Не заборавам јас ништо. Напротив посочив дека сите сме различни. Ти си таа која не верува дека има такви кои одлучиле да простат и да продолжат понатаму.
Има не велам не, ама јас се фокусирав на делот дека сигурно не продолжиле исто како ништо да не било. Тој дел си заборавила да го приметиш и соџвакаш
Не прашувај подобро Ама со тој наратив ако тераме, а како ти знаеш дека си продолжиле како се да си било совршено?
Јасно си напишал човекот дека после неверството љубовта меѓу нив никогаш не била поприсутна и поголема нз дали го читаше до крај
Муабетот продолжи повеќе општо, не конкретно за членот. Ама ете, доказ дека и после неверство може да биде прекрасно.
Затоа и пишав секоја чест, само што ја не верувам у љубов после неверство и нз како може да биде прекрасно
Ако апла се кае и е целосно искрен, ако одлучи да и даде шанса, сметам дека секој заслужува втора шанса.
Ама како и за се во животот, секој си одговара од свој агол поточно од своја перспектива. Сепак некој да се избаци и да рече опростил, а при тоа да не разбира дека со тоа автоматски мора и да оправдаш преку рационализација и др. механизми и да ме убедува по два месеци им е топ, се потаман, па не ќе да ми стои дека е токму така Ја читаше оваа членкава што станува од кревет типот демонстративно инт. е тоа ќе да е поверојатно да е така и дека работат да надминат, ама ај да не ја тегнеме до бескрај. На сите со среќа во брачните (неверни) постели
Се согласувам исто, ама имам секакви луѓе. Јас дадов шанса на почетоков оти мислев дека солзите се вистински и ако ништо друго можи да останиме пријатели. Ни тоа не можеше и дознав уште поболни работи што ми правела зад грб. Претешко ми беше. Така да и јас сум паталец, не гаталец.
Секако дека враќање во нормална после неверство е процес. Ама и тој процес има различна должина кај различни личности. Можеби кај некој е 2 месеци, за некој ќе биде 12. Како и да не, да не се објаснуваме. Секој со своето мислење.
Мислиш па не знаат дека се со рогови? Во денешна ера на технологија не ми се верува Ама ај после неверство ете за од 2 до 12 месеци се си било исто како порано, да видам да не верувам
Возможно е, но зависи од многу фактори, а најмногу од менталниот склоп на двајцата, самиот акт, како и каква е реалната волја на двајцата да продолжат заедно.