а ти си као нешто фам фатал па на секое машко да му се дигне кога ќе те види? Може не си негов тип па не ти потегнал муабет.
Убав ден на сите. Ми треба помош,мислење, совет,затоа и пишав тука. Од почетокот на бракот сопругот ме изневерува, кога почнав да барам развод почна и со насилство,и психички и физички( значи од време на време избувнува да ме нападни,тоа на неколку месеци) ,децата сето тоа го гледаат. Јас се гушам веќе не можам ниту минута да издржам да го дишам истиот воздух со него. Опасен,тешко болен манипулатор е . На луѓето им се прикажува како совршен човек,а од друга страна мене ме малтретира, се тој што прави мене ми префрла како јас да сум крива,глуми дека тој е жртва а јас насилник. Поддршка баш и немам голема од моите родители, се плашат и тие од него некако,дека немало да ми ги даде децата,што и не можам да им докажам дека не може да ми ги земе.Цело време се обидуваат да го спречат разводот и викаат ние ќе разговараме со него,што сака нека прави нека оди со други,нека не те интересира тебе,гледај си ги децата,греота се тие,избегнувај расправии да не те малтретира. Тие си мислат дека тоа е правилно,видов дека не можам да се разберам и да им докажам па одлучив без да ги известувам да почнам постапка за развод. Само не разбирам како од една страна ми викаат ако дојде до развод ние нема да ве оставиме тебе и децата,но не прават ништо за да ми помогнат. Како да чекаат сам тој да ме остави,а тоа нема да се случи.Јас разговарав со адвокат средив со документи,адвокатот ја напиша и тужбата за развод, само чека мое одобрување за да ја пушти. Но проблемот е што не знам што е попаметно да направам дали да најдам стан или да заминам во друг град 10 дена додека добијам од судот забрана за приближување и моите сфатат што се случува и прифатат па ќе можам да се вратам кај нив, и ќе мораат да ме заштитат, но се плашам да одам сама било каде затоа што ако ме најде,не знам што би направил,цела фамилија насилници се. Или помислував на шелтер центар, но не знам се чувствувам засрамувачки да одам таму,иако заштитата е многу поголема,не знам ниту децата како би се адаптирале. Едното оди и во училиште. Повеќе сакам да заминам на кратко во некој стан додека се среди се,но знам дека секоја секунда што ќе ја дишам ќе умирам од страв,анксиозна сум. Навистина не знам што е попаметно да направам. Благодарам .
Земи стан и оди си со децата. Не можат да тии земат зошто децата се со мајката ептен фалинка треба да имаш да не ти ги дадат. Доколку финансиски можеш да издржиш оди, ако случајно дојде до врата агресивен е одма полиција и забрана за доближување. Подобро децата да растат со среќна мајка одколку со малтретирана и несреќна мајка. Штом твоите се со такво размислување старинско не се ни потпирај на нив.
Искрено се плашам да останам сама и незаштитена, не знам ниту колку е нормално да замолам некого да биде со мене ,кога тие што треба да ми помогнат не го прават тоа. Најверојатно никој не би навлегувал во ваков сериозен проблем.
@Marta91 Најпаметно и најсигурно во таков згрижувачки центар. Нема тука срам, не срам. Прашање на живот е. Потоа откако ќе се среди со разводот, најди си стан. А за твоите родители, немам коментар
Леле да им се пое*ам на вакви родители со извинување,.. Земи стан под кирија, пушти ја тужбата.биди истрајна се ке се среди.. И барај забрана за приближување
@Marta91 Ако ти е страв сама види распрашај се дали можеш да најмиш обезбедување и како тоа би функционирало. Мислам, не во стилот двајца батиња покрај тебе да се 24/7, туку во случај да си во опасност да се јавиш и да се нацртаат кај тебе за 5 минути. Сигурно можеш и во полиција де, само не знам колку се брзи, немам искуство, некој ако знае нека каже.
Од една страна мислам таму има барем поголема заштита и психолошка помош, но од друга страна обврзан си 3 месеци посекако да се престојува таму,што некако ми се гледа долг период затворен, изолиран, без да телефон да не можеш да се јавиш никому, не смее да се излегува од објектот. Можеби и тоа е целта за да се остане заштитен. А пак од друга страна кога би заминала под кирија,секако ќе се плашам кој момент ќе ме најде и што ќе направи. Некако како безизлезна ситуација да е.
@Marta91 душо напатена. Жал ми е сето ова што го читам. Знам дека се плашиш, ама искрено поопасно е да останеш со таков. Кај родителите не би ни отишла јас, така ако ми зборат. Може најдобро би било прво во полиција да одиш, да објасниш се таму, па да ти дадат насоки (знам полицијата ни е ужас, ама може ќе начекаш некој поасален). Убаво испланирај го секој чекор пред време, што и да одлучиш, дали прифатилиште, дали стан итн. Ама прво види в полиција пријави, да видиш дали може веднаш некое пусулче да се извади за да не ви се приближува. Па преброј се со финансиите, ако треба прво да потсобереш некој денар, подобро во шелтер да почнеш, не е срамота. Не е срамота ако сакаш да се заштитиш и себе и своите деца, тоа е херојски потег. Па кога ќе се стабилизираш психички, финансиски и правно, да си земеш некое станче под кирија.
Пријавив еднаш ама никаква помош од полицијата, тие треба да се синоним за помош и заштита,ама за жал играа улоги на родители па не помируваа. Затоа и адвокатот ми рече мора да се почне постапка директно на суд,џабе е се додека не се почне,прво тужба за развод потоа пријавува семејно насилство. Јас веќе се ова средив со него тој ја напиша тужбата за развод му дадов полномошно и потребни документи,но денот кога ќе ја пушти тужбата и пријави насилство ќе треба одма да заминам од тука,рече ќе има одма судење за 3-4 дена за да добиеш забрана за приближување од судот. Проблемот е што не знам дали ако заминам некаде во некој стан може да најде па да ме нападне,искрено се плашам, не знам што да направам кога ќе заминам сама а да имам помош. Не знам ниту јас како се организирам.
Ти посакувам само со смирен ум да истраеш во целата работа и да издржиш до крај. Незнам што совет би ти дала ама ако сметаш дека побезбедна би била во центарот ќе летнат тие три месеци посекако агонија е голема додека се реши ситуацијата...
Прво, изнајми стан, ама не се вселувај веднаш денот. Начекај прилика кога нема да е дома тој, и земи ги децата со тебе. Ако можеш почесто да излегуваш земи си повеќе работи во станот дел по дел, ко ќе си готова се преселуваш целосно и тоа е тоа. Не му кажуваш каде си сместена, дури ни на твоите јас не би кажала. Контакт ради децата можеби ќе мора да има, не знам, тоа со адвокатот подобро. Ама ако има и забрана за пристап, тогаш нема за што да се секираш. најлош исход ако најде кај живееш и ти дојде пред врата, вратата стално заклучена да е и да викнеш полиција ако не сака да си оди.
Леле ова со полицијата како ме иритира не сте свесни. Имам полицаец во фамилијата и ми има кажено дека имале повик за семејно насилство каде мажот ја претепал жената и не и давал да излезе од дома , и вие отишле и 2 саата пробувале да ги смират. Многу се измориле тие 2 саата, така ми кажуваше. Додека адвокат не им влезе тамо, не те сфаќаат за сериозно. Значи како што ти кажа членката погоре, прво ќе си најдеш стан и ќе го земеш ама на никој не кажувај , ни на децата. Носи помалку ствари и кога ќе дојде денот земи децата само и бегај таму. Тој ден за развод право пушти го писмото и адвокатот твој нека го пријави за семејно насилство ( најарно и ти да одеш во полицијата заедно со адвокатот) и ќе им кажеш адресата каде живееш и број твој за ако им се јавеш оти тој твојот дошол да реагират одма. И не го жали, земи измислувај се најлошо за него, кажи дека сакал да те убие, се заканувал дека и децата ќе ги убие, абе шо ти дое тоа, оти мажите кога ги фатат така во тесно се понашат како невинашчиња како жртви и ќе почне и он да измислува. Децата ако одат на школо немора да одат неколку денови додека не се смири ситуацијата, јави се во школото и кажи им вака и вака и ќе разберат. И не се секирај ич ако ти се заканува, оти кога ќе виде дека ти си силна дека има кој да те заштити, одма се повлекуваат такви манипулатори. Тие се само насилни кон жени но кога ќе виде декА не си сама, дека судот , полицијата и адвокатот те штитат, ќе се исплаше. Така бев и јас со мојот бивши маж, закани закани и му пуштив два тројца батковци да му кажат два слатки речи и се посра. Почнал да плаче пред нив, ги молел да не го тепат . И од тогаш ни а не сум слушнала. Всрувај, таквите се најголеми пички. Ајде со среќа, и пиши што си направила.
Може и да почекаш додека школската година не заврши бар така нема да може да го вознемирува детето и во училиште. Стан или соба со тоалет што подалеку од населбата што во мометов живеете, на пример во Лисиче живееш ти стан ќе бараш во Ѓорче или Маџари, ќе земеш одмор од работа за да не ти прави проблем и таму. Едноставно целосно прекинуваш со контакт да не може да ве најде, добра идеата е и во друг град бар на еден месец дур се почене постаката со развод и забрана за приближување. Се надевам ќе донесеш правилна одлука за тебе и твоите деца.
Се двоумев и за тоа, можеби е попаметно да почекам додека завршат уште месец ипол. Во спротивно нема да бидам во можност да одам во училиште и да се објаснувам. Не сум ни сама свесна како да постапам.
Мораш да се консултираш со стручно лице за да донесеш правилна одлука. Има термини и преку матичен да не се изложуваш на дополнителни трошоци.
Едноставно тој не остави ниту за една лага да можам да кажам,се направи да е вистина,сите лоши и неубави работи. Рани,лузни,потрес на мозок, скршеници,силувања,абортус,неверство,закани,во пијана состојба кога возел пребрзо со 160 со дечиња во кола, заробеништво... и пак е ти речат ќути греота за децата, ќе прекини ќе се свести,ќе дојдат и твоите пет минути,како да е нешто што можи да се оправда или заборави.