Да е нормализирано многу повеќе ќе изневеруваа. И воопшто не е соодветен пример за охрабрување. Да ги охрабриме жртвите на насилство да проговорат да има логика али пази да сме ги охрабриле жениве/маживе што изневеруваат да се пофалат дека изневериле.
Проблемов е што пази треба да ги охрабриме јавно да кажат да не се срамат. Ко божем кутри жртви се. Језда има неверства ама не е нешто што треба "да се охрабриш да зборуваш". Ај ја викам да ги охрабриме и маживе што вознемирувале жени да се охрабрат да кажат, да не ги осудуваме.
Во какво општество живеете што гледате само врски и бракови каде партнерите се изневеруваат? Зарем никогаш немате видено среќни и заљубени на кои не им треба трета личност? *Патем, никогаш не би изневерила, ниту пак би простила. Најпрво би се разделила, а потоа нека прави кој што сака. Штом партнерот развил чувства за друга и привлечност, тогаш тука прекинала емоционалната поврзаност помеѓу вас. Колку и да се прости, ако останете заедно тоа е вештачко и механички. Не може ниту еден жив човек да ми каже дека се функционира супер после простување. Дури и во отворен брак. Едниот партнер секако ќе развие анксиозност, стрес, паника или депресија, сомневање на секое наредно излегување од дома. Страв од осаменост? Што е тоа што ве кочи да заминете? Финансии? Љубов не е сигурно.
Појавава е секојдневие. Би сакала да ги знам причините и внатрешните борби кои се одвиваат кај оние кои изневеруваат. Прв чекор кон решавање проблем, е да го прифатиш и признаеш дека постои. Ако го игнорираме, нема да исчезни. ... а за да се разговара искрено, треба да нема навреди и осуди, туку да се пристапи со разбирање кон ситуациите. И не, да разбереш, не значи да одобриш.
Ау брату ме реши сега Мислам, ако ви е полесно да се лажете дека неверствата не се пречести ок, ваша работа. Не гледам ништо спорно во прашањето што го постави вајлд, валидно е.
ВишОк или мањак се мотивите. Вишок слободно време, вишок его трип, мањак ...незнамшо...ама сигурно и некој мањак има. Трофеј швалерка е фолклор кај мажите, кај жените појма немам.
А ти за манијаци имаш разбирање ако признаат? Исто секојдневна појава се. Исто имаат некоја психолошка причина што се манијаци. Не е ова нарушување во исхраната или депресија или анксиозност па да признаеме дека постои за да го решиме.
Ау најпаметната на форумов ли ја решив, ако не се лажам таква титула ти имаа доделно пред некој ден Изгледа во лоша околина сте израстиле кога не сте виделе среќни врски и бракови, штом вака мислите дека ги нема
And there we are...400 страни и 15 години откако е отворена темава, и не смее да се збори на истата. Што ви е уствари проблемот? Ако се депресивни, може швалер/ка да имаат, мислам валидно оправдување е? Или ако имаат нарушување во исхраната? Не ја тупете ако немате што да кажете. И исто така, не е лошо да ја зачитате темата од почеток, да видите како се дебатира на форум, пред да се измислат пресветите концепти на социјални мрежи. Убивање на дискусијата не е дискусија.
Во крајности одиш Брат. Не дека нема, само неверствата се почести од то шо го знајме и гледаме. На темата ми важи правилото никогаш не вели никогаш, и лево на десно око да не верва. Имам простено (во врска), те тера и на јогурт да дуваш да не се изгориш, другото е историја.
Знаеш како, ако не збориш за нештата тие магично ќе исчезнат Ќе живееме во розов свет и се ќе биде убаво и прекрасно Утопија
Работава е што не треба да имаме разбирање за неверство. Слободно збори како си изневерил ама дека разбирање ќе добиеш и нема да добиеш осуда е мало морген. Затоа ја прашав госпоџа дали има разбирање за манијаци. Оти и нив ги имаме околу нас секојдневно.
Добро, прочитај ја темава од почеток, може ќе најдеш пример за кој ќе имаш разбирање оти немам време сега да објаснувам. Може ќе имам време после. Муабетите за манијаци ќе ги прескокнам оти се исто релевантни колку муабет за пајаци на пример. Постојат, ама не се за тука.