Не се согласувам, не е таа -таа која треба да и каже..доволно било што ненамерно се нашла во таква ситуација, доволно е што и дечкото(сега сопругот)дознал, доста ти се непријатности, ако нив не им гајле со оглед на тоа дека колегата е рамнодушен и како да му е сеедно дали ќе го откријат или не, нема потреба и понатаму да си создаваш непријатности. И што ако сега те гледа на косо и не ти зборува, баш ти е гајле, ти си со чиста совест...јас би стоела понастрана и на дистанца и од колегата и од колешката.
Како тоа, морала да и каже? Во право си Лоли. Не е работа од феминкава што бракот на луѓето не им цвета. А и не е толку блиска очигледно ни со едниот за да го штити, ни со другиот за да му ги отвара очите. Само се нашла во небрано. А ако феминката каже било што, пак крива ке биде, прво зашто се меша кај што не и е место, второ зашто ке си има непријатности на работа, трето, кој знае дали ке и биде поверувано, па да и вреди маката. Јасно ми е дека кажувањето е само опција за да си го задржиш чист образот, ама ке ти тежи на душата тебе, ке се обвинуваш дека “можеби“ тоа значело растур на бракот. А дека ке мисли некој нешто за тебе, секако ке мисли, и ништо да не правиш. Таква ни е малограѓанштинава. И сопругата, ако е таква по дух, ако и се всади во главата дека вие двајца сте правеле нешто, ке мисли дека можеби сте правеле порано, ама веќе не, ама дека не сте правеле - не. Е така. Да видиш колку е лесно еден муабет изваден од некоја смрдена дупка, да ти го смени текот на животот.
„Не се согласувам, не е таа -таа која треба да и каже..доволно било што ненамерно се нашла во таква ситуација, доволно е што и дечкото(сега сопругот)дознал, доста ти се непријатности, ако нив не им гајле со оглед на тоа дека колегата е рамнодушен и како да му е сеедно дали ќе го откријат или не, нема потреба и понатаму да си создаваш непријатности. И што ако сега те гледа на косо и не ти зборува, баш ти е гајле, ти си со чиста совест...јас би стоела понастрана и на дистанца и од колегата и од колешката.[/quote]“ Се согласувам со ова мислење,секакво мешање испаѓа дека ти си крива па после следи зошто не ми кажа итн...А таа ништо не насетила за овие шест години?Па можеби и бракот подобро му функционира ако во неговиот живот има друга а сепак држи рамнотежа.Негативната енергија ја нема и испаѓа сите среќни.Моја препорака е многу да не се разјаснува а и сопругата да не чепка многу да не испадни она народното-Барајќи ја трагата ја скорна мечката.Многу работи во животот ги гледаме какви се ама се правиме и дека не ги гледаме.Голем поздрав до сите вас.
На дистанца сум од сите актери веќе година дена. Не дека ми е е сеедно што ги гледам овие на работа како се лигават, а жената сигурно се нервира. Ама никако не сакам да бидам дел од целава парада. Нека си продолжат кој како знае. И понатаму сум сигурна дека ќе се правам „ништо не гледам, ништо не слушам“, само службено комуницирам. Жално е што ако се толку рамнодушни кон целата ситуација а утре децата можеби нешто ќе дознаат и две семејства ќе страдаат. И уште не ми е јасно, нели 6 години се заедно, ако толку многу се сакаат зошто бе не разведат од брачните другари и не останат заедно? Зарем би можеле некој од вас 6 години во „тајна“ врска да биде. Сигурна сум дека и другите колеги, како и јас нешто знаат или се сомневаат, па те ако се најде некој изнервиран од нив да пренесе некому нешто? Ама јас не можам да судам за туѓи животи. Всушност ако продолжи некој да ме вклучува во приказната, сигурно нешто ќе преземам, ама дотогаш, ако остане на ова, секој со своето .
ни под разно! ни правам, ни сакам да ми прават позади грб нешто! ако нешто и имало веќе, сакам јасно да ми се каже и да се прекине таа играрија! не е убаво да се живее без доверба!
многу деликатни ситуации, и на крајот таа што е втора таа е вишок,се ради децата и приврзаност ќе си го направи ќевот и толку
Омажена сум и во брак сум 10 години. Пред 3 години се заљубив во друг човек тој е неколку години помлад од мене и е слободен ( неженет) ,се гледаме само оддалеку ,се слушаме па дури и за секс зборуваме (на нет) , мислам дека и тој е заљубен во мене но досега не сме биле блиски се немаме ни допрено , а толку многу го посакувам а и тој мене. Се плашам да го изневерам мажот ми
Зошто си ја бараш неволјата? Па не си го ни видела човекот асално, а си се заљубила, а ваму имаш десет години маж. Што е причината, не те сака, не го сакаш, те малтретира, не ти обраќа внимание?
Да имам едно дете и само заради него се плашам да им подлегнам на чувствата и сигурно заради монотонијата во бракот ми се појавиле такви чувства кон друг човек .
пред да направиш нешто за што сигурно ќе се каеш, размисли убаво. Разнрдај го бракот малку, место веднаш да се фрлиш на друг маж. Така не се решаваат работите, кукавички е. Прекини ги контактите со човекот, нема да ти биде толку тешко...
Се трудам да прекинам уште од кога почнав со тоа, но тој постојано ме бара , а јас изгледа немам цврст карактер да прекинам . Се чувствувам повторно посакувана и незнам како да објаснам ... Имаме некоја посебна врска ...(без допир) можеби е смешно , но така е . двајцата копнееме еден по друг и само тоа
A наместо да дремеш на нет и да зборуваш за секс со некој друг, и да се палиш на виртуелна работа, да му обрнеш внимание на мажот твој а? Ко прво имаш дете , и да отидеш со овој другиов од кај знаеш дека не е само за секс? И знаеш кој највеќе ќе пати од сето тоа после? Малечкото твое дома што го имаш. Маж ти е возрасен и ќе си се исправи на нозе пак, ама не ли си се запрашала како ке му е на детето твое? Немој да мислиш дека тие работи не се дознаваат! Кад тад ќе се дознае! Памет во глава, помала сум за да те советувам! А ако се работи за малтретирање од страна на твојот сопруг, тогаш детето под рака и бришка од таа куќа!
Мислам дека неговото ласкање доволно ти ја размрдало монотонијата во бракот и ти ја нарушило хармонијата ...немој ништо да правиш, сега си емотивна и си мислиш дека е заљубен во тебе, колку го познаваш всушност? Можеш ли да знаеш со сигурност дека не е некој си мачо тип кој сака само да легне мажена жена.... Убаво си викаш -се плашиш да го изневериш сопругот...и треба да се плашиш, брак не се растура само поради моментална занесеност. Всушност и не знам колку е моментална, велиш дека 3 год. комуницирате, во моментот кога си почувствувала некоја искричка меѓу вас си требала одма да ја прекинеш комуникацијата. Совет од мене- мисли на убавите нешта во бракот, мисли на детето, обиди се да ја вратиш магијата во бракот, и под хитно бегај од тој дечко. Со среќа и се надевам ќе донесеш мудра одлука.
па ајде направи нешто. можеш да го оставиш детето кај мајка , свекрва и направи му некои изненадување на мажот и потоа ќе си останите сами и т.н. или ако можите да си дозволите одете на викенд . можеби ова е само криза. претпоставувам дека не е како кога се зедовте или додека бевте во врска но мислам дека треба да си дадеш шанса и да ја поправиш монотонијата во твојот брак. знам дека не ти е лесно. и мислам дека не треба да контактираш со други
Треба да си ги премериш работите многу внимателно. Брак граден десет години и дете на едната, а на другата безначаен секс за да се осетиш повторно посакувана. Кое ќе биде? Не се играчки ова, одлука која може да ти го смени животот засекогаш. Think twice, или ако сакаш два пати мери, еднаш сечи, по нашки
Искрено јас прва започнав онака само како игра со телефоните , но не постоеше искра меѓу нас се додека тој не почна постојано да ме бара на тел. и да ми изјавува љубов да ми кажува колку ме сака и дека сака да биде со мене . Забранетите нешта се послатки и попосакувани.
Е па сама си ја барала бељата... Извини ама кај ти беше паметот Доста за него, кажи нешто за маж ти...веќе не те привлекува, не го сакаш, немаш никакви чувства за него, не те приметува, те запоставува, што е проблемот што мислиш постојано на другиот?
Јас мислам дека и е малку досадно па си бара забава. Оќигледно има време отповеќе, штом си пишува со него, па сексови ова-она. Земи работи нешто, биди од корист, поминувај повеќе време со детето, место да си го трошиш времето на вакви глупости.