Не, зошто на женските деца и се дава бебиња, кујнички и принцови да си играат? А зошто на машките коли, автомобили, куќи? Од тоа почнува се и градењето на личноста. Колку жени не се сигурни зад воланот оти биле воспитани дека тоа е машка работа?
Знаеш колку жени што ги познавам имаат свои куќи а трпат насилник и тешко насилство? Не држи вода муабетот дека сите жени трпаат поради тоа што немаат свој дом.
Здраво нова сум овде и направив профил за да се посоветувам.. Вака со сопругот сме 2 години во брак, во последно време почнам да чуствувам дека или ме изневерува или има симпатии спрема некоја друга, ама најлошо е што мислам дека таа некоја друга е мојата помала сестра. Живееме во ист град и релативно блиску сме, почнав да приметувам дека си се допишуваат на фб не е нешто сериозен разговор, дојди на кафе не ајде ти дојди, си имат звонено неколку пати и имат праќано срциња емотикони. Неколку пати имат излезено заедно во ист бар додека јас сум на работа. Сомнежот ме изеде одвнатре скроз, плус во последно време секој ден се караме. Се чувствувам виновно за тоа што го мислам ама неможам да си помогнам. Ве молам за совет.
Не треба да се чувствуваш виновно во право си да се сомневаш зошто ова шо го кажуваш е чудно. Како смеат срциња да си пуштаат по мсн па и да одат сами во бар без некоја причина. Чудно изгледа, јас би разговарала со сопругот за ова и не би сакала да се повторува во иднина, па ќе видам како ќе изреагира.
Мој совет е да не разговараш. Секако и да има нешто нема да признае. Би внимавала на секое негово однесување, би проверувала социјални мрежи, би барала некаков доказ.
Пример добро шо е ова срциња да пушташ на сестрами срамота, зошто да излегуваш со неа имаш другари и така. Не сакам повеќе ова да го правиш. И види и на други да не му срцнува многу несериозно. Ако ти смета нешто реагирај ако те поштова ќе го смени однесувањето.
Од искуство... ако имам сомнеж -т очен е. Седни ги двата заедно и конфронтирај ги директно и смирено. ... и следи како ќе реагираат... То ти е 'посиромашна' опција... 'Побогата' плати детектив.
Совет ќути си за ова и не му кажувај дека се сомневаш. Во меѓувреме биди малце детектив и земи истражувај, ако треба земи следи го некогаш ако си во можност ако има нешто кога тогаш ќе се открие. Ако му кажеш дека се сомневаш само ќе го предупредиш и може да почне повеќе да внимава или да ја прекине авантурата и никогаш да не ја дознаеш вистината.
Јас би обрнала внимание на сестра ми,на нејзиниот љубовен живот.Седни ја со мајка ти на пример на муабет и пробај да се зближиш ,ако крие нешто таа ќе реагира сигурно на тоа.И како што кажаа погоре,истражувај и следи го мажот и не го пуштај со неа насамо никаде.Поготово често ако сакаат да се заедно, тука мириса на неверство.Он е маж но таа ти е сестра родена ,како ли може тоа да ти го прави ако е вистина . Отсекогаш викав многу сум среќна што имам брат место сестра ,баш заради вакви работи.
1. Разговарај одделно и види како ќе реагираат, ако кажат исти работи значи договорени се што би кажале 2. Прати ги кога излегуваат заедно со кого се во кафичот па да ти пренесат што како се случува 3. Прашај ги одделно "како си поминавте каде бевте што правевте" и види дали ќе ка кажат истата работа или ќе лажат * Би рекла дека маж ти е само крив, ама во овој случај и сестра ти. Што се замислива? Сестра - твоја крв, најде со маж ти да иде по кафичи, барови и дискотеки? Што не си најде дечко?
Јас не би носела ни пребрзо таков заклучок. Премногу е чувствителна темата за да се нападне веднаш. Колку сте блиски ти и сестра ти? Колку време се знаат маж ти и сестра ти и дали отсекогаш имале таков однос или од кога почна тоа?
Потполно се согласувам со членката погоре. Преосетлива е темата, не можеш така веднаш да нападнеш. Сметај на тоа доколку не си во право и сѐ си умислила засекогаш ќе остане нарушен односот со сестра ти прво, па со сите останати. Не знам колку сте блиски, ако не сте зближи се, пробај поминувај повеќе време заедно. Потпрашај го сопругот од каде тоа заедничко излегување со сестра ти, како дошло до тоа, но немој агресивно или нападно. Тоа се луѓе кои ти се најблиски јас не верувам дека има нешто освен опуштен однос кој никако не е во ред, бидејќи од страна многу чудно делува. Почекај, не брзај прати ја ситуацијата некое време, ќе забележиш доколку има нешто.
Да не се лажеме ако сестра ми има некоја мака прво на мене би ми кажала сигурно нема на мажот ми. Особено не они сами да излегуваат, ај во ред еднаш ама ова не било само еднаш. Некогаш најблиските луѓе можат да ти работат позади грб затоа што тоа им е сигурна варијанта дека еден од двајцата нема да каже, тој не сака жена му да ја изгуби, а таа не сака сестра си ама сепак да прават они нешто. Од иста причина и луѓето кои вараат претежно се венчани луѓе за да не си растураат фамилии ако едниот од нив е слободен може даму ја растури фамилијата.
Se soglasuvam ,ako mojot soprug ne sakase da me izneveri nemase da dozvoli treta licnost da vleze vo nasiot brak kolku taa da go zaveduvala ako bil svesen i ako me postoval nemalo toa da se sluci.