе има една општа за дискусија за семејно насилство, оваа новава да биде стриктно за чекори и справување со исто, каде може да се споделуваат лични искуства и (правни и психолошки)совети помеѓу/ кон жртвите. Можда и нешто смени.
Ви благодарам на сите. Доволно ме информиравте за нешта кои не сум ги знаела, ми помогнавте да соберам храброст, да се изборам за себе,за децата. И онака немам ниту сила ниту доволно нерви за да трпам повеќе. Не можам да очекувам помош од било кој друг ако сама не си помогнам и излезам од се ова. И да не ме навреди ниту еден ваш коментар,секој го искажува мислењето онака како ја сфатил ситуацијата. Знам сега што треба да правам и кого да контактирам. Ви благодарам за поддршката.
Види што ќе направиш ако не се снајдеш пиши ми лп. Јас тука ќе соберам пари, доволно да поминеш барем месец два. Имаш некој начин да поднесеш за бугарски пасош? По разводот можам да ти помогнам да дојдеш тука… Те молам пиши ми лп ако имаш потреба од финансиска помош
Сум размислувал за жените што седат и трпат насилство, неверство, малтретирање... Зошто ли трпат си велам.... И после доаѓам до еден детал што можеби е најважен од многуте. Скоро сѐ потекнува од родителите на девојката/жената, од тоа како се однесувале со неа како дете па сѐ до моментот кога доаѓа и се жали дека мажот ја тепа или изневерува. Има девојки што се "непосакувани" (можеби брутално се изразив) од родителите само затоа што тие сакале машко дете но се родило женско... Е сега тоа е една важна работа, и родителите цело време ја чувствуваат како нус производ(очекувајќи машко дете) и кога ќе се омажи за нив тој" проблем" е решен и сѐ ќе направат само жената да си остане кај мажот и да не се меша во имотот кој треба да го наследи братот. Е токму имотот е клучниот момент зошто жените трпат насилство и што не. Родителите треба да сфатат дека женските и машките деца се исти, јас би рекол дека повеќе треба да се гледа, чува и штити женското дете него машкото. Имотот да се дели подеднакво или 60%на тој што би ги догледал родителите а 40%на другиот. Кога женското дете би имало свој дом, секогаш ќе има каде да се врати и нема да мора да трпи ова што читаме погоре во темава. Жените трпат затоа што немаат каде, ќе завршат на улица и ќе останат без децата... За жал државата ни е мизерна и нема помош за вакви случаеви.... Отфрлена е од родителите и едноставно и е подобра опција да трпи насилство него да стане бездомник.... Жалосно но вистинито.
Не нужно... Многу работи имаат влијание на тоа каков родител си... Посебно, како си бил ти одгледан...
Карактерот на детето и тоа какво ќе биде цел живот своето јас го гради до 6тата година, ти до 6тата година ако ти викат кога ке пораснеш ке одеш во туѓа куќа, ако дома ја малтретираат мајкати пример. Тоа останува за цел живот и никогаш не ти се брише од свеста и ти создава некаков бес и немаш самодоверба, треба многу време за да работиш на себе.